Кајгана психолог

Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
седни и плачи си.

втора опција, еве ти го форумот па исплачиси ја душата тука.

трето, убави си кажа ПОЗНАНИЦИ... не другари, не пријатели, не роднини. барај емпатија на друго место. крај краева ако ти е тешко оди на психолог кажи му што ти тежи ако ништо друго ради времето кое го плаќаш ќе те ислуша и ќе ти даде ваљда релевантен совет.

четврто, иако не знам да ти посочам кој и каде... оди во манастир, најди некој испосник што стварно си ја тера религијата како што треба и таквото лице (монах) ќе те ислуша искрено.

петто, купи си милениче. ем ќе те ислуша ем нема да ти суди потоа ;)
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Абе немам никакви дилеми дека се што имам се познаници. Затоа и не се осудувам да се отворам пред никој од нив. Значи хиени типични, под дрво и камен да сум скриен кога им треба нешто ЌЕ МЕ НАЈДАТ. Нема бегање, хаха.

Реткост се пријателите денес, и јбг, треба и ксмет малку за да имаш еден. Сум го немал тој ксмет ама толку касно сфатив што не ми се верува. Мислев дека не е можно дека толку време сум бил во заблуда, дека на 30 + години сум над тоа...ама не бе бате секогаш може да се излажеш за се во живото и жив доказ сум јас.

Најдобра стратегија...не очекувај многу од никого, барем помалку ќе те боли кога грб ќе ти свртат.

А за отворање, иако не сум религиозен многу би пошол до некој манастир...ми тежи значи на срце сакам да се отворам за една тема и то е.

Инаку за милениче имам...мачка. Ех нема повистинска и почиста приврзаност од тоа...без маски, без лицемерие...иде онака во рандом интервали во скут кај мене чисто да си попреди онака :)
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.732
Поени од реакции
42.320
Абе немам никакви дилеми дека се што имам се познаници. Затоа и не се осудувам да се отворам пред никој од нив. Значи хиени типични, под дрво и камен да сум скриен кога им треба нешто ЌЕ МЕ НАЈДАТ. Нема бегање, хаха.

Ретко се пријателите денес, и јбг, треба и ксмет малку за да имаш еден. Сум го немал тој ксмет ама толку касно сфатив што не ми се верува. Мислев дека не е можно дека толку време сум бил во заблуда, дека на 30 + години сум над тоа...ама не бе бате секогаш може да се излажеш за се во живото и жив доказ сум јас.

Зошто би се отварал кон некого? Да се отвориш према некој што не ти е во најблискиот фамилијарен круг ми нема смисла, што и да кажеш утре сите ќе знаат.
 
не се оптоварувај со тоа какви се луѓето пошто тоа крај нема + НИКОГАШ нема да ги смениш другите и НЕ треба да ги смениш какви се и каков е нивниот однос кон тебе. едноставно гледаj само да ја подобриш можноста сам повеќе и ПОДОБРО да ги проценуваш луѓето и нивните намери.
точно е тоа дека ќе те изневери некој од време на време, но тоа не значи дека треба да си чукаш глава од ѕид, напротив главата горе и гурај напред.

зборни со некого што не го познаваш и не те познава, не мора да е пријател или роднина туку ете монах или било кој и да ти дојди на памет... ако тоа мислиш дека ќе ти помогне во ситуацијата само некој да те сослуша тогаш така олесни си ја душата.
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Зошто би се отварал кон некого? Да се отвориш према некој што не ти е во најблискиот фамилијарен круг ми нема смисла, што и да кажеш утре сите ќе знаат.

Зошто е специфична ситуација. Родителите се луѓе во години и не се баш добри со здравјето. Не сакам да ги оптеретувам.

Во нормална држава за ова веднаш би пошол во полиција и би кажал се што видов ама знаејќи каде живеам со тоа само трн во нога сам ќе си ставам...ми треба некој од страна
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493

Си бил сведок на кривично дело?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Па не баш директен сведок ама доволно видов и сфатив што се случува. :(
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Слободно пријави вполиција. Ако не си ја бркаат работата, имаш внатрешна контрола.
ако наеби или има последици од пријавувањето ти ќе го вадиш?

чисто ова дека живееме во банана држава ;)

тоа „слободно пријави во полиција“ во мкд не ти работи.

Па не баш директен сведок ама доволно видов и сфатив што се случува. :(
ако пријавуваш само по писмен пат и АНОНИМНО. имаш основно јавно обвинителство ако е криминал и имаш мвр исто. али јас 2 пати би размислил, особено ако не сум лично засегнат од настанот.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Што кога немате некој со кој може да си го отворите срцето?

Сите маки да си ги кажете, триста глупости да треснете, и живи да останете...

Ех го имам тој проблем, на 33 години...од огромен број на познаници...ни еден не сака искрено да ме сослуша. :(

Мислам имам татко, мајка...ама работава е да имаш пријател, еден да е, искрен да е. Еден искрен подобар него 1к лажни...
Ne si samo ti so taj problem. Tuku zemi napravi edna rabota, definitivno ke ima efekat. Zemi list hartija i penkalo i zapisi go seto toa so sakas da go iskazes, zamisli si kako da go kazuvas na nekoj sho znae da slusa. Fintata so ispoveduvanjeto e da se otvore srceto. I toa nogu prirodno se desava koga mu se ispovedas na nekoj sho znae da slusa. Znaci zemi si edna tetratka i sekoj den mozes da si zapisuvas toa sho te mace. Taa tehnika e se koriste u cel svet i stvarno e delotvorna.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Па пробувам да ти кажам, сфаќам дека ќе помогне. Пишувам по некогаш онака и чисто како рефлексија на тоа што мислам и тоа што ми се случува.

Проблемот е што надвор од поблиската фамилијата, комуникацијата ми е етпен ај да не речам скоро официјална и имперсонална. Таква и работата ми е и често имам огоромна желба да седнам да покомуницирам онака ама ептен ептен отворено со искрени луѓе, луѓе напатени, неизвештачени, недопрени од болештините на денешницата колку толку...

И го имам правено тоа со многу од бербери и самарџии до овчари во Мариово. Нема бате се губи се полека, помодерни ама подалеку еден од друг, најдалеку досега, то е иднината.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Dali rabota u 3ta smena vlijae na psihata?

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Малку ко да ми падна психата и самодовербата по раскинувањето.
Со денови се чувствувам празно, без желба да правам нешто.
Сакав само да почуствствувам дека некому му е гајле за мене и дека му значам.
Ми треба разговор со некој но го немам соодветното лице до мене за тоа.
Вчера ми беше роденден, не очекував кој знае што, додуша не планирав да го славам бидејќи личностите кои предвреме ги планирав да ми дојдат на торта ми откажаа во 5 до 12 и останав скроз сама со неколку честитки од најблиските а од мене кисела насмевка велејќи си во себе дека нема секогаш да биде така.
Додека ги тешам другите за нивните проблеми не оставив време за себе, доколку оставам добивам погрдни зборови дека сум себична личност која мисли само на нејзе.
Наместо да одам напред, јас сум опкружена со имбецили околу мене кои ја истураат сета нервоза врз мене за да се почуствуваат подобро.
Најдов работа и мислев дека ќе биде поинаку но се влоши состојбата од кога дознав дека човекот што го сакав веќе продолжил со друга а јас се вртам во круг.
Сакав да запознаам нови личности, по некој период да започнам нова врска доколку најдам човек кој го има она што го барам (немам јас големи стандарди) туку некој што ќе ме сака и почитува е доволно, не сум девојка која трча по пари и скапи коли туку скромноста ми е една од најдобрите одлики кои ги имам но секогаш кога зборувам со мајка ми на таа тема - ми вели дека ќе испаднам курва доколку најдам за брз период нов партнер И така почнуваат нашите кавги а јас гледам да одбегнувам бидејќи немам сила да истрпам и се откажувам и уште повеќе ми се намалува самодовербата.
Во глобала сум борец но некогаш е многу мизерно да бидеш сам за некои празници, родендени, прослави или било што, да немаш на кого да раскажеш како ти поминал денот и слични такви ситници кои мене навистина многу ми значат.
Стојам во место или правам чекор напред три назад.
Се изморив од се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom