Хансол бр. 2!
Се думав до последен момент за вториов дел од куќава (20м2, со мало проширување 26 м2). Еден дупли прозор стар 47 години, еден помал ПВЦ со обични термопан стакла стар 10 год. Доле испуна + дрвен под, горе малтер + трска (нема плоча), внатрешна висина 2.7 м. Ѕидовите од полни тули, малтерисани од двете страни, околу 30 цм дебелина. Изолација 0, освен 5 цм стаклена волна на таванот...
Големи топлински загуби како што може да се види од описот. Теоретски можеби ќе поминев и со Ломо ЕКО, евентуално за посигурно со Ломо ЛЦЛХ/Виола/Фери... Сепак Хансол со акциската цена од 37000 денари беше премногу примамлива понуда за да се игнорира.
Особено што веќе имам еден ист таков Хансол и сум презадоволен од него. Си изгура 30 м2 ланското зимо со песна, не покажа никаква слабост и тие неколку дена во фебруар кога температурите паднаа до -12Ц. Тој простор е ист како овој опишан погоре, значи 0 изолација и огромни топлотни загуби...
Монтажата беше вчера, од 14 - 17h, не брзавме многу. Маестро
@kodus и неговиот партнер стандардно за нив со хируршка прецизност си ја завршија работата. Излишно е да ја објаснувам монтажата, имаше вакумирање од 30-тина минути, гумени бафери по ПС на надворешната, нивелирање по пропис, 3.7 метри цевки ... и најважно, почитување на моите желби како клиент. Ништо помалку и не се очекува од најдобриот тим за монтажа во Македонија.
На крајот имавме и малку време за лаф муабет, кафе, мафе и најважното - размена на информации од светот на климатизацијата и тоа од врвни стручњаци кои се барани и пребукирани 365 дена во годината...
За жал вчера не стемни кога завршивме, а денес не ми се погоди времето, така да повеќе фотки ќе пуштам наредниве денови.
За првите 24 часа можам да кажам дека си работи одлично. Внатрешната е ептен тивка, на ауто си преде во прва и втора брзина. Надворешната исто така, нема никакви вибрации или чудни звуци... Ништо ново, се е исто како кај првиот Хансол што го земав лани ова време.
Мерачот не сум го префрлил на новиот (имам само еден мерач), но очекувам да "левитира" на 135 - 195 W, со повремени испади до 350 - 450 W како и стариот. Нормално, со падот на температурите ќе се зголеми и потрошувачката, сепак уште е далеку зимата.
П.С.: Моделот е GWH12TB-S3DNA1D/O + GWH12TB-S3DNA2D/I (LCLH, WiFI), купен директно (како што е редот) од Гримак Аеродром. Идентичен е со "стариот" што го купив минатата година, значи нема никакви измени.