Треба се што може да се бојкотира. Ние ќе имаме техничка влада, кој ќе извршува некакви административни работи. Не ни требаат избори за да раниме, но и ради реда да го поставиме Али Баба со 120-те разбојници (пратеници), кои не ги представуваат интересите на гласачите.
Кога со бојкот, успешно пропадна референдумот. Се проба со една утопија од идеја, преку ред уцени, корупција и политички налози да се наметнуваат решенија на македонскиот народ и на Република Македонија. Логично е како последица на уцени многу пратеници да бараат политички азил. Логично е уцените никогаш да не престанат. Логично е човек кој ќе подлгне на уцена, да го уценува кој и да стигне: индивидуа, група или држава. Исто е и со корумпираните политичари. Штом некој се продава за пари, се гледа дека секоја индивидуа, група или држава која има интерес или економска моќ може да си купи(лобира) пратеник од собранието на РМ. Ако гледаш на цени и не се скапи. Бламот е поголем , кога некои земји го уважуваат политичкото проститурање.
Сето ова беше јавно пренесемо на сите медиуми надвор по светов и во Македонија. Па барањата на азил за кој и да било пратеник од Македонија има основа .
Нема да ги набројувам, величам успесите на криминалните или добрите дела на секој политичар. За ова ќе проценува историјата.
За крај, најубаво е за се да си бојкорате, кога ќе се воспостави државен систем каде ќе се уважуваат интересите на гласачите, искочете и гласајте. Така сите аномалии во државата ќе ги снема. Не гласајте само за да на некого му обезбедите "број за легално" да ви ја бира власта, судството или определува вашата иднина.
Пријатен ден.