Мислам од западот да се очекува нешто како притисок за демократија и владеење на право е во најмала рака смешно. И јас, не викам не, дур лудакот Груки шеташе со Пунтото по Скопје и држеше митизни на гајба си викав барем колку толку овие луѓе што се вртат тука се образувани, претставуваат институции и држави кои се светлосни години пред нас, гледаат дека овој е спремен милион куршлуци да направи па дојдени се колку толку да средат нешто.
Ама тоа беше пред да поминат сите срања, после ова заклучок е дека испаднав ќутук, јер тие не' сметаат за муви. Мислам точно е дека сме стока неспособна, племе кое не заслужува држава и све тоа, ама тие ни за толку не не' ценат.
Сума сумарум го избришаа подот со нас за сите пари, така што ако има бар 0.0000001% останат ентузијазам во вас засукајте ги ракавите и не чекајте од овие ништо, нит демократија ќе видиме, нит економија макар и утре да влеземе во ЕУ.