Искрено само за Крвавата Коледа не сум сретнал по учебнициве за основно/средно, во новите или постарите изданија, барем јас кога учев знам дека останативе ги имаше.
Има многу малку за формирањето на МПЦ. Јас изворно знам од книгите на Бабановски, кој пак не е историчар. Нашиве историчари го прерипнуваат тој момент и ја спојуваат врската меѓу Охридската архиепископија и денешната МПЦ, а притоа се цели црква-народ, а не црква-територија, што е многу погрешно. Збоувам за учебниците, а не за стручната литература. Но имаше и за наводниот прогон на албанското население од Косово и конфискување на нивниот имот и тоа во нашите учебници! Потоа имаше и за наводни геноциди на албанското население во Косово! За авторска критика нема место во учебник. Таму треба огромна материја за ставиш во 1-2 стр. Можеш ти слободно да издадеш книга на таа тема, можеш истата и да ја бараш како задолжителна литература на втор или трет циклус студии. Во наставната програма се знае точно колку страни треба да има учебникот (маргини), пред тоа комисија ја прави наставната програма/дава зелено светло за учебникот и мора да се запази и моментот за тоа колку време му треба на ученикот за учење. И на тоа се посветува внимание. Кај нас рамковно пишуваат глупости т.е. истории кои ние реално не треба да ги учиме/знаеме. Така се прави простор за албанската историја, на сметка на македонската. Барем од она што денес учениците го учат. И тоа учебници и во основно!
Башка тоа што се пишуваат лаги за Самоил, крале Марко, Вукашин (Волкашин!) и Угљеша Мрњавчевиќ, за зборникот на Миладиновци......ќе видиме како ќе се одвиваат комисииве со Бугарија и Грција, можеби ќе има некоја нова историја, можеби ќе има радикални проени во сегашнава, а можеби ќе нема ништо, само колку да се дигне прашина.