Еден човек кој сака да се нарекува новинар (Саше Ивановски), во фалбите кон СДСМ дека се државотворна партија, ги навел следниве работи:
- 1991-1992 - Мирно заминување на ЈНА, Киро Глигоров и СДСМ, ВМРО ДПМНЕ бараше да се отвори јужен фронт за да им се помогне на Хрватите и Босанците
- 08.03.1993 - Влез во ООН под привремена референца, влада на СДСМ
- 15.12.1995 - Партнерство за мир - влада на СДСМ
- 13.08.2001 - Рамковен Договор, прекин на војната, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ беше за поделба на земјата
- 17.12.2005 - Кандидатски статус во ЕУ - влада на СДСМ
- 01.08.2017 - Договор за пријателство со Бугарија, влада на СДСМ
- 17.06.2018 - Преспански договор, влез во НАТО и ЕУ - влада на СДСМ
Колку нема познавања човеков, а скока ли скока.
ВМРО ДПМНЕ нема барано да се отвори јужен фронт, ниту има барано да се подели земјата, информирај се „новинару“. Можам и јас да те подучам што било навистина
Договорот со Бугарија е на наша штета и допрва ќе го трпиме тоа. За договорот со Грција е излишно да се дискутира, а треба да се бара одговорност зошто се крши уставот и не се постапува согласно неуспешниот референдум - да се стопира тој процес.
И „новинаров“ не навел дека СДСМ како државотворна партија, сега создава нова држава, со нови карактеристики.. Северна Македонија.