Благодарам многу , ама верувајте ....проблемот е толку комплексен да ретко кој може правно да го протолкува ?!?!? Замрсено е со толку намерни или ненамерни пропуштени дејствија да сега е многу тешко да се состави тој правен мозаик по овој случај. Не знам дали би можеле да ја скоцкате оваа ујдурма т.н измама ??!?!?
Доверителот преку својот адвокат поднел предлог за извршување за долг од 2003г до судот. Одтогаш наваму до 2015, немам добиено ниту пресуда , извршно решение или било каков документ. Предлогот за извршуваање воопшто не е разгледуван процесиран . Во 2015г поднесен е предлог за Судски платен налог за иста фактура-долг од 2003 г ама по мојот поднесок за ЗАСТАРЕНОСТ , доверителот се повлекува од тужбеното брање во целост. После 2 г - повторно преку нотар се поведува тоа за НПН за истиот долг и иста фактура од 2003г . Постапката оди пред суд /парница и го губам спорот . Како клучен доказ- причина за донесување таква одлука , судот ја темели на ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ОД 2003г и покрај тоа што Доверителот се повлекол од тужбеното барање од 2015 . Колку успеав да разберам од увидот во предметот што го направив, не видов некое полномошно , овластување или било каков документ со кој ДОВЕРИТЕЛОТ ГО ОВЛАСТИЛ тогашниот адвокат за поднесување ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ за кој сега судот го третира како УРЕДНО ПОДНЕСЕНА ТУЖБА??? Замрсено нели ????