Ај тоа што сме понижени како народ и со отварање на уставот ќе се редефинира државата, де факто ќе биде раѓање на нова држава, туку жал ми е за сите жртви кои Македонците низ вековите ги дадоа за да бидат тоа што се - Македонци. Не морам да почнам од антиката таа и онака не ни дава ни придонес ни губиме нешто без неа. Туку:
- 500 години турско ропство
- Разни востанија со Илинденското како корен на Македонската нација, сосе сите жртви што сме ги имале
- Балканските војни каде што Македонци гинеа за туѓи народи како топовско месо
- Српска окупација каде што бевме жртви на српска асимилација
- Втора Светска Војна, окупирани од фашистичка Бугарија и Балистите
- Масакар на Македонските патриоти кои сакаа самостална Македонија а не југословенска Македонија
- Геноцид на Македонците во Егејска Македонија, која до денес трае како културен геноцид
- Расна дискриминација во Пиринска Македонија, до денес
и сепак во Грција и Бугарија има Македонци кои не се плашат јавно да се изјаснат како Македонци
- Независна Македонија, на старт национална држава на Македонците која ги почитуваше сите права на малцинствата (Албанците) со сите проблеми што ги имавме
- Успеавме со привремена референца и промена на знамето некако да го зачуваме името
- 30 години опстанок како држава покрај ембарга, војни, еконосмки и политички притисоци
- 140 држави не признаа како Република Македонија, Косово на поле негде е за споредба.
- Лични жртва на скоро секоја фамилија
- Лобирања, активности во Македонија и дијаспората
- Секаков друг вложен труд против една сила како Грција и пак дојдовме до успеси како меѓународна пресуда во наша полза (тоа што не знаеме да ја искористиме е друг проблем)
ЗА ЏАБЕ!
Еден осдуен и корумпиран копук од Муртињо сосе екипа е решен сите овие жртви од Македонците да ги закопа со тотална капитулација кон сите. Сите наши спорови одлучи да ги реши со капитулирање. Каква иднина ќе има новата држава и самите знаете, не иде одма туку дел по дел, по полека. Ете за тоа треба најмногу да сме гневни дека сето тоа што сме го правеле вчера, пред една година, 30 години, 100 години испаѓа дека не сме биле во право туку дека ние со нашетo постоење како Македонци сме биле грешката и проблемот. Фала Заев.