Ако навистина е со Тwin Rotary компресор ќе имаше и поголем COP од 3.81, во што се сомневам...
Со 0.7 кг R32 фреон, 25.1 кг надворешна единица (еднореден изменувач) и максимален издув од 600 м3/h е просечна клима во својата ценовна класа и ништо повеќе.
Се придружувам на препораката од
@micho73, Hansol е премногу добра понуда во моментов за да се пропушти.
Според описот би требало да имаш мали топлински загуби и со отворање на врати би можел да грееш многу поголем дел од станот, не само дневната од 25 м2. Хансолот има резерви во себе за такво нешто во однос на другите 2 клими што ти се во игра, а за ЛГ-то муабет не праиме.