Шкода Рапид според мене ти е најдобро возило до тие пари.
https://www.skoda.com.mk/rapid/rapid/3965:cena-i-tehnichki-podatoci
Малку помало возило, Шкода Фабиа од 10-12к, потрошувачка како таа на рапидот.
https://www.skoda.com.mk/novata-fabia/fabia/3854:cena-i-tehnichki-podatoci
Следно Hyundai Elantra, повисока потрошувачка има од рапидот и поснажен мотор акциската цена им е 14890 за 1.6mpi.
http://www.hyundai.com.mk/Images/files/ELANTRA_Cenovnik_2018.pdf
Се имам возено и во Рапид и во Елантра купени последниве 2 години и колите се супер, макар што јас сум повеќе за рапидот особено ако се гледа економичноста на моторот и нивото на кое се издигна Шкода последниве години, погледни ја опцијата и да купиш половна старост до 3-4 години или со помалку од 50 000 километри, ќе ќариш сигурно 3000-4000 евра, а ќе го искористиш последниот бесплатен сервис што го даваат до 50к километри или 5 години. Мој роднина купи така возило кое од салон беше купено за 13 000 евра, имаше поминато 38 000 километри во 3 години а го зеде за 8700 евра, му го направија оваа година последниот сервис што следува до 5 години и досега нема никакви трошоци во возилото, од старт ќари над 4к, а реално возилото беше стакло.