Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Заев: Охридскиот рамковен договор влегува во преамбулата, а дел од АСНОМ излегува

Кое ебење у здрав мозок, па па па па... тоа е тој зачуван идентитет и историја, со бришење на делови од АСНОМ.

:popce:
[DOUBLEPOST=1541158944][/DOUBLEPOST]

Дефокусира, наметнува сосема трета дискусија за да одвлече внимание... во овие моменти кога се врши силување на уставот, и се оди против волјата на граѓаните, тука (барем на форумов) мора да постојат членови кои упорно ќе ја пренасочуваат дискусијата и ќе спинуваат други вести за да цел овој процес помине "безболно".

Груевски? Минато свршено време, му се бројат деновите додека да влезе у затвор... али мора некој да спинува и да не потсетува како се живеело во негово време, ко ние да незнаеме, многу одамна беше јебига... :/

Е тоа е Берик деновиве, спинерче... дежурен само на оваа тема и на онаа другата за МК медиумите од кои ни се кења, ма да и таа можеме да ја преименуваме во "Берик и комплексите од Трендо (off.net.mk)"... кога веќе менуваме цел устав и име на држава, зошто не би смениле име и на една тема на форумов.
Да да едно време дијаспората им беше крива за се,со паролата ак не дојдите за 200 еврона да работите да ве видам.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.600
Поени од реакции
48.445
Заврши trial-верзијата за глумење држава со народ. Се враќаме на територија со раја , каде што и најприродно си се осеќаме. Не ни беше пишано
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Од "таксативно наведување на одлуките од АСНОМ" дојдовме до целосно бришење и наведување само на прогласот кој е од свечен карактер и не е конститутивен документ на Македонската држава во заминување.

Ова е и официјално раскинување на новата творевина со таа држава која е конститутирана на Асном.

Порано имаше љутење кога грците и бугарите тврдеа дека сме измислена творевина од 45та наваму, сега и тоа отиде јабана.

Со поништувањето на референдумот од 91ва и надгласување на истиот во Собрание со овие амандмани се губи и поентата на таа Македонија тогаш.

На оваа нова творевина конститутивни акти и се Охридскиот рамковен договор и договорот од Преспа. Држава создадена со ултиматуми и компромиси со други народи и држави.
Уште ве лажа.Се е тоа во главата на паторот!:cautious:[DOUBLEPOST=1541168630][/DOUBLEPOST]
Нели бевме антички, шо сега асном ве заболе ?
А тебе не те боли за АСНОМ?
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Ништо не е криминално. Ако има документи за градба, инвеститорот мора да му се овозможи да гради.
Ова го најдов за Марин во врска тој објект:...
тоа де. Дека инвеститорот ќе гради, не е. Има дуп за градежно земјиште. Таму и цело Скопје што све не се изгради. Криминални се празните ветувања за екологија, дупови, кучиња и мачиња дека нешто ќе спречат. Продолжение на истите манипулации за кои на олкаа устата им беше критики, посебно со градот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Многу е погрешно да се каже дека немаат никаква моќ малите партии, посоодветно е да се каже дека се добро згрижени нивните раководства ;) Еве да се согласам дека ТВ останува главен медиум за постарите генерации, кој ги спречува помалите партии да основаат одреден фронт за промена на изборен модел и сето тоа медиумски да го актуелизираат?
Нема ТВ која нема да овозможи краток прилог за тоа или да пренесе изјава ако се повеќе партии во прашање, шо значи дека нешто сосема друго стои во позадина на оваа „индиферентност“.
Интелектуален, критички став секаде се замолкнува со тек на време да се разбереме, во суштина степенот на демократија е степен на илузија, еве го имаш Хаксли во потписот...има нешта кои можат да се променат и нешта кои не можат, макар да е тоа некоја скандинавска земја во прашање, како репер за високоразвиено демократско опшество.

Околу бојкотот не се согласувам воопшто, значи истата теза се наметнува сега преку дописите на Мијалков и Мицковски, а тоа е дека ако се гласало ПРОТИВ и евентуално со постигнат цензус побројна беше таа опција, некој тоа ќе го земеше во предвид па према ова бојкотирањето била погрешна одлука...ова се касни порасни раскази за перење во јавноста.

Прво, имаш уставен закон кој јасно пропишува шо е успешен а шо неуспешен референдум и според истиот имаш одлука објавена во Службен весник. Сите знаеме дека и официјално референдумот е неуспешен.
Второ, имаш воспоставена пракса со референдумот во 2004 според која немање цензус значи неуспешен референдум и точка, фактички сега треба да се поништи и таа одлука по логиката која се применува сега.
Трето, удбобалистите во старт ја заобиколија вољата на граѓаните со тоа шо референдумот го распишаа како консултативен, настрана шо таков формат не може да се стави во функција за веќе донесена одлука, и јас не го тврдам ова, тоа е дефинирано по закон и елаборирано во медиумите од професори по право меѓу кои и Апасиев.
Четврто, НИКОЈ и НИКОГАШ нема да го смени фактот дека се ова шо прави оваа удбобалистичка квислиншка власт го прави без поддршка од мнозинството на граѓаните на Македонија. Тоа се покажа на изборите декември 2016 и сега на референдумот.
Пак да речам дека жалам за секој еден збор во знак на поддршка што сум го дал за овие удбобалисти...

Околу Левица повторно не се согласувам, според мене ако одеа во коалиција со удбобалистите сигурно немаше да испорачаат толку гласови колку што имаа се на се сами, јас стојам на ставот дека најголем дел од поддржувачите им се оние кои никогаш не би гласале за ДПСМНЕ/СДС (кои не заслужуваат од овој момент понатаму ни Северна Македонија да им стои во називот) а имаат наклонетост кон левицата. Не знам како го подразбираш коалицирањето, СДС сакаше само да се слика со некои поистакнати членови од Левица во јавност, да ги „згрижи“ оние кои се претприемчиви на некој начин, и потоа да се впуштат во целосно разбивање на она шо пркнало во нив како одредена структура. Целосно исправна е одлуката шо не отишле во коалиција со оваа квислиншка власт. Ништо не менува Левица во удбобалистичката агенда, само со тоа шо АКО во одреден момент се спротивставеа (а беа во коалиција) на себе ќе навлечеа уште поголем гнев и репресии. Настрана шо ако стапеа во коалиција лично јас не би ги поддржувал воопшто. Не знам шо потреба има Анѓушев да го спомнеш, типот нема афера во која не е вмешан, од Фени па до фонд за иновации и на крај апла се покажа дека има дил со јунанистанците за продажбата на фирма негова и излезе хохштаплерот во јавност да каже шо било за него прифатливо...:гомце:

Јас лично Левица на краток рок ги гледам само како лост за поместување на одредени состојби, во една ваква политичка констелација онака како шо се тие како структура се веќе компромитирани со одредени кадри по мое мислење (или сознанија), не верувам дека може да прераснат во алтернатива на ДПСМНЕ/СДС или било шо посериозно. Да се надеваме само дека можат да потегнат одредени промени, тоа е се. Само искрено им препорачувам ептен сериозно да измозгаат кого ќе стават на листите пред се носителите на следни избори да не доживеат дебакл во удбашка режија, било тоа да е пред, за или постизборно. Не се свесни шо ги чека, пропорционално со тоа како им расте поддршката им расте и притисокот.

За отворените листи не вреди веќе да се коментира, факт е дека постои консензус меѓу теснопартиските раководства на ДПСМНЕ/СДС/УЧК во спрега со олиграхијата и странското (пријателското, малку парадоксален термин) разузнавање.

Воочи крахот кој го доживува деновиве кадровската политика на ДПСМНЕ, а сето тоа проаѓа во отсуство на барања за отворени листи како демократски начин сево ова да се заобиколи и да се влијае...мислам дека како ден е јасно дека сево ова е сценарио на лик од оние во 2001 и 2004 се со цел да реализира агенда без притоа да дојде до посериозен отпор. Изолираните точки на отпор попатно се неутрализират и одиме во реализација на се она шо беше само и само во главата на Груевски. Токму тоа и се случи, промена на име паралелено со редефинирање на државата.

Немаме ние таква среќа да прочитаме вест дека на седница на Влада на која биле присутни сите министри и остала багра имало експлозија и дека веројатно нема преживеани...да бидеме реални, во оваа ситуација таа вест воопшто нема лошо да звучи за мнозинството граѓани на сега веќе Северна Македонија...така мислам јас.
Спортски поздрав до Министерството за Удбашки Работи на Северна Македонија :icon_lol:
Каков фронт да формираат за отворени листи?
Тоа шо Левица го бара е најбитно - забрането предизборно коалицирање. Ако има 10 мали партии на политичкава сцена од мутљаци од типот на Лиле "екологистот" дрвосеча или Павле со партијана колку нумизматичко друштво и другите од мали етнички групи, срби, турци, курци - шака луѓе - тие на такви избори ќе исчезнат ко прдеж у ветар. И треба. Етнички партии у граѓанска држава - не може. Нека си најдат друг начин да се обединат (лезбејки, хомоси...), по националност не смее, баш заради системот и заради иридентизмот на љочките. SH да се тргне од нивните партии и ВМРО да му се врати на народов и да си остане дпсмне, што реално М не го заслужуе.
Ова шо го зборам е утопија. Не бива. Павле и Лиле....амди, па тие газ љубат кај стигнат за да се евергрин, ти ми збориш да формираат монтипајтоновски фронт со кој ќе се самоукинат, као Judean people's front - suicide squad. Кој луд ќе гласа за нив? Вака имаат бетон-место за еден чоек у парламент, он се пика и им вработуе неспособна багра, која е минорна. У таква партија да си член е најлесно да се пробиеш. Па паторот како им стана главен на вмороните, од егејскиот привезок ДА, им го начука до коска.

А левица може и харакири да напраи на плоштад - не и го прифаќаат тоа со листите. Тие се единствените што отворено збореле за ова и никој друг, со исклучок на луѓе од големиве партии што биле исфрлени од игра (мислам Софија Куновска, која ја пратија во пензија пошо џавкаше многу и денес не се согласува со политикиве шо ги тера сдс). Не знам од која партија ти е тоа шо си го пишал у постот кој ти го цитирав, ама не ми е за верување, затоа што тие пацови од тоа живеат и добро го знаат тоа. Не знам зошто би си работеле против себе.
Следен шок ќе биде пописот у кој ќе се констатира дека сме цирка миљон, а не се тие фамозни 1200000 против или такви кои со бојкот се изразиле на референдумот, па тек тогаш ќе видиме каде понатаму. Овој факт го знаеа во геноцидната дпне и затоа идеа на таа карта со бојкотот. Уште едно утописко, а реторичко прашање - дали ќе дојдевме до овде ако тие не напреа економски масакр и со тоа не поттикнаа масовен егзодус на сопствениот народ? Ниту ќе беше инстутиционална, ниту демографска, ниту економска криза, а најмалку политичка за да не стаат у вакво менгеме. Внатрешните говна во дпне не ми се коментираат. Побарај ја Хана Арендт која ги анализира опортунистичките говна кои не ни сфаќале што значи национал-социјализмот, а биле врвни нацисти - е, тоа е во дпне - хиени шо во ниедни други услови не би имале животна прилика и сега очи си вадат.
За бомбата, поише ми личи дека би му дошла врз цел народ, пошо тие у седница на влада не би ни припариле да има малку мозок народов....многу малку, ама го нема. Да е здрав у мозок народов, за сдс и дпне ни родена фамилија не би ги гласала.

И само да те поправам дека УДБ е кратенка за Управа за државна безбедност, а се работи за мафијашко богатење, така да, од таа УДБ се останати само техниките - другото е за у џеб.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Кај да е ќе не изненадат со нова химна,во име на добрососедството и борбата против страшниот македонски шовинизам!За брзо време ќе не пишат по историските учебници низ светов,со увод Си беше еден народ,ама неговите парламентарци изгласаа негово укинување со двотретинско мнозинство!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.091
Поени од реакции
16.217
?
Грците тврдат дека фиромците, северномакедонците или како сакаш наречи ги тие луѓе кои живеат во Егејска Македонија т.е Северна Грција се словенизирани Хелени.
Еве да ти нацртам како стојат работите и колку си штосен.
охи !! тоа словенизирани Хелени го викаа за македонците од грчка Македонија, мислам автохтоните , што не се доселени по 1912 а мајчин јазик им бил славјански.... овие од Фиром ( по ново Северна Македонија) што зборуваат на измислениот македонски јазик, се јужносрбијанци, блгари, скопјани а може и фиромјани...
имаше понуда и за македонци - славенизирани хелени, ама требаше да се научи грчки, даде таква понуда пред 5-6 години еден грчки министер....

имаше и трета опција, ама никој не се заинтересира да ја разгледа, ни нудеа без учење грчки јазик да бидеме словенизирани Пајони, па ни ја нудеа и пајонската античка историја од кинг Патрас па натака, лесно ќе му се ставеше на Ацика брада, па ќе беше кинг Аристон ( пајонски глауч од гардата на Ацика)

е сега ќе бидеме граѓани, со ноНаме натионалиту и развиено и привилегирано албанско малцинство, а со полош национален статус од македонското малцинство во Албанија :confused:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.286
Поени од реакции
27.080
Кај да е ќе не изненадат со нова химна,во име на добрососедството и борбата против страшниот македонски шовинизам!За брзо време ќе не пишат по историските учебници низ светов,со увод Си беше еден народ,ама неговите парламентарци изгласаа негово укинување со двотретинско мнозинство!
Тек почиња комедијата со 3 рамковни договори, поготово во еден момент кога на пример Грците и Бугарите нема да се сложуваат околу нивната „фактографија“...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Кој срам се случува моментално, не ми се верува дека ова е можно во демократска Европа од XXI век.
Хитлер Израел да го окупираше помалку понижени ќе беа.
Нека не ми спомнува никој нит ЕУ нит НАТО демократија во наредни милион години.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Да да едно време дијаспората им беше крива за се,со паролата ак не дојдите за 200 еврона да работите да ве видам.
Зошто влегуваш во дискусија со луѓе кога избегнуваш да му одговориш на тоа шо те прашуваат? Знаеш колку мизерно делуваш тука на форумов?
- По 3 пат те прашувам, шо е твојот најголем ПАТРИОТСКИ чин тебе шо те квалификува како патриот? Се надевам ке добијам одговор..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.828
Поени од реакции
82.921
Нека не ми спомнува никој нит ЕУ нит НАТО демократија во наредни милион години.
Мислам дека е можно и без да ти ги споменува било кој, да влеземе во вторто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom