Прашањето ми беше за тоа дали смеам да ги возам моменталниве гуми (М+С без снегулка) во зима, а притоа да не ми пишат казна. Таа кола ми е само за низ Скопје, за до работа и сл.
секако дека можеш, за казна не верувам да ти пишат, кој би се замарал во ск низ таа гужва ланци да ти бара + снег во зима и не гледате така многу
НО, ако сакаш да одиш маврово преку зима или каде и да е надвор од град заборави на тоа дека тие гуми би те извадиле од тешка ситуација.
мене никогаш не ми провериле гуми дали се зимски или не, која му е шара и слично, ниту опрема ми бараа, а редовно ме застануваа пред 2 години и тоа бев возач почетник. НО не сум од ск и тоа верувај не гарантира дека тебе не би те застанале.
Ако не си при пари да купиш зимски гуми (за твое арно) тогаш земи си ланци и тоа ти е најбезболна опција и за тебе и за да не те застани полиција, а низ ск сигурен сум дека ке ги најдиш и поевтино од таа цена што ти ја пишав (распрашај се добро).
Само пак ќе ти кажам, еве и Ѓоко ти го потврди тоа во постот претходно разлика од M+S до добра зимска гума ИМА.
Ќе ти пратам утре слики во порака да видиш моите M+S (со добра шара, скоро нови) како изгледаат и како изгледаат тие што се зимски на истото возило.