Опција:Факултет или работа

Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
напредок овде без партиски врски немаш друже,,татко ми е 35 год доктор и 20 год специјалист,единствено нешто што му напредна последниве 10 -12 год е број на дежурства,место 1 сега му се 3-4 неделно. Сестра ми аплицираше за стално вработување пошто сега е на приватна специјализација по гинекологија и сама плаќа, со 9,5 просек и џабе и е се,,и од внатрешни извори и рекоа дека се преку партија ќе оди , од таму пуштаат списоци кој ќе се прима а кој не и тој што е последен може прв да биде примен, према заслуга и и кажаа најдобро би и било да земе членска од СДСМ за да си ги зголеми шансите
 
Последно уредено:
Член од
19 октомври 2015
Мислења
41
Поени од реакции
13
Сакав да се упишам на безбедност,но знам дел и програмирање и такви ствари.Ама знам дека безбедност,и да имам среќа да влезам на државна квота па и да завршам да речиме факс,ќе се вработев ако дедо ми беше владика.Можда некој курс програмирање/дизајнирање би било добро,а воедно и на работа да си почнам.Но се на се како во моментална ситуација мислам дека подобра опција ми е да заминам странство и таму да се борам.Јебига живот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747

Само на Малта
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.019
Курс ко курс, особено оние по месец дена што траат и ти земаат 10 до 12 иљадарки за курац, освен да те воведе и нема многу да ти помогне, особено ако си почетник.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.101
Се мислам дали да одам на факултет или дали да почнам со работа па потоа да мигрирам да работам во странство,фактор дека јазиците ми ода многу добро,англискиот усовршен комплетно,но и друг јазик би научил прилично брзо.Да дипломирам на некој факултет но потоа незнам дали ќе имам загарантирана работа..Ваш совет ако би биле на мое место што би направиле ?
Lad, со самото тоа што у старт немаш некој концепт за усовршување у професија (прочитај го подолниот пост на @jamey jasta apropos материјализација итн, му има поента донекаде), ти у старт си печен за работа. Ако ти е чисто ради пемпеле и бркање имиџ, не си го губи времето. Кошта пари, а сатисфакцијата ти е миновна ко ланскиот снег, посебно откако ќе се судриш со реалноста - колеги надредени кои немаат високо образование, но работат оноа што ти си плукал крв за да го усовршиш. Сево ова зависи само ако нејќеш да вложиш грам љубов.
Рецимо, мојата струка е непрофитабилна тука за жал, но тоа што јас си го имам терано и завршено и иако не го работам во моментот, е моја лична сатисфакција, и не жалам ако сум дал и година дена ради одредени проблематични испити. Ако си спремен да бидеш истраен и да го завршиш оноа што ти се допаѓа и здравје боже после тоа имаш некој концепт за понатака, но истотака си спремен по малку да жртвуваш додека ти се укаже прилика да се вработиш во професијата која ти е омилена, тогаш студирај го тоа што ти е по воља. Во секој друг случај ти е само губење време и живци.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Имам читано дека брзо се вадела лична карта и тие ствари.Треба да се информирам,ако имаш нешто прати линк.
немам превише инфо, али познавам неколкумина што биле таму, платата не е претерано висока ама лесно се наоѓало работа како конобар и слично
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
напредок овде без партиски врски немаш друже,,татко ми е 35 год доктор и 20 год специјалист,единствено нешто што му напредна последниве 10 -12 год е број на дежурства,место 1 сега му се 3-4 неделно. Сестра ми аплицираше за стално вработување пошто сега е на приватна специјализација по гинекологија и сама плаќа, со 9,5 просек и џабе и е се,,и од внатрешни извори и рекоа дека се преку партија ќе оди , од таму пуштаат списоци кој ќе се прима а кој не и тој што е последен може прв да биде примен, према заслуга и и кажаа најдобро би и било да земе членска од СДСМ за да си ги зголеми шансите
Значи татко ти е специјалист, сестра ти ќе биде специјалист, а ти сметаш дека како молер во странство ќе имаше подобар живот.
Се надевам дека тролаш.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Пристапот "што не завршив занает" и да спичам на страна, наместо да се замарам да бидам доктор/правник/економист е есенцијално погрешен и е одраз на материјализмот во вас. Се ви е во пари? Гзето ви има цена?
Вие би дале и диплома и знаење и начин на размислување за пусти пари.

Мислам океј е да кажеш, зашто дадов 2000 евра за магистратура наместо да ги дадам на сивус/семос/брејнстер - работи кои се гледани како високо интелектуални и захтевни и што може да напредувате и кои се високо респектирани и ќе можете да шифтате у која фирма сакате (ако ве бива). Ама занает од типот Молер или тишлер? Свесни сте што зборите? Цел живот истото, физичка работа и рмбање, без големи можности за напредок?

Да кажеш дека би бил молер (или уатевер) у странство наместо овде дипломиран е доказ колку само сте изматеријализирани и колку вам не ви значи она "невидливото" од образованието и професијата.

Убаво ви звучи 2000 евра ко молер наместо 20.000 ко доктор овде. Но како молер вие сте осудени тоа да го работите цел живот, како диплимиран имате милион опции во животот.
Замислете како ќе ви биде 30/40 години да работите како молер, СЕКОЈ ЕБАН ДЕН ИСТОТО. Џабе ви е плататата кога ќе полудеете. Нити пак имате можност да смените професија.

Не е се во парите. А и немојте да бидете толку ЕКСПЛИЦИТНИ материјалисти. Не е убаво.
Шема
1. Стани сабајле и направи утрински рутини
2. Отиди на работа
3. Заврши работни задачи
4. Крај на работно време
5. Вечерни рутини после работа
Кога ќе почнеш да работиш по шемата (а нема професија, што не е може да се вклопи во оваа шема), тогаш ќе видеш дека парите се многу поважни отколку работата т.е трошењето на парите е многу поважно отколку работата.
Затоа кога некој ќе ти продава работа за идеали (бидејќи треба да го смените светот) е во суштина измама да те натера да работиш за помалку пари.
Дали некој работи ТФР или канцелариска работа и не е толку битно, битно е колку ќе биде платен на крајот од денот, бидејќи скоро сите луѓе влегуваат во шемата после Х години работа во професијата.
Никој не гледа фамилија со работа за идеали
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759

Какви идеали бе друже? што збориш?
Не е само кој колку ќе биде платен, туку и самата работа има врска во муабетот. Не е исто да си во канцеларија цел ден и да работиш класичен занает (без никаков дисреспект), барем физички ти зборам.Но сепак работа си е работа, секоја со своја тежина. Ова и не е битно, малце и тешко е да се докаже дека "занаетот е потежок за работење од канцеларијата" пошто има екстреми во двата случаја.

Муабетот е, еве ти работиш во странство како физички работник, работиш, заработуваш убави пари, без факултет си. Еве, што ќе праиш ако снемаш работа(те отпуштат или незнам што)? Колку можеш да најдеш друга работа? Колку потежок е тој процес, си се запрашал? Колку си флексибилен да најдеш нешто друго во таква ситуација?

Со факултет си пофлексибилен и во краен степен - постабилен, бидејќи како што реков има милион професии каде што факултетот ти дава своевидна предност и можност да работиш.
Да си факултетски образован значи 4/5 години да совладуваш нови дисциплини и теми, често пати различни една од друга, и со самото тоа ти полесно учиш нови skill-ови и полесно да се адаптираш кон нови сфери.

Чисто како да се знае, јас зборувам за оној избор "занаетот во туѓина наместо тука факултет".
И да, треба да се земе во предвид дека не секој завршен факултет ти нуди просперитет, не секој факултет е исплатлив (во секој аспект). И тоа треба да се земе во предвид.
И не секоја работа т.е занаетствување на страна е тешка и таква во која што си ептен ограничен.
Релативен е муабетот, и има многу страни во истиот.
Ама според мене посветувањето на факултет и учењето се работи кои се позитивни и исплатливи, на ваков или онаков начин. Со сета "испуштена корист" или трошоци земени во предвид - вреди да се запише факултет.

И не ми држи лекции за "шеми".
 
за рутинава многу си у право, без разлика со какви обврски го исполнуваш денот мора да имаш рутина иначе си скроз без компас у животот и не можеш да напредуваш на ниедно поле
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682

Како може да биде пофлексибилен и со повеќе опции, рударски инженер, геолог, филолог ..... во однос на гипскартонџија, мајке ти?
Па и самата шема со студирање е да те бутнат во трек, да ти ја покачат тесната специјализација, за да немаш поширок опсег на избор за заработување.
Да се разбереме и јас учев што сакав, си ја сакам професијата и работата ама не и ограничувањата кои одат со тоа.
Јас го почитувам твојот однос кон проширување на знаењето, контакти и воопшто на се што оди со факултетското образование, но за флексибилноста не се сложувам. Од искуство ти зборам дека високообразованите, кај нас, се во поголем шкрипец од луѓето со занает.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
Значи татко ти е специјалист, сестра ти ќе биде специјалист, а ти сметаш дека како молер во странство ќе имаше подобар живот.
Се надевам дека тролаш.
јас и сестра ми се заебавме, давам совет да не се заебат со медицина во мкд и другите, освен ако си немате добри врски па да завршите без малтретирање и да влезете државно,,друго ти е се аргатство
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Пошто ти имаш познавања за све што се учи на секој факс и знаеш дека тоа е застарено...
Зарем сметаш дека факултет или професор може секоја година update да прават на едукативни програми итн, како пример ќе го земам IT секторот кој што секогаш брка иновативност, денес интернетот ти дава толку многу можности, има толку многу free онлајн курсеви, контент и можности да стекнеш up to date знаење што се бараат на пазарот на кој што ќе имаш многу поголем поврат на инвестиција за времето и енергијата вложени што е смешно да посетуваш настава каде што сеуште има професори од Комунизам и кој немаат никаква мотивација да те научат нешто плус за твој бенефит.
Ако не се потрудиш сам да го добиеш знаењето дали преку работа, самоедукација или комбинација ќе останеш просечно Македонче.

П.С Јас имам високо образование и вистинско губење време и пари. Сите најважни работи во животот ги научив сам преку работа и самоедукација.
 
Сега ќе излезе девизата на еден мој професор: Јас нема да те направам се да знаеш, ако те научам правилно да ја користиш литературата, сум ја постигнал целта!
Е сега ова беше 1980 год. достапот до информации и можноста за самоедукација беше сосема друго нешто.
Уште долго формалното образование нема да изгуби на тежина, но без самоедукација и постојано надградување, остануваш само потенцијален келнер со високо образование!
Нормално ако немаш вујко владика!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom