Шема
1. Стани сабајле и направи утрински рутини
2. Отиди на работа
3. Заврши работни задачи
4. Крај на работно време
5. Вечерни рутини после работа
Кога ќе почнеш да работиш по шемата (а нема професија, што не е може да се вклопи во оваа шема), тогаш ќе видеш дека парите се многу поважни отколку работата т.е трошењето на парите е многу поважно отколку работата.
Затоа кога некој ќе ти продава работа за идеали (бидејќи треба да го смените светот) е во суштина измама да те натера да работиш за помалку пари.
Дали некој работи ТФР или канцелариска работа и не е толку битно, битно е колку ќе биде платен на крајот од денот, бидејќи скоро сите луѓе влегуваат во шемата после Х години работа во професијата.
Никој не гледа фамилија со работа за идеали
Какви идеали бе друже? што збориш?
Не е само кој колку ќе биде платен, туку и самата работа има врска во муабетот. Не е исто да си во канцеларија цел ден и да работиш класичен занает (без никаков дисреспект), барем физички ти зборам.Но сепак работа си е работа, секоја со своја тежина. Ова и не е битно, малце и тешко е да се докаже дека "занаетот е потежок за работење од канцеларијата" пошто има екстреми во двата случаја.
Муабетот е, еве ти работиш во странство како физички работник, работиш, заработуваш убави пари, без факултет си. Еве, што ќе праиш ако снемаш работа(те отпуштат или незнам што)? Колку можеш да најдеш друга работа? Колку потежок е тој процес, си се запрашал? Колку си флексибилен да најдеш нешто друго во таква ситуација?
Со факултет си пофлексибилен и во краен степен - постабилен, бидејќи како што реков има милион професии каде што факултетот ти дава своевидна предност и можност да работиш.
Да си факултетски образован значи 4/5 години да совладуваш нови дисциплини и теми, често пати различни една од друга, и со самото тоа ти полесно учиш нови skill-ови и полесно да се адаптираш кон нови сфери.
Чисто како да се знае, јас зборувам за оној избор "занаетот во туѓина наместо тука факултет".
И да, треба да се земе во предвид дека не секој завршен факултет ти нуди просперитет, не секој факултет е исплатлив (во секој аспект). И тоа треба да се земе во предвид.
И не секоја работа т.е занаетствување на страна е тешка и таква во која што си ептен ограничен.
Релативен е муабетот, и има многу страни во истиот.
Ама според мене посветувањето на факултет и учењето се работи кои се позитивни и исплатливи, на ваков или онаков начин. Со сета "испуштена корист" или трошоци земени во предвид - вреди да се запише факултет.
И не ми држи лекции за "шеми".