Инаку, според планираниот ребаланс, владата ќе крати пари кои првично биле предвидени за инвестиции во образованието, за изградба на нови и реновирање на постоечки студенски домови, за изградба на училишта и сали. Скратени се и пари од делот за минимална плата. Министерот Тевдовски се правдаше дека влошената состојба на економијата била резултат на лошите проекти од претходната Влада, а демантираше дека е зголемен јавниот долг.
Со планираниот ребаланс, најголемо кратење пари има кај капиталните инвестиции. Повеќе пари ќе добие Фондот за пензиско и здравствено осигурување, како и за раздолжување на општините. За ребалансот се доставени 187 амандмани, најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Комисиската расправа трае десет дена, а се очекува ребалансот да биде усвоен до 15 ноември, за потоа во собраниска процедура да влезе Буџетот за 2019 година.