Greenje na stanovi so greenje kuki se 2 razlicni sveta i po smetki i po optimizacija na klima i se drugo ostanato,taka da nekoj 60 m2 gree za 3000 nekoj za 6000 i pokraj dobra izolacija
Ова е најточно, кај нас 5 члено семејство, куќа на 3 спрата, јас и сестра ми на 3, мајка ми и татко ми на 2, дедо ми на 1.
Сметка за вода ни стасува 2200 денари, да за неверување е, ама тоа е тоа.
Другарите шо живеат во стан 4 члено семејство од 66 квадрати имаат 700 денари сметка за вода.
Затоа можеби во стан шо и да ставиш ќе те стопли, и затоа има разлика од искуство до исуство, затоа Амберот во долен спрат на куќа прави суви дифрости.
Ако вистински сакате да се затоплите во куќа морате да го одврзите ќесето и да одвоите поголема сума на пари за јапонски производител. Во станче и свеќа да ставиш ќе те топли.
Мислам пак ќе потенцирам, не може daiseikai 9 да кошта 3500 еур, а овде да ви продаваат ветер и магла дека амбер и хансол за 600 еур се подобри или се класа на daiseikai.
И да, знам дека некој го вистински верува тоа, и дека јапонските цени се напумпани, што можеби е до некаде во прво, и си мислат ги заебав јас јапонците купив за 500-600 еур клима што е многу помоќна од 3500 еур daiseikai.
Не бре дечки единствено што имате заебано е самите себе.
Јас разбирам да се јапонците прескапи и да се избере алтернатива кинеска, ама да се тврди дека се е исто и дека направил некој подобар избор со кинезите е безмалку лудост.
Да во ред е да купам кинеска алтернатива ама во ниту еден момент нема да кажам или убедувам некој дека е подобар избор.
Проблемот е со нашата бедна мизерна сиромашна држава па мора народот да купува тезгериња, ама проблемот е што веќе предолго време се лажеме дека тезгерињата се најдобриот избор па пополека почнуваме да веруваме во тоа, иако останатиот бел свет кажува обратно.
edit: Ако сака и некој да снимам како преминува амберот од on/off и off/on лелее хаха, ама ај да не ја разгорувам уште толку дискусијата.
Sent from my iPhone using Tapatalk