Како можеш волку самоуверено да пристапуваш? Нема еден мочан момент, кајшто се запрашуеш дали постои можност да не си во право? Да се посомневаш за секунда... Знам дека мислиш оти безрезервна верба е доблест, ама не е. Безрезервна верба во било што, е резултат на игнорантност и горделивост.
Еднаш во животот, седни и човечки направи муабет, сослушај го соговорникот и размисли убаво што сака да ти каже. Не Стефусрефус, он е посебна прича - ти го кажувам ова општо за било кој. Идеш со пристап „ја све знам, да ти објаснам како стојат работите“, а не знаеш ништо. Никој од нас на Земјава, не знае ништо. Лутаме сите и се фаќаме за по некоја информација, пробуваме да ја класифицираме, да направиме смисла од светов у кој живееме. Знам дека има убавина во тоа, да живееш у безбедното балонче и да си убеден дека сево ова има смисла која ја зацртал Богот во кој веруваш, така е најлесно. Ама ескапизмот кој бега од здраворазумноста, лесно преминува во фанатизам - како во твојот случај.