Јас сум од Титов Велес!
Сериозно, цел живот се сомневам дека слабокрвноста се должи на топилницата.
...сакав да спомнам и други причини околу можноста на тровање со олово, ама се задржав само на неколку примери, инаку не само топилница, печатница, туку и сите земјоделски производи кои ги користиме во исхрана, а не го знаеме потеклото, а и во „бои“ кои можеби ги користеме во исхрана, кој ни ганрантира на составот важно тортата, колачот, да биде украсен за гостите...
...замисли селото земјиште покрај фрекфентните патишта во распон до 200 м од двете страни може да биде контаминирано со тешко олово и негови соли, а со тоа све што расте таму и не само тоа, туку оловото во нашиот организам влегува и преку респираторниот систем и еден господ знае колку го има во воздух кај раскрсниците или булеварите покрај кои се лоцирани цели населби, посебно сега кога се возат секакви стари/нови автомобили без филтри...
и да, првите симптоми на тровање со олово е токму во органите одговорни за создавање на крвта, делувајќи на еден ензим кој учествува во синтеза на хемоглобинот во еритроцитите инхибиција на дихидратаза (DALK) со што доаѓа до анемија со засилено лачење на DALK, порфирин и железо преку урина, поради присутноста на анемија во периферната крв има многу „недозреани“ еритроцити т.е. ретикулоцити....итн
... и затоа секогаш кога пазарувам прашувам од каде се производите, штом се пораснати покрај пат или лоцирани покрај некој загадувач и колку да се привлечни, не ги купувам, оти тровањето со олово настанува во подолг период со внес на мали количини кои се акумулираат во организмот, најповеќе во коските каде се задржува цел живот, не може никако да се одстрани, јеби га, и не е само проблем анемијата која е присутна цел живот, туку присуството на олово во телото дава и други здравствени проблеми во смисол на губење апетит, мачнина, проблеми со нервите, како и често пати поради преголема концентрација на оловото често се појавува здравствен проблем како енцефалопатски тип со изразити главоболки, вртоглавици ...итн
... и затоа велам, анемија додека не докажеш дали е симптом, а не некоја друга појава/ болест неможеш да ја третираш како болест со земање само на железни препарати итн, јас не сум слушнала (може грешам) да при лабораториско испитување на крвта при појава на анемија некој даде предлог да дадеш 24 ч урина за испитување за испитување на активноста на dehidrataza delta-aminolevulinsk kiselina...
на koproporfirin, DALK или protoporfirin, ако се сомнева на тровање со олово или пак при добиени анализи за крвна слика и појава на анемија, некој да рече, дај и хормоните на штитна жлезда да ги испитаме како основа болест, а анемијата како симптом на болеста