Мобилара и мобилен

Член од
4 март 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво!!!
Вака, планирам да земам телефон од мобилари но сакам да ми кажете од која највеќе вреди да се земе. Мислам на кои се оргинални во работата. Дали повеќе вреди да се земе од Мобеликс, Ледиком или Мобисмарт. Дали некој земал од овие и како е задоволен?
И ако може да ми кажете што се треба да проверам пред земање на телот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.748
Jas sum zemal od Mobifliks...i sum zadovolen. Telefonot bese poeftin 3600 denari vo odnos na Mobimak( od rangot na telefoni 250 evra)
 
RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
Сите овие што си ги набројал ти се исти со исти цени со мала разлика од 100тина денари. Од кај и да го земеш нема да згрешиш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Од мобилара само ако е значително поефтин во однос на Анхоч/Сет/Амц, иако пак треба да се земе во предвид дека во мобилара најчесто даваат од 6-12 месеци гаранција, а во продавница од 12-24 месеци во зависност од моделот, а ако се работи за половен телефон тогаш најпаметно да си бараш по огласи телефони купени од вип/телеком/продавница кои сеуште имаат гаранција, 2 пати имам земено така половни телефони со останата едниот пат 14 месеци гаранција, а едниот пат 11 месеци и поминав супер, посигурно е дека не е телефон кој бил дефект и е поправан од страна на мобиларата.
 
Член од
25 март 2013
Мислења
235
Поени од реакции
141
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872

Некои од искуство ми имаат кажано дека повеќе не ја признаваат гаранцијата ако не е на твое име и мора телефонот да го носи тој што го има потпишано договорот.
За некои си 50 евра што ќе е со пониска цена не вреди да се замара некој со вакви работи. Може во тие 24 месеци нема да му треба гаранцијата, ама во секој случај друго е кога е на лично име.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Мобил Шоп - Едни од подобрите. Сум земал јас, а и некои мои пријатели од таму. Немало никаков проблем со телефоните и гаранциите. Секогаш биле фер, дури и гратис фолии и футроли ми давале кога ќе купам телефон.
Мобиликс - Од овде немам земено, но еден пријател зема, па до сега не пријавил дека имал некој проблем од таму. Исто така едни од најдобрите во градот.
МобиСмарт - Сум слушнал дека правеле проблем со гаранциите, понекогаш продаваат телефони од пазар за 3-ти свет. Не ми се испробани овие.
иБутик - Исто така многу сумљива мобилара. Кога ќе отидеш таму телефони нема изложено, а имаат огласи дека продаваат. Можно е да се со сомнително потекло телефоните. Недај боже, може утре и полиција да ти дојде на врата. Не би експериментирал со нив. Башка и во сервисот им работат деца од 19 години што штраф не знаат да завртат.
Мобил Фон - Исто така едни од најдобрите според мене во Скопје. Добра услуга, добри телефони, со гаранциите не прават проблем. Даваат и тие гратис футроли и фолии ако купиш телефон.
Ледиком - Едни од најлошите заедно со иБутик. Телефон од 500 евра ти дава во кутија од кондури или со арапски букви позади на кутијата. Најверојатно ги шверцаат преку Косово од кој си знае каде. Со гаранцијата знаат да направат проблем и убаво да си се оградат и кривицата да падне на тебе.
Моби Флеш - Исто така добри, што сум слушнал од пријатели, до сега немало проблем со нив никаков.
Мобил Електроник - Работат само сервис најверојатно. Еднаш влегов таму, а телефони имаше многу малку од постарите модели од времето на Дедо Ное.

Имало и некои мобилари во Охрид и во Велес, као демек добри, ама не знам кои се и немам информации за нив...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Некои од искуство ми имаат кажано дека повеќе не ја признаваат гаранцијата ако не е на твое име и мора телефонот да го носи тој што го има потпишано договорот.
За некои си 50 евра што ќе е со пониска цена не вреди да се замара некој со вакви работи. Може во тие 24 месеци нема да му треба гаранцијата, ама во секој случај друго е кога е на лично име.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Не ми затребало да ја искористам, али на гаранцијата нема никаде име, има ид на уредот и фискална.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не ми затребало да ја искористам, али на гаранцијата нема никаде име, има ид на уредот и фискална.
По IMEI што обично е запишано на гаранцијата наоѓаат на кој корисник е телефонот.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Продаваат refurbished телефони затоа се и поефтини. Обично овие мобилари ги држат шошонци кои имаат амин од дуи или началникот и никој не ги дира у оваа мафијашка држава. Refurbished телефони не значи дека лошо ќе се покажат, ама кога купуваш треба да знаеш што купуваш, али они тераат. S9 на амазон 680$, oни го продаваат 500e. Ма немој да ме...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
По IMEI што обично е запишано на гаранцијата наоѓаат на кој корисник е телефонот.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
Баш ќе се распрашам за ова, мене не ми затреба да ја користам гаранцијата, али би сакал да знам за сигурно дали мора да отиде оригинал потписникот на договорот или може било кој.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Со сите сум имал или мои познаници имале лоши искуства, подалеку од мобилари. Затоа и имаат пониски цени.
 
K

kicodarker

Гостин
Со мобилари најчест проблем е што телефонот го добиваш отворен,често пати служел и како “тест“ онака вклучувам камерата пробувана. Под нов мобилен се подразбира да не биди скинато она заштитното што пишува "do not accept if seal is broken", а секогаш е пресечено. Обично дури и оргиналниот полнач не е за наш пазар па добиваш заменски. Под поимот НОВ телефон се подразбира телефон со сите додатоци, кутија, за европски пазар наменет, со лепенки со тракатанци кутијата неотворена и сефтето ти да го направиш на отворање. Во мобилариве под “нов“ важи и со кутија искината истуткана, отворан, пуштан пробуван без полнач без додатоци.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Јас на пример не би купил телефон од мобилара само за да заштедам некои 10%. Најчесто продаваат шверцувани телефони, без доказ за потекло и нормално издаваат нивна гарација која не вреди ама баш ништо. Никогаш не издаваат фискална, на фактура некогаш не е ни возможно да се купи телефонот, бидејќи немаат влез за истиот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мобил Шоп - Едни од подобрите. Сум земал јас, а и некои мои пријатели од таму. Немало никаков проблем со телефоните и гаранциите. Секогаш биле фер, дури и гратис фолии и футроли ми давале кога ќе купам телефон.
Сам ако не се пофалиш нема кој, затоа што ова мобилара е најпреварантската и позитивни мислења само од тебе на различни форуми. :icon_lol: Живееш одма над Мобилшоп, а? :icon_lol:

Untitled.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom