Нема некоја линија кога почнува пристоен живот, мора да се гледа тоа произволно, но кој и да е тој стандард, јас не ја споредувам живеачката у Македонија со живеачката на подобри места.
Потребите и стандардите за добра живеачка растат со примачката. Прво ти требаат песто за искачање - за кутија цигари, еден шиптaрски фиљан, пиво - две, така барем за 8 искачања месечно + кирија, јадење и нешто ситно, да покриеш све со 20 000 денари. Ако зимаш 2к евра месечно, ќе сакаш и боље озвучување да си земеш, пеце, кола, колекција од стрипови, по некое виски на искачање и одмор до Монако на неколку дена. Па пак нема да ти стигнат.
Ја само кажуем дека кога некој гледа кај ќе се вработи, треба да земе и други работи предвид, не само пари - кога платата е над некоја произволна сума (која и да е таа) со која ќе можеш да си обезбедиш ок живот. И за тоа дури, секој си прави различна математика - според својот крој и табиет.