Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И колку такви има што при недостаток на кадар ќе се продадат за 250 евра?
Мислам дека повеќе им даваат, 300-450 евра затоа што нема кадар и ги бараат и под дрво и под камен.

Почетник е со ниеден ден работно искуство кој вчера излегол од клупата и следниот ден сам се нарекува програмер. Прв пат ќе работи на реални проекти.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
1000 евра се повише од доволно. Само не се исплати таа плата ако треба да трпиш стресови, аргатиш ко стока 12 саата, не го сакаш тоа што го работиш и немаш време за да уживаш у парите.
Ти препоставувам за ова или нешто слично зборуваш:
https://www.cnbc.com/2017/11/20/how-much-money-you-need-to-be-happy-according-to-wealth-experts.html

Aj да напраиме математика колку се блиску тие 1000 еври во мк со 75к годишно на запад. 12к евра годино се $ 13.8к годишно. ППП односот на Северна република / Германија е 15/50, оттука тие $ 13.8 се еквивалентни на некои $40к. Ова е живеење благо над прагот на сиромаштија на запад, камо ли комотно живеење. Мене ми се чини дека во мк со $40к ќе живееш многу полошо отколку надвор, зошто пари можеш да заштедиш само на грав, ориз, и шиптaрска трева. Скоро се поскапо купуваш од увоз и плаќаш нездрави давачки.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Провлемот е дефинитивно многу подлабок од една многудецениска(може и вековна) изрека "тато носи, мама лионел меси".
Јас баш би рекол дека поголем проблем се ванаби претприемачите и транзициските профитерчиња. Кај нас сеуште владее она робовладетелското, вработените да се гледаат како вработена стока, а не како ресурс и живи битија кои колку подобро ги "одржаваш" толку поубаво и поздраво ќе зреат заедно со твојот бизнис.
Ќе речам, среќа странскиве (пред се i.t) фирми го кренаа малце нивото во нашиот заостанат корпоративен свет.
Претходно чинам у дк коментирав на слична тема. Неможеш бе друже да очекуваш интерес ако даваш хардкор премалце пари, а притоа да бараш некој што има барем 2 години искуство на таква позиција што може секој свежо дипломиран за максимум 1 месец да ја научи. Едноставно не иде ова. Демек дечко немаш работно искуство не си релевантен, а работата е нешто што и најголемо теле да стаиш ако се замара ќе ја научи за месец, еве месец и пол нека е. Многу фирми мислат дека се нешто екстремно посебни и дека тоа што го работат е rocket science. Епа, не е. Што побрзо се соочат со тоа, подобро ќе биде за нив.
Во државава може нашиве факултети не се најдобрите у свет (далеку од тоа), ама генерално имаме некои солидни компјутерски вештини (од типот ворд, ексел и тн и тн - не зборам за јава, аутокад или ц+). Покрај тоа, имаме солидни јазични познавања. И кога ќе видиш дека некој бара такви нереални услови ти доаѓа да се фрлиш од тераса.
Многу дипломирани луѓе бегаат на страна и работат да речам "долни" работи баш поради тоа што не успеале да ја добијат таа "прва шанса" или еве покажале иницијатива 3 месеци на пракса со 4000 денари месечно, ама сватиле дека биле искористени и од тоа влечат огромно незадоволство и го гледаат патот надвор. А реално праксата буквално ништо не значи овде, ако немаш официјално работно искуство - џабе ти е.

Кога веќе си вработен, има милиооооооон причини зашто веќе вработените нови млади лица си идат од тоа работно место. Непокачување на плата е може најбитен сегмент, ама има и многуу други услови.
Неможеш ти транзициски профитеру да ги потценуваш младите со тие глупи сфаќања "ти од вчера си, а ја сум 20 години у бизнисов на мене ќе ми кажуваш" у време кога една година во деловниот свет е огромен период и нештата скоро секојдневно се менуваат. Ова е еден вид на забегани газди/менаџери или што и да е.
Повисоко ниво се оние менаџери или газди, кои ќе ја препознаат твојата идеја, самоиницијативност и да речам "иновативност" и притоа ќе го земат целиот целиот кредит за истото, што до некаде е нормално, ама во нашава држава ваквиве "иницијативи" целосно се узурпираат. Од тој момент, џабе ти е, веќе немаш мотивација за напредок после таков инцидент, пошто идејата некој ти ја присвоил, некој ја зграбил и ја припитомил као свое достигнување. Џабе после тоа, касно е. Зголеми му ја платата, од него иницијатива веќе нема да видиш - пошто веќе еднаш си го погазил целосно и тотално со твојата злоба.

Многу работи влијаат на работата денеска - колеги, работна атмосфера, организираност на работа и тн. Потребна е поширока анализа, а не вакви кликбејт самопрогласени "анализи" базирани на изреки што биле актуелни у 73та.

Многу битна работа е следново : Не е битно каков си уствари, туку како каков ќе се претставиш. не е битно како ќе сработиш нешто, туку како ќе го прикажеш.
Има поента текстов, само има една работа што им оди во прилог на овие луѓе што ги критикуваш, а тоа е што не секој кој бара работа е со идејата да бира или воопшто е во можност да бира. Еве да објаснам што мислам - не работиш месец, два после дипломирање и почнува да те фаќа паника. Налетуваш на чкарт оглас и знаеш што све те чека - све ова во твојов опис. И си викаш "ај да не седам дома". 3 месеци да работиш кај копукот си му завршил работа. Он го има огласот активен, ќе лови друг како тебе, па трет. Ти си изгубил 3 месеци овде, па 3 онде и ти дошол памет може. Добар дел од такозваните газди играат на оваа карта. Едни фациња од мојава струка имаат "многу успешна фирма" од овој тип - све студенти или тазе дипломирани и нон-стоп се ротираат ко во хокеј. Нема начин да им се запре овој начин на работа. Не е нелегален, туку е неморален, апашки, говнарски. Дури ако ги прашаш, ќе ти кажат дека педагошка работа вршат, ги воведуваат младите во струката, уште награда Мајка Тереза да им дадеме за у џиповите да си ја закачат.
За да пркне и за да исчезнат вакви појави, треба да има синдикати, здруженија на професии, луѓе што активно ќе гонат злоупотреби, ќе тужат, ќе даваат правна заштита. Инаку не можеш ти од некој што одел у ќенеф до вчера, а сега вози Мерцедес, да ти се однесува ко господин и да има етика, однос кон вработен, почит. Небањат чабе и со парфем да се прска.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757

Епа тоа е проблемот, што неможе секој да бира од причина што за секаква позиција се бараат луѓе со 2/3 години искуство, поради преценетоста на работата опишана во огласот. За entry level job во македонија се бараат 1/2/3 години искуство, а за уште подолните места си "преквалификуван" и земаат некои што уште се на факс, и затоа голготата за барање на прво вработување во МКД за некој што не е програмер трае барем 3/4 месеци.

Друго, многу пати се среќава нешто што се вика "одбивање ради преквалификуваност", верувале или не. Често пати фирмите не го бараат најдобриот, туку "најсоодветниот" во поглед на побарувања за плата, како и потенцијалот за напредок - често пати менаџерите ради страв да не им го hijack-нат местото новите кандидати, го бираат оној bare minimum кандидат кој е соодветен за таа позиција (може се ретки, но има и вакви случаеви, верувајте).

Во поглед на ротацијата - очигледен е советот да се избегнува фирма кај која има премногу заминувања и предолго време (повеќе од 1 месец) имаат отворен повик за дадено работно место. Не е ретка појавата да видиш некои работодавци со ист оглас по 3 месеци. Тоа е знак дека фирмата не е океј или нешто не штима.
Реално ептен е заебано во Македонија да ти се погодат условите на работа. На прсти се бројат фирмите кои што се океј - највеќето од нив се во И.Т сектор кои се во најголем дел странски, или фирми од друг сектор кои се исто така странски (или работат на странски проекти).

За тоа колку вработените по фирмите не се замараат е скроз друга тема. Проактивноста во македонија многу ретко се цени, прекувременото исто (не само во поглед на плаќање, туку и општо), добрите идеи се присвојуваат на дрзок начин и се припишуваат на оној што е повисоко хиерархиски рангиран - зборувам кај оние фирми кои што има можност за размена на предлози и идеи, пошто има доста кои што не ги фермаат вработените.
Добро, секогаш ќе има некој што ќе ти ја искористи идејата-без оглед во кој дел од светот се наоѓаш, но кај нас ова е хардкор претерано.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За едноставна работа која се учи за две недели објавуваат оглас дека бараат со повеќегодишно искуство. Иначе ако има кој да ви заврши работа и да ве намести некаде и без искуство се може. Тогаш се поминува. ;)
Нека дојде бе ќе го научиме еее наше дете е тоа, нема проблем што нема искуство.

Подобро е некој без искуство кој ќе го научиш по твое, а не некој друг што го учел па ќе продолжи да работи по правила на друга фирма и ќе одбива да прифати нешто ново.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Епа тоа е проблемот, што неможе секој да бира од причина што за секаква позиција се бараат луѓе со 2/3 години искуство, поради преценетоста на работата опишана во огласот. За entry level job во македонија се бараат 1/2/3 години искуство, а за уште подолните места си "преквалификуван" и земаат некои што уште се на факс, и затоа голготата за барање на прво вработување во МКД за некој што не е програмер трае барем 3/4 месеци.

Друго, многу пати се среќава нешто што се вика "одбивање ради преквалификуваност", верувале или не. Често пати фирмите не го бараат најдобриот, туку "најсоодветниот" во поглед на побарувања за плата, како и потенцијалот за напредок - често пати менаџерите ради страв да не им го hijack-нат местото новите кандидати, го бираат оној bare minimum кандидат кој е соодветен за таа позиција (може се ретки, но има и вакви случаеви, верувајте).

Во поглед на ротацијата - очигледен е советот да се избегнува фирма кај која има премногу заминувања и предолго време (повеќе од 1 месец) имаат отворен повик за дадено работно место. Не е ретка појавата да видиш некои работодавци со ист оглас по 3 месеци. Тоа е знак дека фирмата не е океј или нешто не штима.
Реално ептен е заебано во Македонија да ти се погодат условите на работа. На прсти се бројат фирмите кои што се океј - највеќето од нив се во И.Т сектор кои се во најголем дел странски, или фирми од друг сектор кои се исто така странски (или работат на странски проекти).

За тоа колку вработените по фирмите не се замараат е скроз друга тема. Проактивноста во македонија многу ретко се цени, прекувременото исто (не само во поглед на плаќање, туку и општо), добрите идеи се присвојуваат на дрзок начин и се припишуваат на оној што е повисоко хиерархиски рангиран - зборувам кај оние фирми кои што има можност за размена на предлози и идеи, пошто има доста кои што не ги фермаат вработените.
Добро, секогаш ќе има некој што ќе ти ја искористи идејата-без оглед во кој дел од светот се наоѓаш, но кај нас ова е хардкор претерано.
Не зборам за IT сектор, туку генерално.
До совет или корисна информација не секогаш можеш да дојдеш. Ако си помлад и ако не се твоите родители во истата струка, професионалниот круг ти е помал и сам го градиш.
Штета е што сме таков проклет народ и глумиме дека сите сме со батлери по дома и во Ролс не возат. Ако споделиш лошо работно искуство, тоа ќе дојде до повеќе луѓе и скотот што те изиграл, избркал, навредувал ќе има сериозен проблем да најде нови пациенти, ама срам ли е, не знам. Во поново време луѓе се охрабруваат и зборат, меѓутоа има и случаи каде што збор не се кажува. Еден познаник влезе у конфликт со газдата со потпишан договор дека треба да ги врати сите плати во случај ако добие отказ. Пишував во некој од претходните постови. Стаи се на негово место - си работел 5 години и сега треба да му исплатиш 20-30 000 евра (или поише, не напраив математика) - значи трудот и времето за тие години ти бил 0? Што е тоа? Робовладетелски систем. И збор нема никому кажано, освен на адвокатот, преку кој успеа да издејствува некоја спогодба и работеше неколку месеци после без плата.....Африка. Адвокатите го советуваа дека може да изгуби на суд, а таков договор за работа ако го најде трудова инспекција ќе му ја затвори фирмата (може има 300 вработени, сигурно по ист принцип) затоа што договорот е нелегален - спротивен на закон за вработување. За вакви фирми не смее да не се знае, мора гласно да се збори.

Ова ти што го пишуваш е IT сектор, како да ти кажам - фина работа е тоа, канцеларија, умствена работа...а што да кажат физички работници, од градежништво, па женине у шивачка индустрија. Замисли, таму, им урлаат, ги вреѓаат, не се замара тој, одма нова ќе најде. За плата и бенефиции да не зборам. Познавам и неколку случаи у кои бремени ги отпуштале и немаат шанси против газдите, ни на суд, ни никако - го јаде стапот. Место да се радува дека ќе создава фамилија - остануе у проблеми. Сопствениците си фаќаат адвокати преку кои иде подмачкување на судиите и не можеш ни спор против нив да добиеш.

Оваа држава е афричка по многу параметри. Не е вистина дека некакви си надворешни состојби влијаат на нас, геополитика. Ние од внатре не знаеме да се организираме, да создаваме, да градиме. На вакви работодавци, краткогледи, неспособни џабе и е пазар од 7 миљарди, а не 700 милиони како што не замараат до сега. Никој не гледа развојно, никој не гледа да изгради однос кон работникот. По овој основ одамна има струки што живуркаат, не постојат или малку ги има.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Еден познаник влезе у конфликт со газдата со потпишан договор дека треба да ги врати сите плати во случај ако добие отказ.
Ваков договор е ништовен. Може газдата да го натера да потпише и литро крв да дава секој ден, ама си има Закон и колективни договори, така што нека нема гајле пријателот, ако сеуште е во истата фирма.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ваков договор е ништовен. Може газдата да го натера да потпише и литро крв да дава секој ден, ама си има Закон и колективни договори, така што нека нема гајле пријателот, ако сеуште е во истата фирма.
Пффф...устав сменија на курташак, не па некој договор не бил законски. Кај живееш ти...
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ти препоставувам за ова или нешто слично зборуваш:
https://www.cnbc.com/2017/11/20/how-much-money-you-need-to-be-happy-according-to-wealth-experts.html

Aj да напраиме математика колку се блиску тие 1000 еври во мк со 75к годишно на запад. 12к евра годино се $ 13.8к годишно. ППП односот на Северна република / Германија е 15/50, оттука тие $ 13.8 се еквивалентни на некои $40к. Ова е живеење благо над прагот на сиромаштија на запад, камо ли комотно живеење. Мене ми се чини дека во мк со $40к ќе живееш многу полошо отколку надвор, зошто пари можеш да заштедиш само на грав, ориз, и шиптaрска трева. Скоро се поскапо купуваш од увоз и плаќаш нездрави давачки.
Нема некоја линија кога почнува пристоен живот, мора да се гледа тоа произволно, но кој и да е тој стандард, јас не ја споредувам живеачката у Македонија со живеачката на подобри места.

Потребите и стандардите за добра живеачка растат со примачката. Прво ти требаат песто за искачање - за кутија цигари, еден шиптaрски фиљан, пиво - две, така барем за 8 искачања месечно + кирија, јадење и нешто ситно, да покриеш све со 20 000 денари. Ако зимаш 2к евра месечно, ќе сакаш и боље озвучување да си земеш, пеце, кола, колекција од стрипови, по некое виски на искачање и одмор до Монако на неколку дена. Па пак нема да ти стигнат.

Ја само кажуем дека кога некој гледа кај ќе се вработи, треба да земе и други работи предвид, не само пари - кога платата е над некоја произволна сума (која и да е таа) со која ќе можеш да си обезбедиш ок живот. И за тоа дури, секој си прави различна математика - според својот крој и табиет.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Член од
15 ноември 2014
Мислења
324
Поени од реакции
314
Procitav nekoi komentari deka gazdite makedonski ne bile dobri, t.e. im ja piele krvta na rabotnicite, a navodno rabotnicite nemale prava, im se baralo rab. iskustvo, vestini itn., platite bile mizerni. Hahaha....

A koi gazdi (citaj kapitalisti) se dobri, vo koja toa zemja vo svetot ? Ima podobro organizirani drzavi i sledstveno na toa podobar system, zakoni, pravila i sl. Vo takov eden system i gazdite i rabotnicite si go naogjaat svoeto mesto vo opshtestvoto. Vo MK Socijalizmot ostavi samo losi rabotni naviki, mrzlivost, narodski kazano gotovani. Kapitalizmot e na zacetok, pred se bi rekol Feudalizmot e aktuelen.
  • Studenti koi polagaat so vrski i korupcija, pa se zamisluvaat deka mnogu znaat i vredat, a ne se ni svesni kolkav deficit poseduvaat
  • Gazdi koi se samo nus-proizvod na takov eden system, samite tie ne poseduvaat vestini, a i so ograniceni resursi i za na domasen pazar, nepa regionalno ili posiroko
Toa so mladinata nema vrska, taa e isto nus-proizvod. Prvo roditelite ne znaat da gi vospitat (i samite ne uspeale da se naobrazuvaat od zivotot), vo gradinka isto taka, nevospitani vospitacki (partiski kadar), zaguleni ucitelki, korumpirani profesori...

Makedonecot ne e losa surovina, problemot é, mu fali dorabotka, ne stiga ni do poluproizvod a kamoli gotov proizvod. Onie koi vo toa uspevaat, odat za izvoz.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Пфф. Денес продавниците турбо работат, платата иста. Ни сабота, ни празник, ни регуларно работно време. Дај некој нека ми прича о томе дека народот/младите биле мрзеливи.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Не зборам за IT сектор, туку генерално.
До совет или корисна информација не секогаш можеш да дојдеш. Ако си помлад и ако не се твоите родители во истата струка, професионалниот круг ти е помал и сам го градиш.
Штета е што сме таков проклет народ и глумиме дека сите сме со батлери по дома и во Ролс не возат. Ако споделиш лошо работно искуство, тоа ќе дојде до повеќе луѓе и скотот што те изиграл, избркал, навредувал ќе има сериозен проблем да најде нови пациенти, ама срам ли е, не знам. Во поново време луѓе се охрабруваат и зборат, меѓутоа има и случаи каде што збор не се кажува. Еден познаник влезе у конфликт со газдата со потпишан договор дека треба да ги врати сите плати во случај ако добие отказ. Пишував во некој од претходните постови. Стаи се на негово место - си работел 5 години и сега треба да му исплатиш 20-30 000 евра (или поише, не напраив математика) - значи трудот и времето за тие години ти бил 0? Што е тоа? Робовладетелски систем. И збор нема никому кажано, освен на адвокатот, преку кој успеа да издејствува некоја спогодба и работеше неколку месеци после без плата.....Африка. Адвокатите го советуваа дека може да изгуби на суд, а таков договор за работа ако го најде трудова инспекција ќе му ја затвори фирмата (може има 300 вработени, сигурно по ист принцип) затоа што договорот е нелегален - спротивен на закон за вработување. За вакви фирми не смее да не се знае, мора гласно да се збори.

Ова ти што го пишуваш е IT сектор, како да ти кажам - фина работа е тоа, канцеларија, умствена работа...а што да кажат физички работници, од градежништво, па женине у шивачка индустрија. Замисли, таму, им урлаат, ги вреѓаат, не се замара тој, одма нова ќе најде. За плата и бенефиции да не зборам. Познавам и неколку случаи у кои бремени ги отпуштале и немаат шанси против газдите, ни на суд, ни никако - го јаде стапот. Место да се радува дека ќе создава фамилија - остануе у проблеми. Сопствениците си фаќаат адвокати преку кои иде подмачкување на судиите и не можеш ни спор против нив да добиеш.

Оваа држава е афричка по многу параметри. Не е вистина дека некакви си надворешни состојби влијаат на нас, геополитика. Ние од внатре не знаеме да се организираме, да создаваме, да градиме. На вакви работодавци, краткогледи, неспособни џабе и е пазар од 7 миљарди, а не 700 милиони како што не замараат до сега. Никој не гледа развојно, никој не гледа да изгради однос кон работникот. По овој основ одамна има струки што живуркаат, не постојат или малку ги има.
За првиот параграф се согласувам целосно - она што е генерално кажано. За примерот, што повеќе освен - сам си е крив човекот што се вплеткал у такви заврзлами?

Зошто баш се бараат келнери, чистачи, градежници, текстилци или касиери? Бидејќи (во најголем процент) само таму останало тоа робовладетелското и има ненормално непочитување на правата на работникот и никој млад не сака да влегува у тој сектор (освен ако не мора или не е финансиски принуден). Може и од тој аспект да се анализира муабетов. Младите секојдневно се соочуваат со овие проблеми на работно место и затоа ги избегнуваат овие сектори. Но веројатно никој не ја размислил вака причава, туку преку некаков измислен "конфликт" базиран на наводната мрзливост на младите - бара читаност, што и е основата на "анализава".

Секако дека приказнава е многуслојна и комплексна и веројатно многу параметри имаат врска со ова прашање. Не се само работодавците криви, има удел и државата и глобалните трендови, самите вработени и културата на едно поднебје како и милион др. фактори.

Дека сме Африка - тотално се согласувам. И ајде еве, убеди ме како жените што работат у маркет им треба 5 минути за да укуцаат 6 бројки у мочан компјутер заслужуваат повеќе? (СО ЦЕЛОСЕН РЕСПЕКТ КОН НИВ КАКО ИНДИВИДУИ И ЛУЃЕ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И КАКОВ ЖИВОТ ИМАЛЕ И ТН). Како можеш ти како работодавец да дадеш пример 500 евра плата за таков работник со толку ниски квалификации и способности (без дисреспект кон тие луѓе или фурање од моја страна)?
Па маме му ебам и работниците треба да покажат минимален степен на самоиницијативност.
Некој треба и тие 15/16.000 да ги изработи, ме разбираш.

Јас реално многу ретко сум видел некој да покаже иницијативност и да преземе одговорност повеќе од што му е доделено. Милион пати сум слушнал "тоа не е моја работа", прашај ваму или таму, иако знам дека дотичниот МОЖЕ да ми помогне, ама пошо не му се замара си игра пинг понг со мене.
Океј е да не се покажуваш ептен со цел да не те "исцедат", но со тоа што ќе преземеш некоја одговорност +, ќе научиш нешто ново, утре може баш тоа ќе ти се најде во животов. Далеку од тоа дека утре ќе бидеш унапреден пошо си останувал секој ден +2 саати да работиш (знаеме кај нас како идат овие унапредувања и promotions), ама така ти учиш работи кои утре и те како ќе ти се најдат во друг сектор.
Или недај боже ако им се каже да останат после работа да доработат нешто. Пер така учиш, како да ти кажам. Секако дека најчесто тоа нема да биде адекватно испочитувано од газдите, но на тоа треба да гледаш како усовршување и учење нови нешта кои во иднина и те како може да ти се најдат. Кај нас највеќето се на став "ме боли кур ја да му останувам плус 1 саат" или "нека кршат глава, не им помагам на дечките од другиот тим". Што во основа е тотално погрешно и лошо. Не викам дека треба животот да го посветиш на фирмата, ама не е лошо да покажеш мал степен на желба за умствен напредок.

Овој муабет го правам да не испадне дека целосно за лошата ситуација во Р.М се криви газдите и работодавачите. Да, секако дека стојам зад фактот дека ја имаат најголемата одговорност за муабетов, ама и работниците сами по себе си сносат ( далеку помал, но сепак значителен) дел од одговорноста.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Значи не дека не можат да најдат, - келнери, чистачи, продавачи наоѓаат во секое време. Да не можеа да најдат ќе сменеа услови и ќе зголемат плати.
Имаат стално отворени огласи за работа, постојните ги отпуштаат и лесно наоѓаат нови и од таму е толкав бројот на наводно слободни работни места. А авторот на статијава не се потрудил да дојде до информација колку се отпуштени на таквите позиции во исто време и извадил заклучок како што извадил - дебилен, за наводната мрзеливост.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Дека сме Африка - тотално се согласувам. И ајде еве, убеди ме како жените што работат у маркет им треба 5 минути за да укуцаат 6 бројки у мочан компјутер заслужуваат повеќе? (СО ЦЕЛОСЕН РЕСПЕКТ КОН НИВ КАКО ИНДИВИДУИ И ЛУЃЕ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И КАКОВ ЖИВОТ ИМАЛЕ И ТН). Како можеш ти како работодавец да дадеш пример 500 евра плата за таков работник со толку ниски квалификации и способности (без дисреспект кон тие луѓе или фурање од моја страна)?
Па маме му ебам и работниците треба да покажат минимален степен на самоиницијативност.
Некој треба и тие 15/16.000 да ги изработи, ме разбираш.

Јас реално многу ретко сум видел некој да покаже иницијативност и да преземе одговорност повеќе од што му е доделено. Милион пати сум слушнал "тоа не е моја работа", прашај ваму или таму, иако знам дека дотичниот МОЖЕ да ми помогне, ама пошо не му се замара си игра пинг понг со мене.
Океј е да не се покажуваш ептен со цел да не те "исцедат", но со тоа што ќе преземеш некоја одговорност +, ќе научиш нешто ново, утре може баш тоа ќе ти се најде во животов. Далеку од тоа дека утре ќе бидеш унапреден пошо си останувал секој ден +2 саати да работиш (знаеме кај нас како идат овие унапредувања и promotions), ама така ти учиш работи кои утре и те како ќе ти се најдат во друг сектор.
Или недај боже ако им се каже да останат после работа да доработат нешто. Пер така учиш, како да ти кажам. Секако дека најчесто тоа нема да биде адекватно испочитувано од газдите, но на тоа треба да гледаш како усовршување и учење нови нешта кои во иднина и те како може да ти се најдат. Кај нас највеќето се на став "ме боли кур ја да му останувам плус 1 саат" или "нека кршат глава, не им помагам на дечките од другиот тим". Што во основа е тотално погрешно и лошо. Не викам дека треба животот да го посветиш на фирмата, ама не е лошо да покажеш мал степен на желба за умствен напредок.

Овој муабет го правам да не испадне дека целосно за лошата ситуација во Р.М се криви газдите и работодавачите. Да, секако дека стојам зад фактот дека ја имаат најголемата одговорност за муабетов, ама и работниците сами по себе си сносат ( далеку помал, но сепак значителен) дел од одговорноста.
Кога газдите немаат почит и за основната работа што ја работиш, зошто да се трудиш ?
Секој што ќе влези првпат на работа има некој елан и самоиницијативност за почеток и оп после прва плата, после прво карање (и тоа со погрдни зборови) сите се откажуваат.
Газдите не го почитуваат законот за работа, а не друго да почитуваат. Не е до работниците, туку до е газдите, а за тоа да се смени треба работниците да имаат избор, странски фирми што ќе вработуваат по 1.000 до 5.000 вработени и работат по закон, па тогаш и локалните газди ќе се сменат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom