Не зборам за IT сектор, туку генерално.
До совет или корисна информација не секогаш можеш да дојдеш. Ако си помлад и ако не се твоите родители во истата струка, професионалниот круг ти е помал и сам го градиш.
Штета е што сме таков проклет народ и глумиме дека сите сме со батлери по дома и во Ролс не возат. Ако споделиш лошо работно искуство, тоа ќе дојде до повеќе луѓе и скотот што те изиграл, избркал, навредувал ќе има сериозен проблем да најде нови пациенти, ама срам ли е, не знам. Во поново време луѓе се охрабруваат и зборат, меѓутоа има и случаи каде што збор не се кажува. Еден познаник влезе у конфликт со газдата со потпишан договор дека треба да ги врати сите плати во случај ако добие отказ. Пишував во некој од претходните постови. Стаи се на негово место - си работел 5 години и сега треба да му исплатиш 20-30 000 евра (или поише, не напраив математика) - значи трудот и времето за тие години ти бил 0? Што е тоа? Робовладетелски систем. И збор нема никому кажано, освен на адвокатот, преку кој успеа да издејствува некоја спогодба и работеше неколку месеци после без плата.....Африка. Адвокатите го советуваа дека може да изгуби на суд, а таков договор за работа ако го најде трудова инспекција ќе му ја затвори фирмата (може има 300 вработени, сигурно по ист принцип) затоа што договорот е нелегален - спротивен на закон за вработување. За вакви фирми не смее да не се знае, мора гласно да се збори.
Ова ти што го пишуваш е IT сектор, како да ти кажам - фина работа е тоа, канцеларија, умствена работа...а што да кажат физички работници, од градежништво, па женине у шивачка индустрија. Замисли, таму, им урлаат, ги вреѓаат, не се замара тој, одма нова ќе најде. За плата и бенефиции да не зборам. Познавам и неколку случаи у кои бремени ги отпуштале и немаат шанси против газдите, ни на суд, ни никако - го јаде стапот. Место да се радува дека ќе создава фамилија - остануе у проблеми. Сопствениците си фаќаат адвокати преку кои иде подмачкување на судиите и не можеш ни спор против нив да добиеш.
Оваа држава е афричка по многу параметри. Не е вистина дека некакви си надворешни состојби влијаат на нас, геополитика. Ние од внатре не знаеме да се организираме, да создаваме, да градиме. На вакви работодавци, краткогледи, неспособни џабе и е пазар од 7 миљарди, а не 700 милиони како што не замараат до сега. Никој не гледа развојно, никој не гледа да изгради однос кон работникот. По овој основ одамна има струки што живуркаат, не постојат или малку ги има.
За првиот параграф се согласувам целосно - она што е генерално кажано. За примерот, што повеќе освен - сам си е крив човекот што се вплеткал у такви заврзлами?
Зошто баш се бараат келнери, чистачи, градежници, текстилци или касиери? Бидејќи (во најголем процент) само таму останало тоа робовладетелското и има ненормално непочитување на правата на работникот и никој млад не сака да влегува у тој сектор (освен ако не мора или не е финансиски принуден). Може и од тој аспект да се анализира муабетов. Младите секојдневно се соочуваат со овие проблеми на работно место и затоа ги избегнуваат овие сектори. Но веројатно никој не ја размислил вака причава, туку преку некаков измислен "конфликт" базиран на наводната мрзливост на младите - бара читаност, што и е основата на "анализава".
Секако дека приказнава е многуслојна и комплексна и веројатно многу параметри имаат врска со ова прашање. Не се само работодавците криви, има удел и државата и глобалните трендови, самите вработени и културата на едно поднебје како и милион др. фактори.
Дека сме Африка - тотално се согласувам. И ајде еве, убеди ме како жените што работат у маркет им треба 5 минути за да укуцаат 6 бројки у мочан компјутер заслужуваат повеќе? (СО ЦЕЛОСЕН РЕСПЕКТ КОН НИВ КАКО ИНДИВИДУИ И ЛУЃЕ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И КАКОВ ЖИВОТ ИМАЛЕ И ТН). Како можеш ти како работодавец да дадеш пример 500 евра плата за таков работник со толку ниски квалификации и способности (без дисреспект кон тие луѓе или фурање од моја страна)?
Па маме му ебам и работниците треба да покажат минимален степен на самоиницијативност.
Некој треба и тие 15/16.000 да ги изработи, ме разбираш.
Јас реално многу ретко сум видел некој да покаже иницијативност и да преземе одговорност повеќе од што му е доделено. Милион пати сум слушнал "тоа не е моја работа", прашај ваму или таму, иако знам дека дотичниот МОЖЕ да ми помогне, ама пошо не му се замара си игра пинг понг со мене.
Океј е да не се покажуваш ептен со цел да не те "исцедат", но со тоа што ќе преземеш некоја одговорност +, ќе научиш нешто ново, утре може баш тоа ќе ти се најде во животов. Далеку од тоа дека утре ќе бидеш унапреден пошо си останувал секој ден +2 саати да работиш (знаеме кај нас како идат овие унапредувања и promotions), ама така ти учиш работи кои утре и те како ќе ти се најдат во друг сектор.
Или недај боже ако им се каже да останат после работа да доработат нешто. Пер така учиш, како да ти кажам. Секако дека најчесто тоа нема да биде адекватно испочитувано од газдите, но на тоа треба да гледаш како усовршување и учење нови нешта кои во иднина и те како може да ти се најдат. Кај нас највеќето се на став "ме боли кур ја да му останувам плус 1 саат" или "нека кршат глава, не им помагам на дечките од другиот тим". Што во основа е тотално погрешно и лошо. Не викам дека треба животот да го посветиш на фирмата, ама не е лошо да покажеш мал степен на желба за умствен напредок.
Овој муабет го правам да не испадне дека целосно за лошата ситуација во Р.М се криви газдите и работодавачите. Да, секако дека стојам зад фактот дека ја имаат најголемата одговорност за муабетов, ама и работниците сами по себе си сносат ( далеку помал, но сепак значителен) дел од одговорноста.