@HEKOJ
Биди така љубазен како што си речит па објасни ни ја дилемата....како тоа со 440W минимум MitsuFH35Ve е поштедлив од Хансолот па има SCOP 5,1 i A+++
а Ханосол12 со 100W минимум има SCOP 4,7 и A++.
П.С. Кога се правиш многу паметен докажи се
Кажав веќе, и ги повикувам сите во темава кои што имаат мерачи ама да бидат искрени, нека постават рака на издув од 100 вати и нека кажат колку е тоа ладен воздух, ако има измислено воопшто уред што на 100 вати потрошувачка ќе даде прифатлива топлина јас одма се исклучувам.
Кај мене при одржување кога ќе се спуштеше од 500 на 400 вати воздухот на издув беше многу млак и амбиенталната температура на сензорот од 24 одеше на 22, за да крени потрошувачката на 600 700 и да се зголеми амбиенталната од 22 на 24 степени.
И пак ќе те прашам што одржува на 100 вати?? температура во фрижидер или??
И каков црн минимум има Хансолот 12 кога едниот модел -20 е деклариран на 200минимум а другиот -30 е деклариран на 400 минимум. Ова според спецификации од Грее, ги имам постирано и за едната и за другата во некои претходни постови.
И уште еднаш, што е целта тука, греење или мрзнење на зададена температура од 18 или 20 степени за да се користи минимумот.
На крајот на денот тука секој може да пиши што било, може и со потрошувачка еве и од 200 вати колку што се декларирани некои клими да кажува дека одржува 25 степени. Ако во меѓувреме прстите тешко му куцале на тастатура оти му биле замрзнати е негов проблем, со лаги ништо не се добива.
Филмот со SCOP ти е само збир на просеци. Она што според мене вака лаички е побитно е COP на климата. ФХ35 има превисок COP на сите температури и помножено со некои просечни сати колку што му се зададени во некоја авериџ клима дава потрошувачка на струја која што спаѓа во стандард A+++. И плус колку што имам прочитано изгледа мерат на зададени температури од 20 степени. Не сум 100% сигурен но мислам дека е вака. Значи просек цела сезона 20степени, толку сати пуштена клима ќе имаш потрошувачка на струја во ранг А+++.
И кога сето ова ќе стаса кај нас кај секого е различен филм. Некој ја поставил во соба од 20м2, некој во 50м2, нормално е дека нема исто да трошат. Кај некој има пвц прозорци кај друг дограма каде што од сите страни дува и пак ќе даде различни резултати. Некоја ја пушта на 20 степени и му штеди, некој на 24 и му троши нормално е да има разлика.
Еве сите што имаат мерач на потрошувачка, ако на 24 степени зададена успеат да одржуваат со 300 вати потрошувачка и да не паѓа температурата јас ги честам пиво!!