Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.990
СЈО нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков , информираат за МИА од СЈО.

Претходно и од Основниот суд Скопје 1 за МИА потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат за МИА од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Па ВМРО ја даваше логистиката за бојкотирање на референдумот, тоа и мали деца го знаат. Тоа беше доволно за да пропадне и да се премине на алтернативни, поризични варијанти за ратификација на Договорот, што има политичка цена за владеачкиот блок и прави непотребни преседани во политиката на Западот, иако за нив тие не праваат реална разлика, како и дополнително мочање на и вака измочаниот институционален систем. Ако се беше договорено сценарио од денот кога стана претседател, тогаш ќе ја обезбедеше логистиката за гласање против, таа опција ќе изгубеше, и референдумот ќе дадеше и легална и легитимна политичка одлука.
Не знам зошто Сад и ЕУ би договарале сценарио каде работата им виси на конец и најмногу им се комплицира, плус дава опција на некоја, за нив, минорна политичка сила ко Вмро, од ѓубре држава ко нашата, со отворени гради и многу врева да им се испречува на патот, притоа да мобилизира национален револт на етничка заедница врз која они традиционално имаат контрола, а кај која Западот ќе биде преставен како the bad guy. Плус, ова е и најлоша ситуација за ВМРО, најмногу штета како партија претпреа на овој начин, имаа еден куп претходни моменти во кои можеа да наведнат глава и да се повлечат на страна, ако поентата беше да бидат соучесници. Кој лидер и кое раководство би го избрале ова што сега му се случува на Вмро, односно зошто би договориле полоши услови од што можат. Мијалков и Грујо секако многу пред Договорот го добија својот пазар.
Ако искочеа на протести и слични порадикални потези против Договорот, тогаш ќе си го залепеа епитетот на проруска партија, а тоа е најопасна асоцијација за еден политички фактор на Балканот во моментов, може се глупи ама не се толку глупи. Тоа не е веќе кошкање и инаетење со Западот, тоа е отварање на фронт против нив.

Јас тоа што го пишував за нивното делување не се однесува само за делот со Договорот, тоа е само финалната фаза. Тој конфронтирачки став им е одлука, од моментот кога почна кризата со објавување на бомбите и беше одлика и на раковдството на Грујо и Мијалков. Одат против бранот, а не се доволно добри пливачи.
Така да, мислам дека не станува збор за едно сценарио, ни Сад ни ЕУ не се толку моќни за да имаат соврешно знаење за иднината. Станува збор за многу можни сценарија, што ги имаше на маса уште од пред неколку години, и секое од тие сценарија завршување со различни исходи за сите засегнати играчи. Во кое сценарио ќе завршиме зависеше од начинот на кој секој од играчите ќе одбереше да се однесува во текот на целиот процес. ВМРО го одбраа тоа што го одбраа и следствено Западот го изигра тоа сценарио. Јасно е дека ова што им се случува во моментот, внатрешните кризи, фрагментирањето и изолирањето, имаат пенална функција за партијата и одвраќање на секој што ќе се најде во нивна ситуација.
Неминовно, кога целиот процес ќе заврши, со каков и да е исход, наративот на членството на ВМРО и веројатно, генерално, на македонското гласачко тело, ќе се сврти на фатализам, на натприродните моќи на Западот и нашата кутра судбина. Комплексот на жртва е таму каде што се чуствуваме најудобно, зошто така никој од нас не мора да презема одговорност за тоа што се случува со нашата заедница. Тоа е лузерскиот елемент што е вткаен во нашата колективна психа, тоа патетично жалење на секоја изгубена битка, делување врз база на емоции и неучење од сопствените грешки, што ние го носиме како badge of honor и го преставуваме како симобол на нашата култура.

Иначе, не мислам дека ќе се распаднат, ама изгледа е дека ги чека појачана верзија од тоа што им се случуваше на СДСМ последните 10ина години. Или, уште полоша варијанта, некоја нова опција од десниот центар која ќе им собере од гласачкото тело. Во секој случај тоа би им дало пол-позиција на арогантните неспособни створења од СДСМ да се консолидираат во нов “режим“ во Македонија, што е just fucking great. Може и да си во право, не го исклучувам и тоа. Ќе се види дали е агонија или катарза до следните избори во 2019 година.

Чисто информативно, за што е Ж во ДПЖНЕ? :)
По ново би требало да е ДПСМНЕ и СДССМ!Ама не сум сигурен дали тоа М го заслужуваат.Повеќе би им одговарало А како Апаши!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.643
душички,сега кога ќе вметнат двојазичност(од 2008) и уште триста други работи во уставот ќе има колективно плачење по телевизии и липање солзи како никогаш досега..
Според Рамковен (повторувам: РАМКОВЕН, склучен во 2001 година) општините со над 20% албанско население мора да бидат двојазични...такви се Дебар, Скопје, Тетово, Кичево, Струга и Гостивар. Сите овие градови имаат по 20% албанско население, дел од овие со референдумот во 2004 го добија тој потребен процент.

Ај кажи ми твојата родна Битола одприлика колку % албанци има во градот? Струмица? Прилеп? Берово? Штип?
Ако Рамковниот беше причина цела Западна Македонија да се албанизира, кажи ми со кој договор ќе треба да правиме двојазичност на цела територија? Подадената рака меѓу Заев и аЉи? Знаеш колку пари ќе кошта да се спроведе двојазичност на цела територија на Македонија?

Какви идиоти еј, али важно ќе тераат сеир пред малите екрани и ќе се тапшаат по рамо дека е добро, итаме кон НАТО и ЕУ.

:facepalm:
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
У пракса има една огромна маса на граѓани на кои им е сеедно и кои за ништо на свет не излагаат ни на референдум ни на избори, па макар тоа да значи и дека лично нив ќе ги засега тоа утре. Тоа ДПМНЕ и останатите кои што бојкотираат доста добро го знаат + што нема попис и цензусот треба да е помал реално. Проблемот е што на крај Македонија ќе биде губитник ко и секогаш, во договорот јасно си стои дека за да Грција не биде пречка на патот за ЕУ и НАТО потребен е успешен референдум и плус договорот да помине во собрание. Е кога ќе дојде време за да ни се отворат вратите за НАТО и ЕУ тогаш тој член од договорт ќе го извадат на маса и нормално ќе бараат целосно да се тргне терминот Македонија од името на земјава.
Тоа нема да се случи. Зошто тогаш односот помеѓу нас и нив, ќе се трансформира во однос помеѓу нив и Западот. Имаат они методи како и Грците да ги принудат да се фатат на орото. Грците имаат релативна моќ спрема нас, меѓутоа наспроти глобални играчи се капка во морето. Плус, и онака со овој Договор они го добиваат целиот премиум.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Па ВМРО ја даваше логистиката за бојкотирање на референдумот, тоа и мали деца го знаат. Тоа беше доволно за да пропадне и да се премине на алтернативни, поризични варијанти за ратификација на Договорот, што има политичка цена за владеачкиот блок и прави непотребни преседани во политиката на Западот, иако за нив тие не праваат реална разлика, како и дополнително мочање на и вака измочаниот институционален систем. Ако се беше договорено сценарио од денот кога стана претседател, тогаш ќе ја обезбедеше логистиката за гласање против, таа опција ќе изгубеше, и референдумот ќе дадеше и легална и легитимна политичка одлука.
Не знам зошто Сад и ЕУ би договарале сценарио каде работата им виси на конец и најмногу им се комплицира, плус дава опција на некоја, за нив, минорна политичка сила ко Вмро, од ѓубре држава ко нашата, со отворени гради и многу врева да им се испречува на патот, притоа да мобилизира национален револт на етничка заедница врз која они традиционално имаат контрола, а кај која Западот ќе биде преставен како the bad guy. Плус, ова е и најлоша ситуација за ВМРО, најмногу штета како партија претпреа на овој начин, имаа еден куп претходни моменти во кои можеа да наведнат глава и да се повлечат на страна, ако поентата беше да бидат соучесници. Кој лидер и кое раководство би го избрале ова што сега му се случува на Вмро, односно зошто би договориле полоши услови од што можат. Мијалков и Грујо секако многу пред Договорот го добија својот пазар.
Ако искочеа на протести и слични порадикални потези против Договорот, тогаш ќе си го залепеа епитетот на проруска партија, а тоа е најопасна асоцијација за еден политички фактор на Балканот во моментов, може се глупи ама не се толку глупи. Тоа не е веќе кошкање и инаетење со Западот, тоа е отварање на фронт против нив.

Јас тоа што го пишував за нивното делување не се однесува само за делот со Договорот, тоа е само финалната фаза. Тој конфронтирачки став им е одлука, од моментот кога почна кризата со објавување на бомбите и беше одлика и на раковдството на Грујо и Мијалков. Одат против бранот, а не се доволно добри пливачи.
Така да, мислам дека не станува збор за едно сценарио, ни Сад ни ЕУ не се толку моќни за да имаат соврешно знаење за иднината. Станува збор за многу можни сценарија, што ги имаше на маса уште од пред неколку години, и секое од тие сценарија завршување со различни исходи за сите засегнати играчи. Во кое сценарио ќе завршиме зависеше од начинот на кој секој од играчите ќе одбереше да се однесува во текот на целиот процес. ВМРО го одбраа тоа што го одбраа и следствено Западот го изигра тоа сценарио. Јасно е дека ова што им се случува во моментот, внатрешните кризи, фрагментирањето и изолирањето, имаат пенална функција за партијата и одвраќање на секој што ќе се најде во нивна ситуација.
Неминовно, кога целиот процес ќе заврши, со каков и да е исход, наративот на членството на ВМРО и веројатно, генерално, на македонското гласачко тело, ќе се сврти на фатализам, на натприродните моќи на Западот и нашата кутра судбина. Комплексот на жртва е таму каде што се чуствуваме најудобно, зошто така никој од нас не мора да презема одговорност за тоа што се случува со нашата заедница. Тоа е лузерскиот елемент што е вткаен во нашата колективна психа, тоа патетично жалење на секоја изгубена битка, делување врз база на емоции и неучење од сопствените грешки, што ние го носиме како badge of honor и го преставуваме како симобол на нашата култура.

Иначе, не мислам дека ќе се распаднат, ама изгледа е дека ги чека појачана верзија од тоа што им се случуваше на СДСМ последните 10ина години. Или, уште полоша варијанта, некоја нова опција од десниот центар која ќе им собере од гласачкото тело. Во секој случај тоа би им дало пол-позиција на арогантните неспособни створења од СДСМ да се консолидираат во нов “режим“ во Македонија, што е just fucking great. Може и да си во право, не го исклучувам и тоа. Ќе се види дали е агонија или катарза до следните избори во 2019 година.

Чисто информативно, за што е Ж во ДПЖНЕ? :)
Ж јас само го користам, за подетални информации треба да се праша експертот од министерството за вистина Влатко Васиљ и останатата елита од Твитер, познати како борци за демократија и уривачи на режим со пенкало.

Менување на име и идентитет под диктат на соседот е веројатно меѓу најголемите г*мна што некоја нација треба да ги голтне, во толку етнички поделен Свет, а посебно Балкан. Така што без перфектна синхронизација од ДПНЕ и СДС тоа не поминуваше. Нормално дека имаше пречки како пропаднатиот референдум, но профилот на Жмицко е баш стручно одбран за да се канализира гневот и да се сведе само на партиски соопштенија. Улицата и немирите беа избришани и активноста на ДПНЕ се сведе на празни зборови, без никаква акција. Перфектно за да помине сето без влакно да му фали на било кого. Да беше некакво си хардкор движење, верувај гледајќи ги бројките на референдумот секој ден ќе вадеа илјадници и илјадници народ по улиците, но си беше жмици од стар на бацирака.

И нема потреба за исмевање на народот секогаш и за се. Станавме безлична нација и сме жртви на повисоки игри. Тоа што сме неспособни, корумпирани, мрзливи, неиницијативни си стои, но целиот процес на наше ребрендирање(поточно обезличување) се коси со секој еден меѓународен документ за основните човекови права.
Фактот дека сме единствена нација на која некој постојано се изживува за и сме жртви од овој процес е вистина и треба да си стои така запишан, нема потреба од дополнително сопствено исмевање, каде што истото е без основ.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Наредна фаза (претпоставка) е дека кај и да е Катица и Фатиме ќе излезат на прес да кажат дека сите предмети против СМ биле неосновани и дека истите ќе бидат повлечени .... прерверзија !!!
А ти после 11 години денес реши да донесеш заклучок дека Мијалков е криминалец? Како тоа?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Ж јас само го користам, за подетални информации треба да се праша експертот од министерството за вистина Влатко Васиљ и останатата елита од Твитер, познати како борци за демократија и уривачи на режим со пенкало.

Менување на име и идентитет под диктат на соседот е веројатно меѓу најголемите г*мна што некоја нација треба да ги голтне, во толку етнички поделен Свет, а посебно Балкан. Така што без перфектна синхронизација од ДПНЕ и СДС тоа не поминуваше. Нормално дека имаше пречки како пропаднатиот референдум, но профилот на Жмицко е баш стручно одбран за да се канализира гневот и да се сведе само на партиски соопштенија. Улицата и немирите беа избришани и активноста на ДПНЕ се сведе на празни зборови, без никаква акција. Перфектно за да помине сето без влакно да му фали на било кого. Да беше некакво си хардкор движење, верувај гледајќи ги бројките на референдумот секој ден ќе вадеа илјадници и илјадници народ по улиците, но си беше жмици од стар на бацирака.

И нема потреба за исмевање на народот секогаш и за се. Станавме безлична нација и сме жртви на повисоки игри. Тоа што сме неспособни, корумпирани, мрзливи, неиницијативни си стои, но целиот процес на наше ребрендирање(поточно обезличување) се коси со секој еден меѓународен документ за основните човекови права.
Фактот дека сме единствена нација на која некој постојано се изживува за и сме жртви од овој процес е вистина и треба да си стои така запишан, нема потреба од дополнително сопствено исмевање, каде што истото е без основ.
Zmicko kriv sto ne viknal narod pred sobranie, narodot prav zosto ne dobil pokana na domasna adresa. Imeto smeneto...vuk pojeo magarca. I toa cudo projde...sega e na red kradenje od evropski fondovi.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.784
Поени од реакции
17.011
И шо толку си среќен за двојазичноста???Ти ќе славиш за двојазичноста како некое врвно достигнување?Мислам,која ти е поентава?
едно време имаше двојазичност само во западна Македонија... е сега нема да има западна Македонија туку се ќе биде Северна Македонија, секаде ќе има двојазичност...:confused:
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
едно време имаше двоказичност само во западна Македонија... е сега нема да има западна Македонија туку се ќе биде Северна Македонија, секаде ќе има двојазичност...:confused:
Grujo radi toa ne stana premier...posle euro patriotite prifatija, smenija iminja na se, smenija istorija. Me cudi sto denes e uste praznik. Aj i toa ke se smeni.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ж јас само го користам, за подетални информации треба да се праша експертот од министерството за вистина Влатко Васиљ и останатата елита од Твитер, познати како борци за демократија и уривачи на режим со пенкало.

Менување на име и идентитет под диктат на соседот е веројатно меѓу најголемите г*мна што некоја нација треба да ги голтне, во толку етнички поделен Свет, а посебно Балкан. Така што без перфектна синхронизација од ДПНЕ и СДС тоа не поминуваше. Нормално дека имаше пречки како пропаднатиот референдум, но профилот на Жмицко е баш стручно одбран за да се канализира гневот и да се сведе само на партиски соопштенија. Улицата и немирите беа избришани и активноста на ДПНЕ се сведе на празни зборови, без никаква акција. Перфектно за да помине сето без влакно да му фали на било кого. Да беше некакво си хардкор движење, верувај гледајќи ги бројките на референдумот секој ден ќе вадеа илјадници и илјадници народ по улиците, но си беше жмици од стар на бацирака.

И нема потреба за исмевање на народот секогаш и за се. Станавме безлична нација и сме жртви на повисоки игри. Тоа што сме неспособни, корумпирани, мрзливи, неиницијативни си стои, но целиот процес на наше ребрендирање(поточно обезличување) се коси со секој еден меѓународен документ за основните човекови права.
Фактот дека сме единствена нација на која некој постојано се изживува за и сме жртви од овој процес е вистина и треба да си стои така запишан, нема потреба од дополнително сопствено исмевање, каде што истото е без основ.
Не е исмевање, констатирање на факти е. Сме биле жртви на повисоки игри, сме имале и бенефит од повисоки игри, никоја етничка заедница низ историјата не е имуна на такви работи. Тие што не го користат тоа како изговор, имаат поголема шанса да се извлечат од своите околности. Види низ историјата на секој народ, и секаде ќе најдеш период каде некој ги користел како топка за подавање. Нашата независност не мислиш дека беше резулатат на некои повисоки игри, одлучивме сами да му пркосиме на светот?
Светот е тежок за преживување, и на индивидуално и на колективно ниво. За жал основен принцип во меѓународните односи е принципот на моќ, не принципот за правда. Не е правично, не е хумано, меѓутоа така функционира светот, знам дека и ти го знаеш тоа. Колективните права и остварувањето на народниот суверенитет за секое човечко племе на планетата е скапа работа. Зошто други поуспешни заедници да треба да ја плаќаат сметката за дисфункционалноста и чуството на еднаквост со другите на сите останати задници? Зошто платени професионални политичари од други заедници да не ги оставаруваат интересите на организциите кои ги преставуваат и да ги поправаат грешките кои ги продуцира институционалниот систем на другите, понеуспешни заедници? Еве, како ти на американска, европска, руска, грчка, која и да е политичка елита, ќе им објасниш дека они треба да го понесуваат трошокот за држава како нашата, која плива на површината само ради 4-5 странски фирми од трудово-интензивни дејности и once in a lifetime услови на глобалниот финансиски пазар, да ја задржи својата национална гордост и да го оствари правото на самоопределување?

Не викам дека ми е мило за сите работи што ни се случиле, вклучително и Договорот, не викам ни дека е праведно, меѓутоа е логична последица на недостатоците на заедницата која нашата култура ја создава. И тоа мојата емоционална состојба нема да го промени, нема ни твојата, нема ни на никој Македонец.
Се изживуваат зошто правиме грешки, имаме одбивност кон компететност и изграден култ кон жиеење денес за утре. Затоа секогаш завршуваме на заебаната страна и никој не се сфаќа сериозно. Можеме да учиме од грешките и да се приспособиме или да се свиткаме во фетусна позиција и да плачеме дека светот не е фер.
Ја мислам дека му даваш премногу кредит на нашиот народ. Пред 2 години, кога двата лидери на политичките опции кои добија најмногу гласови на изборите, јавно си извадија докази дека систематски го злоупотребувале институционалниот систем на најкоруптивен можен начин, нашиот народ тогаш реши да искочи во рекордни бројки да гласа за една од тие две опции на избори. Со кој образ сега ќе плачеме пред целиот свет дека ни е повредена гордоста.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Јас мислам дека сега Мицковски откако расчисти со Сашо и со Палмер, на следните избори ќе добие Пржинска влада
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom