Па ВМРО ја даваше логистиката за бојкотирање на референдумот, тоа и мали деца го знаат. Тоа беше доволно за да пропадне и да се премине на алтернативни, поризични варијанти за ратификација на Договорот, што има политичка цена за владеачкиот блок и прави непотребни преседани во политиката на Западот, иако за нив тие не праваат реална разлика, како и дополнително мочање на и вака измочаниот институционален систем. Ако се беше договорено сценарио од денот кога стана претседател, тогаш ќе ја обезбедеше логистиката за гласање против, таа опција ќе изгубеше, и референдумот ќе дадеше и легална и легитимна политичка одлука.
Не знам зошто Сад и ЕУ би договарале сценарио каде работата им виси на конец и најмногу им се комплицира, плус дава опција на некоја, за нив, минорна политичка сила ко Вмро, од ѓубре држава ко нашата, со отворени гради и многу врева да им се испречува на патот, притоа да мобилизира национален револт на етничка заедница врз која они традиционално имаат контрола, а кај која Западот ќе биде преставен како the bad guy. Плус, ова е и најлоша ситуација за ВМРО, најмногу штета како партија претпреа на овој начин, имаа еден куп претходни моменти во кои можеа да наведнат глава и да се повлечат на страна, ако поентата беше да бидат соучесници. Кој лидер и кое раководство би го избрале ова што сега му се случува на Вмро, односно зошто би договориле полоши услови од што можат. Мијалков и Грујо секако многу пред Договорот го добија својот пазар.
Ако искочеа на протести и слични порадикални потези против Договорот, тогаш ќе си го залепеа епитетот на проруска партија, а тоа е најопасна асоцијација за еден политички фактор на Балканот во моментов, може се глупи ама не се толку глупи. Тоа не е веќе кошкање и инаетење со Западот, тоа е отварање на фронт против нив.
Јас тоа што го пишував за нивното делување не се однесува само за делот со Договорот, тоа е само финалната фаза. Тој конфронтирачки став им е одлука, од моментот кога почна кризата со објавување на бомбите и беше одлика и на раковдството на Грујо и Мијалков. Одат против бранот, а не се доволно добри пливачи.
Така да, мислам дека не станува збор за едно сценарио, ни Сад ни ЕУ не се толку моќни за да имаат соврешно знаење за иднината. Станува збор за многу можни сценарија, што ги имаше на маса уште од пред неколку години, и секое од тие сценарија завршување со различни исходи за сите засегнати играчи. Во кое сценарио ќе завршиме зависеше од начинот на кој секој од играчите ќе одбереше да се однесува во текот на целиот процес. ВМРО го одбраа тоа што го одбраа и следствено Западот го изигра тоа сценарио. Јасно е дека ова што им се случува во моментот, внатрешните кризи, фрагментирањето и изолирањето, имаат пенална функција за партијата и одвраќање на секој што ќе се најде во нивна ситуација.
Неминовно, кога целиот процес ќе заврши, со каков и да е исход, наративот на членството на ВМРО и веројатно, генерално, на македонското гласачко тело, ќе се сврти на фатализам, на натприродните моќи на Западот и нашата кутра судбина. Комплексот на жртва е таму каде што се чуствуваме најудобно, зошто така никој од нас не мора да презема одговорност за тоа што се случува со нашата заедница. Тоа е лузерскиот елемент што е вткаен во нашата колективна психа, тоа патетично жалење на секоја изгубена битка, делување врз база на емоции и неучење од сопствените грешки, што ние го носиме како badge of honor и го преставуваме како симобол на нашата култура.
Иначе, не мислам дека ќе се распаднат, ама изгледа е дека ги чека појачана верзија од тоа што им се случуваше на СДСМ последните 10ина години. Или, уште полоша варијанта, некоја нова опција од десниот центар која ќе им собере од гласачкото тело. Во секој случај тоа би им дало пол-позиција на арогантните неспособни створења од СДСМ да се консолидираат во нов “режим“ во Македонија, што е just fucking great. Може и да си во право, не го исклучувам и тоа. Ќе се види дали е агонија или катарза до следните избори во 2019 година.
Чисто информативно, за што е Ж во ДПЖНЕ?