Дежурна Ординација! #2

Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
75
Помалиот син фати сипаница и прочитав дека не е дозволен никаков допир со вода на телото и косата, а некаде само туширање со хиперманган и после со вода ама без употреба на хемикалии. Друго и дека не треба се симнува температурата скоро 39 му е, затоа што така полесно излегувале иначе ќе се мачи подолго време. :unsure:
Некој искуство што како?
Од постарите иам разбрано дека температура долго време не е убаво заради малиот доле. Јас лежев сипаница на 24 години т.е. пред 3 месеци, и се миев со вода и сапун бекутан, шампон никако.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
@Forza Milan!!! машки не смеат да имаат долго температура близу 40 зошто влијае на плодноста. Ако не му се спушта температурата никако, истуширај го со поладна вода, не мора ни сапун ни ништо, само исплакни го. Најефикасно за возрасни е во када со вода да легне минута - две и надвор, така и во најелитните клиники спуштаат температура, нема пофенси лек ама дете е, трауми за цел живот ќе има :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
@Forza Milan!!! машки не смеат да имаат долго температура близу 40 зошто влијае на плодноста. Ако не му се спушта температурата никако, истуширај го со поладна вода, не мора ни сапун ни ништо, само исплакни го. Најефикасно за возрасни е во када со вода да легне минута - две и надвор, така и во најелитните клиники спуштаат температура, нема пофенси лек ама дете е, трауми за цел живот ќе има :)
Знам дека треба во ладна вода ако е настинка, ама ова е случај кога се појавува осип и на секој налет се покачува температурата.
Некои викаат да се остави 3-4 дена со покачена за побрзо да помине таа фаза, а други да се даваат сирупи и лекови за да ја намали температурата, ама пак времето ќе биде подолго и наместо 3-4 дена да трае осипот ќе биде 7 дена и ќе има периоди кога наеднаш ќе се покачува температурата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
Помалиот син фати сипаница и прочитав дека не е дозволен никаков допир со вода на телото и косата, а некаде само туширање со хиперманган и после со вода ама без употреба на хемикалии. Друго и дека не треба се симнува температурата скоро 39 му е, затоа што така полесно излегувале иначе ќе се мачи подолго време. :unsure:
Некој искуство што како?
... не спомна колку години значи „помалиот син“ затоа што колку се поголеми децата можноста за повисока температура е поприсутна за разлика кога се помали, како и да е сипаници е вирусно заразно заболување (лесно се пренесува преку воздух) има три врсти-



мали сипаници или морбили?



варичела или овчи сипаници??



рубеола или црвенка??
но поради тајмингот на нивното појавување (зима/пролет) на морбили и рубеола може не се тие сипаници кај твоето дете!
- тајминг есен, почеток на зима зачестена е варичелата, затоа препоставка дека овде се работи за варичела т.н.овчи сипаници кои се предизвикани од вирусот на варичела-зостер (инкубација 10 - 23 дена), на почеток се манифестира најчесто со лесно покачена температура( но можно твоето дете да има мали сипаници - морбили, поради високата температура од 39 степени :toe:), симптоми од горниот респираторен тракт и блага малаксаност и повраќање и тоа до недела дена, а потоа следи осип кој се појавува на скалпот, па по целото тело и е во вид на мали меурчиња исполнети со течност и многу чеша, тогаш на детето треба да му се зашитат рацете да не се чеша, т.е. некогаш се дава дури сируп против алергија (антихистаминик) за ублажување на силното чешање, и се додека не се исушат меурите на осипот знајте дека детето е се уште „заразно“ и би требало да биде во карантин!



е сега, доколку детето има повисока температура од 38,5 степени не е во опасност толку курето туку мозочето кое не смее да трпи подолго време таква висока температура, па се можни појави на немир, грчеви ( се дава Тбл.Фенобарбитон од 0,015 мг) па дури и онесвестување и затоа треба да се даде на детето САМО лек-анипиретик (против температура) од тип на Сируп Парацетамол или ако повраќа сирупот, форма на ист лек т.е. супозитории парацетамол (се става во газето) НИШТО ДРУГО КАКО ЛЕК (ако не се искомплицира горниот респирторен тракт - ангина) и многу течност да пие доколку е во можност, доколку се сомневате дека не спаѓа температурата мора да го посетите педијатарот каде стручно ќе му направат купка за да спадне, вие можете дома само полуладни облози на чело, а по телото онака „како да го бришете“ немојте да го мачкате со други средства од тип на бабини лекови (оцет, спирт) поради оштетување на бебешката кожа која за кратко време ќе има мака со нафрлување на осип, но пак ќе кажам треба да бидете во контакт со вашиот педијатар макар и на мобилен не смее дете да „трпи“ неколку дена висока температура која нема врска со избивање на осипот кој избива според тајмингот кој почнува со инкубација поврзано и со имунитетот и други фактори! (y)



п.с.
..раствор на хиперманган во водата за бањање делува како дезифициенс на кожата и тоа е потребно само кога по кожата веќе изби осипот со меурчињата за да не би дошло до некоја дополнителна инфекција од чешање и пукање на истите, а со раствор од овесна каша или со малку растворена сода бикарбона, разблажен јаболков оцет со вода 1:1, се мачкаат осипите и се остава така да се исушат за да го смират силното чешање!

 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
4 години, варичела според прегледот кој вчера го направи педијатарот.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
4 години, варичела според прегледот кој вчера го направи педијатарот...
... јас ти дадов погоре неколку фотки на три различни сипаници, ако имаше осум месеци или годинка со варичела сипаници не ќе качеше толку температура полесно поминуваат помалите деца, како и да е мое мислење е да му дадеш сируп парацетамол, а доколку детето не сака или не може да голта, се става чепчиња- супозиторија парацетамол и за 2,3 дена сигурно ќе избие осипот по телото неповрзано со тоа пролонгирано или не од температура и од тоа што ќе му дадеш парацетамол доколку се задржува 39 степени температурата, со малку ладни облози на чело и по тело онака како бришење по кожа со полуладна облога со вода!
п.с.
зарем педијаторот не ти даде совет околу покачување на температурата и давање на сируп парацетамол?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Не му беше покачена тогаш и само прегледот за да се утврди што е и кои работи да ги користиме против чешање. Ќе прашам неколку педијатри и да видам какви мислења ќе добијам од нив. Фала во секој случај.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
Не му беше покачена тогаш и само прегледот за да се утврди што е и кои работи да ги користиме против чешање. Ќе прашам неколку педијатри и да видам какви мислења ќе добијам од нив. Фала во секој случај.Sent from my Mi A1 using Tapatalk
...па затоа што не му беше покачена во тој момент, вашиот педијатар требаше да ве предупреди дека после инкубацијата (влез на вирусот во телото) како прв симптом е појава на покачена температура, а потоа избива осип низ целото тело, како вашиот педијатар сето тоа го прескочи на веќе неизлезени или „непукнати“ зацрвените водени меурчиња да ве советува за „чешањето“? зарем тоа е опасноста од вирусот, а не покачена температура и можна ангина т.е.инфекција на горни респираторни тракт? аууу па одозгора ќе прашаш повеќе педијатри? па зарем твоето дете нема СВОЈ матичен педијатар кој и на сон знае све за твоето дете повеќе од самиот ти? :facepalm:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
За истегнат мускул подобро е ладни или топли облоги? Некоја маст или крема да препорачате?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
За истегнат мускул подобро е ладни или топли облоги? Некоја маст или крема да препорачате?
...прво то, а потоа кога ќе се смири истегнатиот мускул другото! двете облоги делуваат на циркулацијата на крвта, на различен спротивен начин!



ладните облоги го успорува протокот на крвта со што се намалува болката, а топлите облози го зголемуваат протокот на крвта со што доаѓа до подобро снабдување со кислород и исфрлување на штетните материи и побрзо ставање во функција со загревање на веќе оздравен „истегнат“ мускул !



ладни облоги претежно се ставаат на „повреден“ мускул чие истегнување се случило до 48 ч, со присутен оток или без него, кога има тенденција за појава модрица или чувствуваме болка, ладните облоги можеме да ги примениме кога имаме болка поради префорсирање т.е. поради некоја претерана спортска активност или предолго пешачење, па чувствуваме моментални болки во колкот, колено, подколеница, зглоб!



топлите облоги се ставаат кога имаме вкочанети мускули со хроничка болка во зглобовите, со топлината се опуштаат мускулите и попушта болката, при спортски активности топли облоги применуваме ако сакаме побрзо да се загрееме со вежбањето за подобра еластичност или топли облоги ќе примениме кога истегнатиот мускул веќе е во нормала ама сакаме побрзо да го загрееме пред некоја спортска активност за да не ни се случи повторно истегнување на истиот!



ХОТ- гел кој дава сензација на топлина и се употребува кога имаме болки на мускули од реуматска природа или се применува за загревање пред физички т.е. спортски активности или пред пешачење на веќе оздравениот „истегнат“ мускул!



примена на диклофенак гел за истегнат мускул!
повредата на мускулот т.е. истегнувањето Distenzio може да биде благо оштетување (оштетени до 5% мускулни влакна) кое поминува со 2,3 недели мирување, делимично оштетување на мускулните влакна но се уште е мускулот во целина, повреда чие санирање бара мирување од 2 до 5 недели и на крај повреда на мускул со расцеп на самиот континуитет на мускулните влакна каде се бара хирушка интервенција со три месечна рехабилитација, сето ова треба сериозно да сфати поради повторување на повредата која може да биде покомплицирана, затоа при истегнување на мускул потребно е период на мирување,



криотерапија (ладни облоги, неколку минути циркулативни движења со мраз околу местото на истегнувањe, доколку се има болка користење на аналгетици (Аналгин таблети) или антиревматици (Наклофен дуо), по можност користење на еластичен завој (зависно каде е истегнат мускулот) или доколку е посериозна ситуацијата мора физикална терапија!


вакви „ладни кеси“ и „ладен“ гел секогаш си носам кога имам некоја спортска активност во моментот се нанесува на местото на повреда или едноставно при болка од преоптоварување на мускулите на нозете и зглобот при предолго пешачењ, чуда прави! (y)

...значи, само ладни облоги, при болка од истегнување на мускулот!(y)
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
После вежбањето во теретана кога се туширам приметив дека кожата на нозете и на рацете многу ми се збрчкува, за разлика од другите. Пробав туширањето да биде различно со млака, студена, топла вода, но тоа збрчкување секогаш ќе се појави, не ми пречи, немам нешто последици од тоа, но се прашувам дали е тоа нормално или знак за некое почетно пореметување во телото? Ваше мислење?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.517
Поени од реакции
37.355
После вежбањето во теретана кога се туширам приметив дека кожата на нозете и на рацете многу ми се збрчкува, за разлика од другите. Пробав туширањето да биде различно со млака, студена, топла вода, но тоа збрчкување секогаш ќе се појави, не ми пречи, немам нешто последици од тоа, но се прашувам дали е тоа нормално или знак за некое почетно пореметување во телото? Ваше мислење?
... а дали и дома, по неделното туширање истото се случува или тоа само после вежбање во теретана?
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Пијам Алицеа, денес примив анестезија на заболекар. Дали денес да се напијам од Алицеата? Дали може да настанат некои несакани дејства?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom