... штом немаш болки (како прв знак на воспаление на простата, проблеми со мокрачните патишта или рефлексна болка од бубрег) вибрациите може да бидат како разултат од храната во последните 2,3 дена, најчесто гасовите така „вибрираат“
Синдром на компјутерско око
...како што самиот го опиша само после 3 часа седење пред монитор, може да се јави наеднаш замаглување на едното око за краток временски период што укажува на почетна миопија заради акомодационен спазам т.е. рефракциона аномалија на окото, доколку носиш наочари диоптријата треба да се смени, ако не носиш наочари и ако продолжиш со вакво темпо на заморување на очите пред мониторот тоа поретко трепка со што се губи влажноста на истото и се добива „суво око“ и можност за кратковидност поради тоа што окото потешко фокусира...
препорака би било доколку зависиш од компјутерот или твоја професионална работа е да „зјапаш“ во мониторот:
- заштити ги очите со специјални очила со специјални стакла за заштита на окото со посебни филтри што го „одмора“ и штити окото од плаво виолетово светло,
-секој 20 минути да се гледа некој предмет најмалку одалечен 6 метри, па наеднаш да се гледа предмет поблиску и така наизменично далеку блиску, лево десно едно 5 минути,
-мониторот да биде одалечен од окото најмалку во должина колку „една твоја рака“ и секогаш да биде чист без прашина,
-никогаш да не се гледа осветлен монитор во темна просторија,
-наизменични облоги од топли/ладни на затворени очи,
...така да нема што да се плашиш овие два дена додека одиш на офталмолог, знам дека сигурно мислиш ете нешто се случува во мозокот, крвниот притисок, дијабет што нема врска со тоа што се жалиш!

еве и самиот види и слушни :