Да не го отепаа повредите Дисинџер ќе беше во елитната листа леви бекови во светот, страшно талентиран играч, движења, шут, преглед на игра, завидна техника, многу добар и во одбрана, идеална висина, но со стаклени нозе.
Сличен тек на кариера како Гребиј од Франција,можеби и бетер, таман ќе се врати на терен и нова повреда-долга пауза...
Доколку е здрав и го одминат повредите би бил повеќе од достојна замена за Вуко кој очигледно е дека нема сила за 60 минути, како и би имал, машина да си при такви дуели нема шанси да задржиш концентрација и ефикасност во текот на сите 60 минути, вака одморен, кога би ротирал со друг бек и неговиот процент на реализирани удари сигурно ќе е далеку подобар..
Истото важи и за Кисељев на другата страна, треба да добива повеќе минути дечкото, солиден играч, интелегентен пред се, посебно кога ќе се земе во предвид дека ова му е само прва сезона како игра во ЛШ, на вакво ниво, Кристопанс покрива доста во одбрана, но во напад има проблеми, посебно ако не му оставаат простор за скок шут, како што беше случајот со РНЛ, кога беше принуден да оди на дуел игра, доста добро си креираше чисти ситуации но завршницата беше слаба,
ЈА УБИ МАШКОСТА НА АПЕЛГРЕН,

во буквална смисла на зборот...

Страшна техника и движења има дечкото, за таа ненормална висина, но мора да поработи на завршницата, во одбрана нема збор, брка страшна работа, и Калараш е добар..