- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.775
- Поени од реакции
- 9.579
Не наметнувај лични твои констатации во мојот пост. Каде прочита во мојот пост дека пишувам дека се невини? Ако има докази со кои се потврдува незаконско однесување уште утре нека ги осудат. Друга ми е поентата која очигледно ја заобиколуваш како и делот од постот кој не ми го цитираш и самиот си го знаеш одговорот зошто.Navistina, Gvujo i Mile mi tekna se nevini kako cvet, ama im mestat slučai za da go otrgnat vnimanieto na javnosta.
Зошто овие истраги не се објават во било кој друг ден или период туку баш се поклопуваат по некоја “случајност“ во денот и почетокот на периодот кога се отвара Комисијата за Уставни прашања. Можеби една од најважните седници досега за државава.
Зошто не се започна и објви истрагата во изминатите месеци и години за најголемиот “реформски“ министер во оваа влада, најголемиот “европски“ политичар кај нас кој нели ќе не носи во ЕУ, туку баш сега. Ќе морам да потенцирам зошто многу такви се декларираат во моментов. Мислам на Бујар Османи од ДУИ. Можеби затоа што и ДУИ почна да „мрда“ во овој период или затоа што не им ја испорача бројката на референдумот? До вчера стоела таа истрага во фиока и оп по потреба излегува со некаква цел во овој момент. Имаме селективна правда и тоа од најголеми мери.
Премногу случајности нели?
Гледам дека секој напад кон Заев и владава се обидуваш да го релативизираш со Груевски и тие до него, а гледај дека во поголем дел од овде на темава тие не им се ни битни затоа што не ги засегаат. А Заев е во моментов на власт и тој со неговата екипа прави серија глупости. Јас, а и повеќето овде сме за правда за сите, како за глупостите од минатите политичари, така и за тековните. Тековниве како се тргнати со година ипол мандат, спремај се како ќе ги правдаш и браниш по некој период затоа што верувам дека за х години ќе завладее правдата за сите во државава и како претходните така и нив ќе ги стигне судот.
Знам дека си про СДСМ, про Заев, про оваа влада, со некаква причина сигурно. Тоа си е твое право, размислување и одлука и јас го почитувам сето тоа. Но почитувај ги и туѓите ставови без релативизирања на истите.