Не може да се прават никакви паралели на Македонија со ниедна земја (пр. Украина, Сирија, или Источна Европа).
Македонија и Македонците историски (од времето на СФРЈ) припаѓаат како основачи и предводници на Движењето на неврзаните. Накратко прочитајте на :
Код:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B2%D0%B8%D0%B6%D0%B5%D1%9A%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5
Неутралноста на народот кон НАТО или Русија е константен интерес. На овој дел од просторот на Европа, така се живее со децении. Не ги лажете во ЕУ и НАТО дека Русија, националисти или марсовци , бојкотираат или даваат отпор за неутралност на својата земја - Македонија. Во Македонија народот ги бојкотираше наметнатите решенија.
Јас знам дека луѓето ги мрзи да читаат , па би им препорачал да го гледаат филмот Изборот на Кралот (THE KING'S CHOICE или KONGENS NEI ) , па да видите како народ и лидер се бори за својата неутралност.
Со Бојкот-отпор.
Замени го името на Норвешка со Македонија, па гледајте ја:
- владата на господинот Квислинг која има само еден избор,
- Хитлер ( НАТО или може и Русија за споредба) каде има два избора за договор на соравотка (окупација). Или си ЗА или ПРОТИВ договорот кој ти го нуди (... е тука можеш да правиш класични компарации со земји како Украина, Сирија или земјите зафатени од Арапската пролет, ... итн),
- И изборот на кралот (или Хорхе) и народот (или неутралната држава) кој одбива да се изјасни кој е За или Против за договорот на Хитлер (Преспански,Тирански,Бугарски, ... итн), преку постапката на БОЈКОТ на изјаснување-отпор,
И се знае како заврши 2 Светска војна,....со капитулација на фашистите и нивно праќање на Сибир. А народот повторно си ја воспостави својата волја (власт).
Секоја земја создава филмови за својата историја. па и одтука може да видите дека ние како народ не се разликуваме од другите другите. Како рекол Хитлер: Народ кој не пружа отпор, не заслужува да постои.