Иначе за ова "олеснувањево" ви кажав уште пред месеци, требаше да влезе во сила од 1ви јули ама го префрлија за 1ви јануари. На денот на подавањето на документите ќе се спроведува интевју и толку. Ама затоа пред да се спроведе интервјуто ќе се прегледуваат документите и тие кои не се во согласност со законските норми (Наредба бр. 1 од 1999г. за примена на петта глава од Законот за бг државјанство) ќе се враќаат т.е. одбиваат. Именно моментално се во сила измените (веќе 2-3 месеци) со кои Советот за државјанство директно може да дава Отказ на предметите кои смета дека не ги исполнуваат законските барања, а не како што беше пред тоа да ги ставаат на дополнителна или да изготвувааат протокол за указ/отказ до потпретседателот на Р. Б'лгарија. А за оние на кои сметаат да им дадат, а им недостасува документ, ги ставаат на дополнителна.
Еве еден пример:
Дипломиран Економист од Мала Преспа - Албанија, аплицирал преку прва братучетка, Советот смета дека треба да му се даде државјанство и го става на дополнителна проверка за да достави потврда од здружение и да помине и кај вицепрезидентката како така затоа што нели Дипломирал во Бугарија и говори перфектно бугарски, а не е ставен на положително затоа што тоа положително автоматски значи Отказ од вицепрезидента.
Е сега направете си ја математиката што како....