Како сте задоволни од градбите на Настел?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во Европа во такви згради сите плаќаат се, без разлика дали одат или не, тука ќе биде тежок окршај познавајќи го нашиов менталитет :D
 
F

Flatter

Гостин
Абе каков базен, каква теретана. Па уште ќе ти даеле да бираш. Па 99% ќе одберат да не плаќаат. Не може таква работа, сите плаќаат све. Нема ко Блажо со логиката "јас на први сум, по скали ќе си одам, не плаќам за лифт".
Нема врска тоа. Тоа базен финтес и слични багатели не е задолжително за секој станар. Тој што сака може да си плаќа. Како на пример цената за пливање тој што сака мислам дека беше 400 ден за 2 часа или повеќе не сум сигурен.

А тоа нели лифт, чистење и се основно околу зградата е 39 ден од квадрат и е задолжително за сите.

Тај што не плаќа нормално со извришител ќе си има работа :D

Во Европа во такви згради сите плаќаат се, без разлика дали одат или не, тука ќе биде тежок окршај познавајќи го нашиов менталитет :D
Во европа е друго... Ние сме 50 години далеко од европа. Имаме среќа што и овие згради се направија.

Инаку според мене треба повеќе облакодери да се прават а не тоа што го прават зграда на секој чекор.
 
Последно уредено од модератор:

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Јас сум месец дена во Голден Арт и ми се има погодено, не слушам комшии (можда се тивки), никакви звуци од соседни станови. И во однос на топлинска изолација е многу добро зошто никогаш не ми било ни малку ладно досега, дури се мислам дали да се приклучувам на парно, ако има некој искуство со ова, нека пише. Спалните се по 10 квадрати, а вкупно станот е 54 квадрати. Дневната е мала, ама не ми ни треба тој простор. Има балкон и прозор веднаш до кујната, не е типичен случај кога имаш кујна споена со дневна, па тек после дневната да е балконот. Елена Лука беа поскапи, Настел се повеќето распродадени, а Џевахир се нетранспарентни со цените. Имав добро мислење за Настел, се додека не видов што направија во Тафталиџе, кога ги вселија станарите, а сеуште не обезбедија пристапност и паркинзи. Плус тој барокен стиропор за фасада. Некако, сите тие, и Настел, и Адора, и Голден Арт, и Елена Лука покажаа некое девијантно однесување, се однесуваат како мегаломани, ненаситни капиталисти, бутаат, да биде поголемо, понабутано, без многу размислување. Меѓу две згради што се веќе нивни направени, почнаа да бутаат нови згради. И тоакопии на претходните, за да се знае од кој се направени. Најголемото чудовиште што се прави моментално во Аеродром е Порта што директно излегува на Јане Сандански. И не е ни мала зграда, него становите си гледаат едни во други.

porta.png
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Околу типот на згради како Џеваир.
Ок е, нека ги има.
Има многу мераклии на капитализам на форумов. Еве да споделам искуство и како се распоредени недвижностите и кој каде припаѓа. Кај нас пред се' многу ме нервира што се манипулира со овој збор „елитно“. Нешто да е елитно, треба да ги има карактеристиките на Џеваир. Не мислам на катноста, туку на услугите што ги добиваш од самата зграда и каде таа се наоѓа. Во градовите каде има созреан капитализам, се знае во која населба какви згради се градат. Си има поефтини населби, тие имаат малку потешки врски со градот, повеќе возење со автобус, метро и немаат квалитет како „елитните“ во смисол врска со административно и деловно јадро на градот, близина на вода, шума, река исл. И многу добро се знае кој каде купува стан. Ако си копук, нема шо да бараш у зграда у која самото живеење чини 100-200 и повеќе евра месечно. Тоа е таа капиталистичка сегрегација и тоа е тоа. Сиромашните и богатите не живеат заедно. Кај нас уште го нема тоа и не е на пат да се појави. Има едни ружни зградишта у Тафталиџе името им е Престиж, луѓето паркираат на улица, а за квалитетот на материјалите на становите ич да не зборам, кинеска Џ класа. Овие „екстра“ facilities како теретани, базени, пинг-понг, играчници....тоа нема во ниедна од овие настели, адори пошо продаваат лажно „луксузирање“.
Во базенот и теретаната мора да има вработени, ако ништо друго, барем за чистење, а да не зборам за тренери и спасувачи (што се задолжителни). Од што ќе им вадиш плата на тие луѓе? Од што ќе плаќаш струја и вода за тие содржини? Погоре пишав дека сум плаќал за такви работи, а дали два пати ги имам користено. Едноставно, работиш по 10-12 саати, саат и пол во денот ти проаѓа во превоз до работа и не те занима ни базен, ни бела мачка гледаш после работа. Во тие два пати кога бев во теретаната имаше петорица све на све, од 200 станови.
Имањето на овие содржини е нешто што ја дига цената и не им дава на сиромаштија ни да помислат да живеат таму. Тоа е капиталистичкиот принцип.
Додека кај нас имаш некој шо со кредити едвај скрпил за гарсоњера и лик што споил три ката у зградата и вози бел Ауди А7 да живеат заедно. Во капитализам (и на запад и на исток) нема такви работи.
Кај нас сите се научени дека доаѓаш у зграда и дозволено ти е да наметнуваш свои "принципи" и да кажуваш како треба. Во уредени земји зградите имаат законски дефиниран куќен ред што меѓу другото значи и дека внатре во станот не смееш градежно да интервенираш. Кај нас прво купуење на станот и заградуеш тераса, стааш тенда, клима, ролетни, рушиш оџак, столб, носечки ѕид и никој ништо не ти може пошо твој си е, нели? Јас едвај се разбрав со говедава од соседи дека рамниот кров на мојава зграда не им припаѓа на тие што живеат најгоре, туку на целата зграда и дека немаат право да добијат корисна површина и затоа ме мразат од дно на душа сега, а не се свесни колку се боси у паметот. Се' што во зградата е заедничко е ЗАЕДНИЧКО и за него се делат трошоци, дали е тоа за тековно одржување или за санација. Одма ќе ти најдат изговори "знаеш јас сум баба, не користам теретана" - повели у друга зграда најди си стан!
Какви и да се зградиве на Настел или било кој друг, дополнително живеењето го усложнува нашата некултура и нецивилизираност.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Најјакото е што кога ќе почнат со изградба некоја нова зграда и на сите рендери има еден куп зеленило околу зградата или на балконите на сите саксии со дрвца. :D
Тоа е тоа што пишав порано трособен беше 75м2, а сега 54м2. Како живеете бе на толку мал простор? И како бе дневната не ви треба, а и таа е мала 12м2 сигурно.
Планирате во иднина да живеете со нови членови во фамилија или ќе го продадете станот од 54м2 и ќе купите од 80м2?

Иначе месечно основното одржување во Џевахир е скапо, ама пак тие за цената што ја плаќаат за м2 за купување на станот имаат и опремено кујна, купатило, плакар во ходник, а надвор во ходник посебни соби за фрлање ѓубре, системи за греење и ладење и 24/7 топла вода, а со тоа и намалени сметки за струја и вода.

Немаш потреба од клима, а знаеме дека секој нов купува и каде најде таму ја става. Имаат рецепција каде си ја земаш поштата, обезбедување, сопствен паркинг. Никој не смее да ти го земе паркинг местото. Тоа базен е плус и не мора да го користат и плаќаат.

Не сум мераклија на ваков тип на згради со висина до месечината и не сакам ништо повисоко од 3 спрат.
За овие помали згради вреди да се даде пари, освен ако во иднина не изникне некое чудовиште до нив.

Aerodrom 13.jpg
Aerodrom 12.jpg


А овие важно до центар се. Кај и да е ќе ги срушат и куќите и ќе изникнат уште две згради. :D

cWIXSTKh.jpg
 
F

Flatter

Гостин
Ова што го прават на ништо не личе на секој чекор зграда. Треба под итно да се донесе закон зграда што ќе се граде да биде најмалку 40катница како што е Џевахир за потребна дозвола на градба.

Повеќе зеленило а помалку згради ама да бидат големи е клучот за чист, убав и еколошки град. Ама не им доваѓа паметот...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Има едни фаци ги викаат Рихтер и Меркалиј што не се согласуваат со тие висококатниците на територијата од Скопје, особено во деловите каде што се протегаат раседите (од Расадник преку стара рампа, па Центар, па Партизанска). Не дека нема да ја погодиме статиката, ама знаејќи како се крати на материјал и како се потпишуваат употребни дозволи во државава, ќе биде весело да го почнеме тој тренд на облакодери.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Додека кај нас имаш некој шо со кредити едвај скрпил за гарсоњера и лик што споил три ката у зградата и вози бел Ауди А7 да живеат заедно. Во капитализам (и на запад и на исток) нема такви работи.
Кај нас сите се научени дека доаѓаш у зграда и дозволено ти е да наметнуваш свои "принципи" и да кажуваш како треба. Во уредени земји зградите имаат законски дефиниран куќен ред што меѓу другото значи и дека внатре во станот не смееш градежно да интервенираш. Кај нас прво купуење на станот и заградуеш тераса, стааш тенда, клима, ролетни, рушиш оџак, столб, носечки ѕид и никој ништо не ти може пошо твој си е, нели? Јас едвај се разбрав со говедава од соседи дека рамниот кров на мојава зграда не им припаѓа на тие што живеат најгоре, туку на целата зграда и дека немаат право да добијат корисна површина и затоа ме мразат од дно на душа сега, а не се свесни колку се боси у паметот. Се' што во зградата е заедничко е ЗАЕДНИЧКО и за него се делат трошоци, дали е тоа за тековно одржување или за санација. Одма ќе ти најдат изговори "знаеш јас сум баба, не користам теретана" - повели у друга зграда најди си стан!
Кај нас уште немаат научено како се живее во град т.е уште си ги влечат навиките од селата иако се иселени после втората светска војна и барем 2 генерации се веќе во градот.
Затоа и имаш луѓе што не одржаваат хигиена, а се возат во јавен превоз и слични глупости.
Една од тие навики останати од село е што мислат дека живеењето во зграда е исто со живеењето во куќа, можеш што сакаш да правиш и што е најлошо никој, ама баш никој ништо не превзема.
Реновираат, доградуваат, преградуваат и слични глупости и тоа не е да речеш, ај еве за 2,3 недели и ќе заврши, брате тоа трае по 5 години пошто сам свој мајстор, работи по 2 часа во сабота или недела.
И воопшто не ми се јасни луѓето, ако станот не ти се свиѓа, барај си нов или што си гледал додека купуваш, а не не е проблем, имам јас 2 другари мајстори они за 2 гајби пиво ќе го средат и ќе ги тероризирам сите во зграда едно 2 години.
Затоа има и вака лоши станови со стуб во средина на соба, пошто знаат градежниците дека ќе се продаде. Да мисли македончето што купува немаше да има лоши станови, ама македончето прво се заебува па после мисли.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
И воопшто не ми се јасни луѓето, ако станот не ти се свиѓа, барај си нов или што си гледал додека купуваш
Во ова лежи целата суштина. Природниот след на работите би бил: расте семејството, се селиш во друг, поголем стан. Македонски след на работите: расте семејството, па почињаш со заградување на балконот, па бараш у општина доградба, па надградба и автоматски градот се претвара у фавела. Со една жена од Амстердам зборевме, вика дека тенденцијата е да се изнајмува простор за живеење, затоа што често ги менуваат работните места. Сакам да кажам дека луѓето размислуваат практично. Добар дел од нив немаат време да се замараат со бесконечни реновирања и унаказување на објектите. Затоа Холандија е мераци да се шеташ по градовине, а Скопје ниту во новиве згради не делува уредно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Трособен стан во 54 квадрати? :cautious:
такви се. За поголеми со регуларни стандарди на соба, ходник,..., доаѓа скапо. Нема ни стандард скали и заеднички простории. Инспекција, елаборат...што беше тоа.
Со една жена од Амстердам зборевме, вика дека тенденцијата е да се изнајмува простор за живеење, затоа што често ги менуваат работните места. .
и во холандија има миграции село град ама со ова што е последнава деценија-две може да се рамни едино со периодот на колективизација. Вакви миграции одамна немам видено. Во зградава 3/4 се од други места. те, ку, ве, дб, де...дури и тие што имаат пари и работа бегаат Скопје. Во Скопје немаме наталитет 15%.
Ова не е со цениве и неквалитетот ради вонземјани.
Оние што се ложеа на пораст на бдп преку градежништвото и бесплатна работна сила, ги носеа за ситно во главниот град, продај им неквалитетни станови за ѓавол ипол. Види северниот какви се цените и Ченто, Маџари...им нудиш кирија 80-90 евра цела куќа опремена, јок бе, се смеат...ај бе ја у Бутел ли да живеам...граџаните де. Да им се чудиш на памет.
Затоа се и цените такви. Негде 400-600 евра за нормални куќи, негде дури и за стан 900-1300 евра, понуда и побарувачка си го кажува своето.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Кај нас уште немаат научено како се живее во град т.е уште си ги влечат навиките од селата иако се иселени после втората светска војна и барем 2 генерации се веќе во градот.
Затоа и имаш луѓе што не одржаваат хигиена, а се возат во јавен превоз и слични глупости.
Една од тие навики останати од село е што мислат дека живеењето во зграда е исто со живеењето во куќа, можеш што сакаш да правиш и што е најлошо никој, ама баш никој ништо не превзема.
У зграда карши мене (најгоре на трети) се доселија од Кочани некои (некој од ЕБР и жена му).
Све ОК,али женава си мисли дека сосема во ред она коа ја чисти/мете терасата само ѓубрето да го фрла/избуткува од тераса, наместо да го собира и фрла во канта. Тоа е, според мене, флагрантно болење уво за интересите и добробитта на другите, т.е. на тие три тераси испод нивната, кои со таа прекрасна постапка добиваат тон прашина и ѓубре. Среќа (?) испод неа живее една баба, малку ненормална и им се развикуваше многу, па ваљда се научија, пошто не им вика више. (или тој од ЕБР и се заканил)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Сум живеела и под кирија 2 години и си има и тоа недостатоци, течеше покрив, имаше заостанати сметки, и слични проблеми.
Па сега у денешно време барем е лесно од една страна ништо да не складираш и да не чуваш залихи, а од друга страна да си го направиш целиот мебел по мерка. За детската ќе ставам аголен шифоњер до таван, кревет на спрат, големо аголно биро исто по мерка да има место за двајца. Јас мислев дека ако веќе купувам 50 и кусур квадрати, дека треба барем да има што е можно подобар распоред, и по можност две спални. Има многу станови со оваа квадратура што сум гледала од Адора и Настел каде што едната спална (детската) е некои 6,7 квадрати, што е премалку, а исто така има многу станови со оваа квадратура кои што се двособни. Нудењето посебна соба за секое дете и не е нешто на кое целам, не сакам да се изолираат да седат цел ден сами во соба и да играат игрици неограничено на свој компјутер. Јас сум по некој старски систем во кој компјутерот треба да го делат децата, исто така и собата, и сум против тоа да им ставам компјутер во соба. Ако јас имав компјутер во текот на средно и факултет, веројатно немаше ни да завршам образование, не ставив компјутер во соба, иако имавме 2, 3 компјутери. И иако живеевме во 100 квадрати, сепак ја делев собата со сестра ми и никогаш немав посебни проблеми со тоа, она учеше во спалната, а јас во читална најчесто. Не ја искористивме премногу квадратурата, на пример имавме едно биро и нормални мали шифоњери. Квадратурата заврши највеќе работа во моменти само кога имаше некакви собири со роднини и пријатели, инаку надвор од тоа, истите бенефити и недостатоци ќе ги имав и да живеев во 54квадратен стан.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Кога се помали може да ја делат двајца, ама поголеми тешко. Мене ми беше малку 75м2, имавме посебна соба со брат ми. На секој му треба посебен простор за учење, одмарање и не е никакво изолирање. Тој си ја средуваше неговата по негов вкус и доаѓаше негово друштво, а јас мојата по мој вкус и мое друштво.
Како сте немале проблем, па ете сестра ти учела во спалната значи имала потреба од посебна соба.

У зграда карши мене (најгоре на трети) се доселија од Кочани некои (некој од ЕБР и жена му).
Све ОК,али женава си мисли дека сосема во ред она коа ја чисти/мете терасата само ѓубрето да го фрла/избуткува од тераса, наместо да го собира и фрла во канта. Тоа е, според мене, флагрантно болење уво за интересите и добробитта на другите, т.е. на тие три тераси испод нивната, кои со таа прекрасна постапка добиваат тон прашина и ѓубре. Среќа (?) испод неа живее една баба, малку ненормална и им се развикуваше многу, па ваљда се научија, пошто не им вика више. (или тој од ЕБР и се заканил)
Таа многу убаво знае дека тоа не е во ред, ама така и одговара и не сака да се мачи да го собира кога може само да го избутка долу.

Јас живеев на први и имавме посебен влез од другата страна и целиот простор со трева и со најразлични цвеќиња, стази, а оние над нас секој ден фрлаа ѓубре. Местото не беше на никој, ама не можевме така несредено да го гледаме.
Тоа фралање беше од инат, зошто да го фрлаат во канта кога поубаво е одозгора да гледаат како друг им го собира.

На таквите изгори им го газот со некоја висока казна, па дали ќе помисли на тоа, а не пак да го направи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom