@boban984 Јас сум бил одамна и криво ми е шо не јебе ова со карантиниве...сакам да одам пак.
Има планинарски клуб од Драчево и мислам дека и домот Караџица го именуваа Филип Чакаларов по дечкото што почина, а мислам дека и едно време живееше таму. Не загина, туку мислам изненадно дека почина многу млад дечкото, а сите го збореа како супер домаќин....за жал, ете.
Побарај ги на фејсбук или инстаграм.
Патекава што прашуваш е нешто слично како од Чеплес - има некој „колски“ пат, ама мислам дека е само за џип. Планинарската патека ако добро се сеќавам некако го сече тој пат. Треба да влезеш во Алдинци и после мислам дека само по колскиот се стига до домот, некаде каде што пишува 3,5км на твојава мапа.
У секој случај прашај ги луѓево ако можеш, може и gps запис ќе ти дадат, а може и да ти кажат дали е маркирано.
Неколку пати имам одено на една „забава“ што се организираше на Бегово поле, а се спиеше во и околу домот. Да бидам искрен, има делови во кои е многу интересна патеката за одење, ама има и еден прилично досаден дел каде што се оди по рамно, некаде во потегот на домот е тоа. Исто така, страната од Чеплес нуди поглед на фамозниот кулоар на Солунска, една од најубавите глетки според мене на Балканов, а од Караџица го гледаш врвот како обичен конус.
Супер сме проаѓале таму. Кој може нека оди кога е убаво времето.