Муабетот се сведе дека културната супериорност на западот е всушност деградација на основната клетка во оштеството-семејството. Муабет тебе ти се сведе на ниски сарказми, и навивање.
Ова што nти пат ja повторуваш супериорноста, е доказ за навивачкото ти разсудување. Глобализмот, модернизмот, американизацијата или како и да ги нарекуваш го доживаа пикот, сега стагнираат следува пад. Така е со секој тренд или уредување. Промовираниот од Русија мултиполарност и сувереност на културите е во подем.
Ако бабата имаше мадиња ќе беше дедо.
И не само тоа туку и наплам бомби ќе фрлаше врз Егејците како пред 70 години
И се меша во внатрешните работи на други земји, за разлика од западот кој ја почитува сувереноста на државите.
Скрипал тука си го пропуштил.
Овие не не пуштаат за нив не знаеме. Вреди да се проба нема што толку да изгубиме.
Значи сепак немаат демократски капацитет. Излегува дека или сте со нас под наши услови или сте против нас? Тоа е демократија??? Еве досега не сме биле со Русија а сме имале западни аспирации, Русија сепак соработува. Од ова излегува дека Русија е по-демократска од "светиот" запад.
Признавање на националниот и културен идентитет, гаранција за териториална целост, енергетски проекти, слободна трговија на 180 000 000 пазар...
Не знам кај виде сарказам, еве ќе пробам да ти одговорам во една целина.
Значи од тебе никој слепо не бара да пресликуваш ничија култура и вредности. Имаш еден куп ново примени членки на ЕУ кои што одбиваат да практицираат мултикултурализам во своите општества. Типичен пример за тоа ти се членките на ЕУ од источно европскиот блок, или Вишеградска група. Последно кон нивните политики даде поддршка и Бугарија.
Ти штом се приклучуваш кон некој сојуз по дифолт во залог ставаш дел од својата сувереност во име на заедничките политики кои што тој сојуз ги води. И да влеземе во сојуз еве со Русија, зборувам хипотетички, ќе треба да сме потчинети на нејзините политики. Ова по мене е крајно глупав потег кога ќе се земе во предвид дека скоро три децении, барем декларативно водиме прозападна политика, се декларираме како демократско општество кое што ги негува тие вредности. И сега од еднаш "пу пу неважи" ќе фрлиме в дупка политики кои што сме ги граделе триесет години и преку ноќ ќе смениме курс за 360 степени и ќе се претвориме во Молдавија или Белорусија.
И за мултикултурализмот, ставовите за и против. Ние и по устав и по закони се декларираме како мултиетничка и мултикултурна држава на сите народи и народности кои што живеат на оваа територија.
И еве повторно ќе ја повторам супериорноста на Западот, барем кога станува збор за регионот. Во моментов ние сме под западно влијание и тоа е факт. Русија ако можеше нешто посериозно да направи за да го спречи тоа одамна ќе го направеше. Нејзиниот опсег на делување е сведен на неколку држави околу нејзе. Еве и влијанието кое што го имаше во Украина го изгуби. Опколени се од сите страни со земји членки на НАТО. Барем кога станува збор за Европскиот дел. Ист случај е со Балканот. Јас не знам како поинаку да ти објаснам дека ова што ти го зборуваш, сојуз со Русија е практично невозможна работа. Би било самоубиство ако тоа некој проба да го направи.
Пристапот од старт ти е погрешен. Многу романтичарски гледаш на работите. Во меѓународната политика не барај правда, тука единствено има простор за интерес. Кога станува збор за држави како нашата игра принципот на "морков и стап"
Го немаме ние тој луксуз да изигруваме неутралци, не тука, на ова подрачје. Ако сакаме да опстанеме како држава нема да бираме и да правиме сојузи од "братска љубов" туку ќе гледаме да се припоиме кон страната која што нуди најдобри изгледи за опстанок и просперитет.
Оди кажи му ги овие работи на Балтичките држави кои што три децении беа газени од руска чизма па види што ќе ти кажат, кога му било подобро, додека беа под Руска окупација или сега, кога се членки на ЕУ и НАТО.
Да разграничиме од илјадити пат, во пракса не постои такво нешто како демократија во нејзината полна дефиниција.
Факт е дека Западот ни има направено доста неправди низ историјата, но' и Русија не е цвеќе за мирисање. Не може да се занемари нејзината улога во потпишувањето на "Букурешкиот мировен договор" која што како една од големите сили застанала на страната на потписниците.
Па и фрлањето напалм врз македонците од Егејска Македонија во грчката граѓанска војна и пасивноста на Русија. Тоа веќе била завршена работа преку поделбата на сфери на влијанија меѓу победниците во 2св се донело одлука Грција да падне под Западна сфера и Русија со прст не мрдна во тој период.
Имаме многу да изгубиме ако јавно стапиме во сојуз со Русија. Западот нема да седи мирен и да го дозвили тоа. Ќе направиме грешка од епски размери, ќе се ставиме во фокус на големите сили а таквите држави неславно завршуваат. Видете ја Сирија, нека ви служи за пример.
И малку што имаме да добиеме за возврат а многу да изгубиме.
Русија можда е пазар од 140 милиони ама Европа е пазар од половина милијарда за кој што Кинезите копаат канали за да стигнат до него. Најбогат клуб на држави чии граѓани се на врвот по својата куповна моќ. Русија не може да ни даде никаква гаранција за нашата територијална целовитост. Во меѓународните односи држави како нашата служат како топовско месо, ништо повеќе.