Можно сценарио за менување на Уставот ако не успее со пратеници од ВМРО ДПМНЕ:
1. закажуваш ептен брзи избори, мислам дека 45 дена е минимумот, а 60 дена максимумот, од распуштање на Собранието.
2. ВМРО ДПМНЕ се буни, бидејќи според „пржинскиот договор“ премиерот (во случајов Заев) 100 дена пред избори треба да поднесе оставка, да се формира „техничка влада“ во која министри за полиција, земјоделство и социјала ќе се од ВМРО ДПМНЕ. А 100 дена се 3 месеци и нешто.
3. Заев не прифаќа „пржинска влада“ со „изговор“ дека му се брза. (поддржан од нашите демократски „пријатели“ од НАТО и ЕУ)
4. ВМРО ДПМНЕ се буни, негодува.. но ништо. И нашите „пријатели“ се сложуваат со брзи избори без законската „пржинска“ влада
5. ВМРО ДПМНЕ не учествува на изборите
6. Коалицијата за промена на името на Р. Македонија освојува 102,6% пратеници во Собранието
7. Се гласаат и изгласуваат уставните амандмани и РМ станува Северна, со се' „остало“...
8. (По некое време, можна пак оставка и избори со „пржинска“ влада... ама небитно, предавството е веќе завршено)