Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Кои 1.2м ? :pos:
Кога беше последен пат во Македонија ?
350к никогаш за ништо не гласаат, 500к иселени или на привремена работа.
350к плус 500к е 850к.
1.2м минус 850к е 350к. ;)

650к плус 350к еднакво на 1м плус 100к што се полнат е еднакво на излезеноста.
Тие 350к иако мислам не се толку, што никогаш не гласаат зашо не зависат од никој, сеа ќе гласаат. Прашањето е од преголем интерес за опстанокот на државава и ќе има рекордна излезеност.
Во 2016та вмро падна ради (неопределените од анкетите, што се определија) па имаше 1 190 000 гласачи, така и сега бројот ќе биде огромен (над 1.2 милиони ти гарантирам).
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.394
Поени од реакции
11.873
Замисли си.Ако се испазарат за пратенициве да гласаат во собрание а за возврат овие да се пуштат од затвор,крив ќе биде Грујо.Оти се пазарел.А нема да биде Заев на кого цела кампања му беше за правдини и ќе си лежите а на крајот го пуштил за гласови во собрание.
Комуњарска логика,тоа е.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.358
Поени од реакции
21.777
Не е ова ВМРО па со едно јавување да затвараат луѓе, тешки обвиненија и јаки адвокати се во прашање, а и судството е исто од времето на вмро, неможеш реформи да спроведеш преку ноќ, без пари, без стручни лица...нешто што го има во една унија.:свиркам:
Не е точно. СДСМ рано и домаќински си почна со реформи во судството. Почнаа со местење и унапредување судии според нивно тефтерче уште на самиот почеток од мандатот.

Досега веројатно цело судство го имаат реформирано.

Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Инфериорни се економски, технолошки, културолошки, наспроти САД и сојузниците.
Сакав да ти реплицирам дел по дел како она што си го пишал е слободна неаргументирана анализа, но откако го прочитав ова дека: земјата на Пушкин, Гогољ, Достоевски,Толстој, Чајковски била културно инфериорна, дека: земјата со најголемиот научно-технички потенциал со 450 000 луѓе и 3 500 организации и институти кои се занимаваат со наука и технологија, се откажав.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591

Од денешна гледна точка се културолошки инфериорни. Ретко кој гледа руски филмови, ретко кој слуша руска музика, сите трендови после втора светска војна се производ на Западот, и од страна на мода и од страна на музика. Не збориме за квалитет, говориме за мејнстрим, општоприфатена културолошка глобализација на која што ни самата Русија не е имуна па ни тогашниот Советски сојуз остана имун.
Западот е креатор на трендови, денес живееме во нивно доба. Носиме фармерки, слушаме музика од претежно амерички и британски изведувачи, на торент симнуваме амерички блокбастери...
Од кога добивме пристап до широкопојасен интернет и безвизен режим цела држава опсесивно се обидува да го копира Западно Европскиот и Амерички стил на живот.

Јас не ги оспорувам научните капацитети и технолошките достигнувања на Русија и поранешниот Советски сојуз. Зборам оти нивниот економски модел не е во состојба тие пронајдоци да ги монетаризира, да ги исфрли на светскиот пазар и од нив да создаде брендови. Америте во целост го користат маркетигот и бренд менаџирањето, русите никад немале смисол за дизајн ниту пак за естетика.
IPhone уредите го револуционаризираа начинот на живот. Apple ти е типичен пример за ова што ги го зборувам од погоре. Иновативност поткрепена со дизајн и силен маркетинг, бренд менаџирање доведено до совршенство. Iphone не е само технолошки изум, тоа ти е тренд, животен стил на многумина, ја обликува културата во која што живееме денес.
Најголемите технолошки корпорации и гиганти потекнуваат повторно од САД, Западна Европа и Кина.
Интернетот е Западен продукт.

Кон овие работи се стреми обичниот македонски граѓанин, ги гледа секој ден, се дел од секојдневието. Никој не сонува Македонија да се претвори во Руска енклава на Балканот, изолирана точка опколена со ЕУ и НАТО држави.

Тоа ми беше поентата кога реков културолошки и технолошки инфериорни во однос на Западот.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Одличен пост, кажано најпрецизно и најточно.
(y)
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Западот е креатор на трендови, денес живееме во нивно доба. Носиме фармерки, слушаме музика од претежно амерички и британски изведувачи, на торент симнуваме амерички блокбастери...
Некако си ги испуштил деградирачките културолошки појави типични за западните општества.
Јас не ги оспорувам научните капацитети и технолошките достигнувања на Русија и поранешниот Советски сојуз. Зборам оти нивниот економски модел не е во состојба тие пронајдоци да ги монетаризира, да ги исфрли на светскиот пазар и од нив да создаде брендови.
Не никако, само што моќната американска НАСА, без руска технологија, може да лета од Флорида до Тениси.
Кон овие работи се стреми обичниот македонски граѓанин, ги гледа секој ден, се дел од секојдневието. Никој не сонува Македонија да се претвори во Руска енклава на Балканот, изолирана точка опколена со ЕУ и НАТО држави.
Уште помалку обичниот македонски граѓанин сонува за вредности од типот на: двополови бракови посвојување на деца од истие...и влез во тие организации под уцени какви ни се сервирани, впрочем во неделата се виде. ептен е устремен кон овие вредности Македонецот.
Си заборавил да пишеш дека не само изолација туку и војна па ако не и атомска бомба ќе ни мавнат.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Моментално најголеми противници за идење на избори се албанскиве партии.
Свесни се дека со моменталново расположение на македонците, во никој случај нема да се сигурни дека ќе победат, а евентуален пораз, ги носи во опозиција.
Влада без албанска партија? :icon_lol:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Некако си ги испуштил деградирачките културолошки појави типични за западните општества.
Вистина е, во последниве децении се создаде плодна почва за развој на такви девијантни појави и декаденција на традиционалните западни општества на сметка на промоција на некои други, различни вредности како: мултикултурализам, лгбт права...
Не постои совршено општество, стремење кон такво општество е стремење кон утопија. Можеш ли ти да потврдиш дека Руското општество е имуно на ваквата ерозија на традиционалните културни вредности?

Можеш ли да го наречеш демократско или општество кое се стреми кон нулта корупција, имуно на олигархија и владин криминал? Кој пример би го зеле од нив? Дали велиш дека треба нашето општество да го уредиме по пример на Руското за да тргнеме напред?
Зарем тоа не би било контрадикторност? Затоа што збориме за демократија и правна држава а ваму велиш да правиме сојуз со автократска држава како алтернатива за да одиме напред.

Не никако, само што моќната американска НАСА, без руска технологија, може да лета од Флорида до Тениси.
Мислам дека не ми ја сфаќаш поентата.

Уште помалку обичниот македонски граѓанин сонува за вредности од типот на: двополови бракови посвојување на деца од истие...и влез во тие организации под уцени какви ни се сервирани, впрочем во неделата се виде. ептен е устремен кон овие вредности Македонецот.
Си заборавил да пишеш дека не само изолација туку и војна па ако не и атомска бомба ќе ни мавнат.
Можда не сонува за овие работи ама чисто се сомневам дека сонува да живее во авторитарна држава со корупција до срж, во меѓународна изолација...
И во неделата, македонецот не излезе да гласа на референдумот од други причини, не затоа што беше против членство во ЕУ и НАТО. Под некои различни околности, ова да беше референдум 'за или против' членство во овие организации, без уцени од типот промена на име, јас гарантирам дека во огромно мнозинство народот ќе гласаше ЗА.

А за војна и атомска бомба, оти да се секираме? Еве Русија ќе не брани, или не?
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Вистина е, во последниве децении се создаде плодна почва за развој на такви девијантни појави и декаденција на традиционалните западни општества на сметка на промоција на некои други, различни вредности како: мултикултурализам, лгбт права...
Не постои совршено општество, стремење кон такво општество е стремење кон утопија. Можеш ли ти да потврдиш дека Руското општество е имуно на ваквата ерозија на традиционалните културни вредности?
Ниту едно општество не е имуно па ниту руското, но друго е да ги промовираш тие вредности друго е да промовираш спротивни на тие. И не беше поентата дали се имуни тие туку дека потекнуваат од според тебе "културно супериорниот запад".
Можеш ли да го наречеш демократско или општество кое се стреми кон нулта корупција, имуно на олигархија и владин криминал? Кој пример би го зеле од нив? Дали велиш дека треба нашето општество да го уредиме по пример на Руското за да тргнеме напред?
Зарем тоа не би било контрадикторност? Затоа што збориме за демократија и правна држава а ваму велиш да правиме сојуз со автократска држава како алтернатива за да одиме напред.
Глупо е да импутираш дека Русија е автократска, не демократска..баба рога, а да се застпауваш за "демократскиот запад", кој не уценува како нај долни кучки и се однесува како шериф непочитувајќи го нај основното право на народите-правото на самоопределување.
Во твој стил да прашам: западот нема корупција и олигарсија?
Ние треба да си уредиме општество складно за нас и нашите услови и ситуација во кој се наоѓаме, не според западно, Руско или незнам какво.
Можда не сонува за овие работи ама чисто се сомневам дека сонува да живее во авторитарна држава со корупција до срж, во меѓународна изолација...
Очигледна ти стана навивачката западо-филија и хистеричната Русофобија.
Ова со изолацијава е ново? До скоро беше војна. Јас за разлика од тебе не сум до толку скептичен во демократскиот капацитет на западот, не верувам заради тоа што би избрале друг пат ќе не изолираат.
А за војна и атомска бомба, оти да се секираме? Еве Русија ќе не брани, или не?
За атомска бомба не знам, но дека ќе не брани од наметнати решенија кои не сме ги прифатиле, да кажаа ќе не бранат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Ниту едно општество не е имуно па ниту руското, но друго е да ги промовираш тие вредности друго е да промовираш спротивни на тие. И не беше поентата дали се имуни тие туку дека потекнуваат од според тебе "културно супериорниот запад".
И сега на што се сведе муабетов: не влагајте во ЕУ педери има. Ептен јак аргумент за да се претвориме во Руска енклава.
Културолошки супериорниот Запад е факт и секојдневие. Ова ти го пренесувам како информација за реалноста во која што живееме. Некои ја викаат глобализација а други американизација. И ниту Русија не е имуна на овој тренд. Само што таму се случува во поинакви околности.

Глупо е да импутираш дека Русија е автократска, не демократска..баба рога, а да се застпауваш за "демократскиот запад", кој не уценува како нај долни кучки и се однесува како шериф непочитувајќи го нај основното право на народите-правото на самоопределување.
Во твој стил да прашам: западот нема корупција и олигарсија?
Ние треба да си уредиме општество складно за нас и нашите услови и ситуација во кој се наоѓаме, не според западно, Руско или незнам какво.
И Русија да беше во позиција на САД и ЕУ во моментов и да требаше да не пушти курбан во име на сопствените државни интереси, око немаше да му трепне на Путин. Не Северна Македонија, ами ќе им дадеше каталог со имиња на Грците сами да си одберат име без поимот Македонија во него.
И не импутирам ништо. Русија ти е типичен пример за автократска држава. Они никад ни јавно се немаат декларирано како демократија, сами се свесни оти ќе звучат смешно.

Не постои општество со нулта корупција, само постои разлика каде што држави како тие на Запад, кои се стремат кон такво општество, и ја имаш Русија, каде што се местат избори ко од шала и сред бел ден се елиминираат и затвораат политички неистомисленици.

И ти мислиш дека ако влезиме во сојуз со Русија они ќе не остават да си изградиме општество по наша мерка, без тие да ни се мешаат во внатрешните работи, како што сега впрочем прават САД заедно со нивните вазали?

Очигледна ти стана навивачката западо-филија и хистеричната Русофобија.
Ова со изолацијава е ново? До скоро беше војна. Јас за разлика од тебе не сум до толку скептичен во демократскиот капацитет на западот, не верувам заради тоа што би избрале друг пат ќе не изолираат.
Пошто ме етикетираш, ќе ти речам дека и тука грешиш. Јас сум прагматичен човек, гледам објективно на работите. Нит Запад бранам ниту пак Русија. Ако Русија имаше навистина нешто конкретно да ни понуди, нешто опипливо за народот, тогаш реално ќе ја сметав за сериозна алтернатива.

Јас не реков дека ќе не изолираат оти референдумот не помина, туку дека ќе не изолираат ако јавно се откажеме од нив и тргнеме на страната на Русија. Еве Русија ти е пример за таква изолација, економска и секаква и не за џабе рекле србите: "ским си такав си"

И за крај, еве, пошто јавно се декларираш како проруски настроен, еве образложи твое мислење: Кои би биле придобивките за државата Македонија од еден таков сојуз.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
И сега на што се сведе муабетов: не влагајте во ЕУ педери има. Ептен јак аргумент за да се претвориме во Руска енклава.
Културолошки супериорниот Запад е факт и секојдневие. Ова ти го пренесувам како информација за реалноста во која што живееме. Некои ја викаат глобализација а други американизација. И ниту Русија не е имуна на овој тренд. Само што таму се случува во поинакви околности.

И Русија да беше во позиција на САД и ЕУ во моментов и да требаше да не пушти курбан во име на сопствените државни интереси, око немаше да му трепне на Путин. Не Северна Македонија, ами ќе им дадеше каталог со имиња на Грците сами да си одберат име без поимот Македонија во него.
И не импутирам ништо. Русија ти е типичен пример за автократска држава. Они никад ни јавно се немаат декларирано како демократија, сами се свесни оти ќе звучат смешно.

Не постои општество со нулта корупција, само постои разлика каде што држави како тие на Запад, кои се стремат кон такво општество, и ја имаш Русија, каде што се местат избори ко од шала и сред бел ден се елиминираат и затвораат политички неистомисленици.

И ти мислиш дека ако влезиме во сојуз со Русија они ќе не остават да си изградиме општество по наша мерка, без тие да ни се мешаат во внатрешните работи, како што сега впрочем прават САД заедно со нивните вазали?

Пошто ме етикетираш, ќе ти речам дека и тука грешиш. Јас сум прагматичен човек, гледам објективно на работите. Нит Запад бранам ниту пак Русија. Ако Русија имаше навистина нешто конкретно да ни понуди, нешто опипливо за народот, тогаш реално ќе ја сметав за сериозна алтернатива.

Јас не реков дека ќе не изолираат оти референдумот не помина, туку дека ќе не изолираат ако јавно се откажеме од нив и тргнеме на страната на Русија. Еве Русија ти е пример за таква изолација, економска и секаква и не за џабе рекле србите: "ским си такав си"

И за крај, еве, пошто јавно се декларираш како проруски настроен, еве образложи твое мислење: Кои би биле придобивките за државата Македонија од еден таков сојуз.
Е, не си совсем прав. Верно, пари Русиjа нема да даде, зошто нема. Ама еве, Индусите им вратие едно врече со авиони МИГ29, зашто не сакале да летаат. На Вучето му изпратие, мислам осум. Што ке е проблем Пу да прати примерно два и во Македониjа? Мене друго ми се глуми со тоа референдум. Заев сега сака да пробува да да го пробута тоа договор во Собраньето, ама во него стои клауза "потврдено на референдум". Сиреч, ако Договорот помине, Заев ке речи, дека поминал и на незодолжителниот референдум, зошто гласале 92% од сите, дека гласале. Ама секое грче ке речи, дека референдумот пропаднал. И така нине, присне и во веки веков, амин. Jaсно, како бел ден, дека Македониjа ке мораа да тражи некоjа друга варианта и таа не мора да е Русиjа. Само да ви подсетам, дека Албанците го имаат подписано еден военен договор со Кина, уште од времьето на Енвер, коj никогаш не бил прекинат и си важи. А Албаниja се зачлени во НАТО. Тоа ке речи, дека ако НАТО со Албанциве се степа со Русите, Кинезите мора да одат на страната на НАТО, кое тие ке го стораат со преголем кеф! Сите пророчества и во Русиjа и на Балканот велаат за Кина до хребетот на Урал. Русите тоа го знаат предобро.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
И сега на што се сведе муабетов: не влагајте во ЕУ педери има.Културолошки супериорниот Запад е факт и секојдневие. Ова ти го пренесувам како информација за реалноста во која што живееме. Некои ја викаат глобализација а други американизација. И ниту Русија не е имуна на овој тренд. Само што таму се случува во поинакви околности.
Муабетот се сведе дека културната супериорност на западот е всушност деградација на основната клетка во оштеството-семејството. Муабет тебе ти се сведе на ниски сарказми, и навивање.
Ова што nти пат ja повторуваш супериорноста, е доказ за навивачкото ти разсудување. Глобализмот, модернизмот, американизацијата или како и да ги нарекуваш го доживаа пикот, сега стагнираат следува пад. Така е со секој тренд или уредување. Промовираниот од Русија мултиполарност и сувереност на културите е во подем.
И Русија да беше во позиција на САД и ЕУ во моментов и да требаше да не пушти курбан во име на сопствените државни интереси, око немаше да му трепне на Путин.
Ако бабата имаше мадиња ќе беше дедо.
Не Северна Македонија, ами ќе им дадеше каталог со имиња на Грците сами да си одберат име без поимот Македонија во него.
И не само тоа туку и наплам бомби ќе фрлаше врз Егејците како пред 70 години:oops:
И не импутирам ништо. Русија ти е типичен пример за автократска држава. Они никад ни јавно се немаат декларирано како демократија, сами се свесни оти ќе звучат смешно.
И се меша во внатрешните работи на други земји, за разлика од западот кој ја почитува сувереноста на државите.
Не постои општество со нулта корупција, само постои разлика каде што држави како тие на Запад, кои се стремат кон такво општество, и ја имаш Русија, каде што се местат избори ко од шала и сред бел ден се елиминираат и затвораат политички неистомисленици.
Скрипал тука си го пропуштил.
И ти мислиш дека ако влезиме во сојуз со Русија они ќе не остават да си изградиме општество по наша мерка, без тие да ни се мешаат во внатрешните работи, како што сега впрочем прават САД заедно со нивните вазали?
Овие не не пуштаат за нив не знаеме. Вреди да се проба нема што толку да изгубиме.
Пошто ме етикетираш, ќе ти речам дека и тука грешиш. Јас сум прагматичен човек, гледам објективно на работите. Нит Запад бранам ниту пак Русија.
:pipi:
Јас не реков дека ќе не изолираат оти референдумот не помина, туку дека ќе не изолираат ако јавно се откажеме од нив и тргнеме на страната на Русија. Еве Русија ти е пример за таква изолација, економска и секаква и не за џабе рекле србите: "ским си такав си"
Значи сепак немаат демократски капацитет. Излегува дека или сте со нас под наши услови или сте против нас? Тоа е демократија??? Еве досега не сме биле со Русија а сме имале западни аспирации, Русија сепак соработува. Од ова излегува дека Русија е по-демократска од "светиот" запад.
И за крај, еве, пошто јавно се декларираш како проруски настроен, еве образложи твое мислење: Кои би биле придобивките за државата Македонија од еден таков сојуз.
Признавање на националниот и културен идентитет, гаранција за териториална целост, енергетски проекти, слободна трговија на 180 000 000 пазар...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom