Ниту едно општество не е имуно па ниту руското, но друго е да ги промовираш тие вредности друго е да промовираш спротивни на тие. И не беше поентата дали се имуни тие туку дека потекнуваат од според тебе "културно супериорниот запад".
И сега на што се сведе муабетов: не влагајте во ЕУ педери има. Ептен јак аргумент за да се претвориме во Руска енклава.
Културолошки супериорниот Запад е факт и секојдневие. Ова ти го пренесувам како информација за реалноста во која што живееме. Некои ја викаат глобализација а други американизација. И ниту Русија не е имуна на овој тренд. Само што таму се случува во поинакви околности.
Глупо е да импутираш дека Русија е автократска, не демократска..баба рога, а да се застпауваш за "демократскиот запад", кој не уценува како нај долни кучки и се однесува како шериф непочитувајќи го нај основното право на народите-правото на самоопределување.
Во твој стил да прашам: западот нема корупција и олигарсија?
Ние треба да си уредиме општество складно за нас и нашите услови и ситуација во кој се наоѓаме, не според западно, Руско или незнам какво.
И Русија да беше во позиција на САД и ЕУ во моментов и да требаше да не пушти курбан во име на сопствените државни интереси, око немаше да му трепне на Путин. Не Северна Македонија, ами ќе им дадеше каталог со имиња на Грците сами да си одберат име без поимот Македонија во него.
И не импутирам ништо. Русија ти е типичен пример за автократска држава. Они никад ни јавно се немаат декларирано како демократија, сами се свесни оти ќе звучат смешно.
Не постои општество со нулта корупција, само постои разлика каде што држави како тие на Запад, кои се стремат кон такво општество, и ја имаш Русија, каде што се местат избори ко од шала и сред бел ден се елиминираат и затвораат политички неистомисленици.
И ти мислиш дека ако влезиме во сојуз со Русија они ќе не остават да си изградиме општество по наша мерка, без тие да ни се мешаат во внатрешните работи, како што сега впрочем прават САД заедно со нивните вазали?
Очигледна ти стана навивачката западо-филија и хистеричната Русофобија.
Ова со изолацијава е ново? До скоро беше војна. Јас за разлика од тебе не сум до толку скептичен во демократскиот капацитет на западот, не верувам заради тоа што би избрале друг пат ќе не изолираат.
Пошто ме етикетираш, ќе ти речам дека и тука грешиш. Јас сум прагматичен човек, гледам објективно на работите. Нит Запад бранам ниту пак Русија. Ако Русија имаше навистина нешто конкретно да ни понуди, нешто опипливо за народот, тогаш реално ќе ја сметав за сериозна алтернатива.
Јас не реков дека ќе не изолираат оти референдумот не помина, туку дека ќе не изолираат ако јавно се откажеме од нив и тргнеме на страната на Русија. Еве Русија ти е пример за таква изолација, економска и секаква и не за џабе рекле србите: "ским си такав си"
И за крај, еве, пошто јавно се декларираш како проруски настроен, еве образложи твое мислење: Кои би биле придобивките за државата Македонија од еден таков сојуз.