Решавање на спорот низ меѓународните правни механизми не знам дали воопшто е можен, затоа што ние уште одамна сме се нафатиле процесите до изнаоѓање на решение да ги водиме со медијација на ОН. Плус од меѓународната зедница секогаш се ставало акцент дека спорот мора да се реши низ процес на преговори меѓу двете земји. Решение по судски пат е невозможно, затоа што и пресудата во наша полза, кога Грција неосновано не блокира во Букурешт, беше тотално изигнорирана и искористена како тоалет папир, а беше правна последица.
Ако евентуално договорот не помине низ собраниска процедура, дојде до предвремени избори, секоја наредна власт ќе треба да биде спремна да понуди реална алтернатива на ЕУ и НАТО. Затоа што ќе останеме заглавени на тој пат со сигурност. Ќе нема смисла веќе да се водат никакви преговори со Грција за името...
Реално ќе се најдеме во една сива зона, баш како во познатата реплика од Среќна нова 49, Западот не отпиша, Исток не не запишува. Оти ако гледаме реално, руското присуство тука, било какво, зборам за економско, политичко, културно...е сведено на минимум, е неспостоечко. Што доволно говори за нивниот интерес за нас. Они не имаат пуштено низ вода одамна.