Вистината за ЕУ која се премолчува

Член од
24 април 2008
Мислења
11.078
Поени од реакции
12.630
https://off.net.mk/vesti/biznis/tragedijata-na-evroto

Трагедијата на еврото

3 Септември 2018 - 17:59

За прв пат во човековата историја 19 европски нации се откажаа од сопствената валута за да користат заедничка валута. Ова се сметаше за круната на децениските процеси за обединување на европските народи по сите дотогашни успеси што ги донесе нивното единството, пред се децении минати без војна.

Пред ова, нациите потпишаа договори за непречена соработка, ги отворија границите и пазарите како за трговија, така и за размена на луѓе, либералните вредности масовно се ширеа, а со сето ова и просперитетот на граѓаните опфатени од новиот систем.

Во 1969-та европските лидери го претставуваат тогаш незамисливиот прогресивен проект за заедничка валута, кој во тоа време се базира на размислувањето дека компаниите и патниците ќе заштедат пари на размена на валути, додека во исто време ќе се зголеми трговијата и патувањата во границите на Европа. Ова беше надополнето и со ветувањето за Европска централна банка, која ќе ја води единствената монетарна политика на Унијата, и која нема да паѓа под притисок на земјите членки и нивните потреби.

„ Но клучните играчи многу брзо ги сфатија опасностите од ваквата промена. Тие сфатија дека користа од полесните трансакции во Европа е многу мала. Она што веројатно го немаа јасно размислено е дека станува збор за економски предлог кој е близок до теорема колку што е тоа економски возможно. Во труд од 1968, Милтон Фридман, објаснува дека главна функција на монетарната политика е да помогне во минимизирање на макроекономското изместување - да спречи економскиот бум да стане преголем и да го намали времето што економијата го минува во рецесија.

Монетарната политика, како што инсистира Фридман, не може да и помогне на економијата да ги зголеми своите долгорочни можности за раст. Плус: ако монетарната политика е лошо имплементирана, таа може да предизвика трајна штета и може, од таму, да ги намали долгорочните можности за раст. Како ’француски клуч’ фрлен во запчаници, лошо избрана и лошо темпирана монетарна политика го нарушува нормалното економско функционирање. Одејќи по патот на монетарната унија, европските лидери ја зголемуваа веројатноста европската монетарна политика да фрли француски клуч во запчаниците на нивните економии “
, пишува во својата книга Евро-трагедија: Драма во осум чина, професорот по економија од Принстон и поранешен раководител на одделот за истражување на ММФ, Ашока Моди.

Тој нагласува дека европските лидери константно се свесни дека ветените политички придобивки се нереални, како и тоа дека и покрај повторувањето на мантрата за „политичка унија“ тие знаат дека нема да се откажат од сопствените даночни приходи за да обезбедат значителна помош за другите нации што ќе се најдат во проблеми. Тие се подеднакво свесни и дека ризикот од економски конфликт на интереси е реален, како и тоа дека овој конфликт ќе доведе до политички конфликт.

„ Од моментот кога заедничката валута беше предложена во 1969, до нејзиното воведување во 1999, потврдата за овие предупредувања се случуваше повеќе пати. Повторно и повторно. Меѓутоа ризиците беа стишувани, а алтернативните гледишта тргани на страна.

Суштинската мана на заедничката валута беше елементарна. Со откажување од нивните национални валути, членките на евро-зоната изгубија важна политичка алатка. Ако земјата членка ја снајде рецесија, таа нема да има валута чија вредност ќе може да ја девалвира за нејзините компании да можат да продаваат во странство по пониска цена во однос на доларот што за возврат би го засилило извозот и вработеноста. Земјата членка исто така не би имала централна банка која ќе може да ги намали каматните стапки за засилување на домашното трошење и стимулирање на растот.

Овој базичен пропуст создава акутни тешкотии во моментот кога економиите на земјите што ја користат истата валута почнат да се оддалечуваат една до друга. Ако италијанската економија е во проблеми, а германската и понатаму напредува, заедничката каматна стапка на Европската централна банка ќе биде преголема за Италија а прениска за Германија. Заради тоа, економските проблеми на Италија ќе продолжат, а германската економија ќе добие дополнителна сила. Во природата на заедничката валута е дека кога земјите членки ќе почнат да се оддалечуваат една од друга, заедничката каматна стапка ќе предизвика ова оддалечување на почне да расте.

Кога овие елементарни проблеми се земени предвид, економистите кон крајот на 1960-те заклучиле дека за заедничката валута воопшто да има шанса, треба да постојат значителни фискални трансфери од земјите со напредна економија кон членките кои се заглавени. Во примери со една држава, една валута, една царина, како САД, одредени сојузни држави добиваат повеќе финансии од федералниот буџет, а граѓаните кои се погодени од економски проблеми плаќаат помали федерални даноци во однос на граѓаните од сојузните држави со помалку економски проблеми. Кога се обезбедени такви бенефити, никој не се буни околу нив, бидејќи според актуелниот политички договор (во САД) тие се легитимни. Од тука економистите заклучуваат дека за ова да успее, потребен е заеднички буџет под една фискална власт.

Ако Европа сака да продолжи по овој пат, националните парламенти ќе треба малку да се повлечат; и нивната задача главно ќе биде да префрлаат пари во заедничкиот буџет. Европски министер за финансии кој одговара пред Европскиот парламент ќе користи средства од заедничкиот европски буџет за стимулирање на економијата на заглавената земја членка и со тоа ќе ја скрати рецесијата. Иако фискалните трансфери не гарантираат успех, без нив целиот план станува опасен подвиг.

Од прв ден беше јасно дека Европејците нема да бидат волни да се согласат на заеднички буџет. Германците разбирливо беа загрижени дека ако тие се согласат да ги делат своите даночни приходи, тие ќе се претворат во финансиери на секакви проблеми од остатокот на Европа. Па така, заедничкиот буџет како пат до Соединетите европски држави со евро како единствена валута беше политички тргнат од масата “
, појаснува Моди.

Кога веќе ја немаат оваа опција Европејците почнуваат да кружат околу „некомплетна монетарна Унија“, која подразбира заедничка монетарна политика без некои од клучните безбедносни системи.

„ Со ваква некомплетна структура, конфликти околу спроведувањето на монетарна и фискална политика беше неизбежно да се случат “, пишува Моди.

Кога избиваат конфликтите, кои се нормални дури и во поединечните држави, ЕУ нема политички механизам за решавање на истите, па последователно и кога ќе се појават финансиски кризи, нема заеднички прифатен начин за нивно решавање. Работите само би се влошиле со растурање на веќе воведената некомплетна монетарна унија, па ако некоја држава ја напушти за време на кризата, нејзината домашна валута ќе биде ужасно девалвирана, а државата и сите во неа ќе треба својот евро (или доларски) долг да го исплаќа со девалвираната валута. Во таква ситуација голем број од државите би банкротирале.

„ Зошто Европејците се решија на таков потфат кој не носи никаков очигледен бенефит, но огромен ризик? Зошто тие се помирија со очигледните контрадикции? Како овие контрадикции се покажаа кога еврото беше пуштено? Каде заврши Европа?

Има одговор кој ги покрива сите овие прашања. Европските лидери немаа добра претстава зошто и каде се движат. И како што е кажано, ако не знаеш каде одиш, ќе завршиш на друго место. И покрај нивната идеалистичка визија, Европејците завршија на друго место. Како што може да се очекува, ова друго место не е добро место. Еврото им згреши на повеќе негови земји членки. Создаде остра поделба меѓу Европејците. Ако Аристотел денес беше жив тој ќе гледаше како ’извонредно добри и правични’ мажи и жени ја одигруваат Евро-трагедијата, ’не преку пороци или расипаност’ туку со ’грешки и фрагилност “
, пишува Моди.
 
B

Bafra

Гостин

Многу добар текст. Бравос за Моди :aplauz:
Финтата е што народ не го интересира утре, т.е. последиците од денешните активности. Затоа за нив ЕУ е супер, мед и млеко, супер организирани, нешто налик на СФРЈ, а после кога ќе се распадне, Илуминатите, Ротшилд и остали :вонзем: се виновни. Ене некои дури се мочаат од смеење кога ќе спомнеш ЕУ се распаѓа.

Арно ама кога почнува да крвари не прифаќаат дека е поради тие активности, туку нешто трето е проблемот. Затоа имигрантите во ЕУ ќе го јадат, веќе сегде се труби дека тие биле проблемот. Германецот повикува на граѓанска војна, леви против десни, Франција и Белгија јасно им е колку е часот, а читаме и Словенија имале паравојска :D
 
Најлесно е` да се биде игнорант.

Германците беа игноранти од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.

Воопшто не ги интересираше уништувањето на еврејските бизниси, депортацијата во концентрациони логори, а подоцна и во логори за истребување на Евреите, комунистите, социјалистите, содијалдемократите и останати непожелни групи за Адолф Хитлер и неговата Нацистичка Партија на Германија, воопшто не ги интересираше за последиците од постапките на германските вооружени сили надвор од Нацистичка Германија, и воопшто не ги интересираше што се случува надвор од Нацистичка Германија.

Потоа им се случи 9 мај 1945 и открија дека имало многу работи кои воопшто не смееле да ги игнорираат, па својата игнорантност ја платија со 40 годишна поделба на нивната родна татковина помеѓу истокот и западот.

Најлесно е` да се биде игнорант, тешко е` да се биде реалист.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.315
Поени од реакции
1.846
Во почетокот се пуштат гласини, на крајот сите ќе викаат царот е гол!
Не станува збор за Еврото а комплет за целата ЕУ. Едно уредување може да е убаво за една група луѓе а лошо за друга, примерно древен Египет е добар за Фараонот и елитата, или феудализмот е добар за феудалците и царот, но како систем не се добри за робовите и феудалните селани. Ако би постоел комунизам би бил добар за народот, но за некој што сака да е над другите, да има јахти, златни вц шољи, харем од девици, нема да е убав за него, пошто системот не му дава тоа.
Во капитализмот е исто, за демократски капитализам нема такво чудо, но има варијанти зависно од управувачката елитата, зависи какви цели има. Пример либискиот капитализам, во зелената книга пишува сакаме либијците да имаат свој дом и да може да имаат деца. Создава услови за тоа, забранува имотот да е објект на бизнис и да се дава под кирија, дава поволни без каматни кредити на млади брачни двојки да си купат или изградат дом. Во Сирија беше слично, или примерно за научен кадар, ако нема дава стипендии да студираат во странство, потоа развива бесплатно образование во својата држава.
Да земеме САД и ЕУ, идеологија либерал фашизам, основна цел на таа елита не е народот да живее добро, а нешто друго. Неможеш да кажеш дека европејците живеат добро ако се богати но демографски исчезнуваат, ако елитата имала цел да не ги ликвидира своите граѓани, многу лесно би го стимулирала наталитетот. Или примерно САД, 50 милиона бездомници, первезии, болно општество, негативна демографија и ја пополнуваат со нови зелена карта колонизатори. Германски, шведски и други министри да кажат дека ќе им се сруши пензискиот систем ако не увезат десетина милиони арапи колонизатори, зборува многу јасно за нивните цели, и на денешната елита и на таа пред 70 години, планот Калерги да се измешаат сите и да исчезне белата раса.
Целата таа историја со еврото е само метод во таа матрица, заедно со останатите либерал фашистички методи: отворено општество, пазарна економија, слободна трговија, морален распад...
Во моментов да резимираме: ЕУ е втора најбедна држава во светот после САД со 14 000 000 000 000 Е долг, не произведува ништо освен евра, демографска катастрофа за десетина години нема да може да исплаќа пензии ако не увезе стотина милиона работници, морален распад...
Како и зашто елитите го дозволиле сето ова е интересно прашање, со доволно знаење и моќ можеш да култивираш или преземеш постоечка елита, да исполни било каква задача, од илјадници години е актуелна оваа аксиома, дури и цареви прифаќале да се откажат од тронот и станат вазали.
Со ЕУ е истото, елита потчинета на концептуалната власт исполнува што ќе и кажат, нема никаква шанса така случајно сите елити во евроатланскиот дел да имаат иста визија по секоја точка, освен ако нема општ центар што ги управува.
 
B

Bafra

Гостин
Како и зашто елитите го дозволиле сето ова е интересно прашање
Добро е, си почнал логички да мислиш/прашуваш (y) . Прашањето е на место, па доколку нема соодветен одговор, што би се рекло кој "држи вода", може да се заклучи дека овие работи не ги прават намерно, туку поголем дел се природен тек, а елитата само го јава бранот и од секоја ситуација си прави профит.

Остај го тој Египет, кога немаме информации што и како навистина било. Еве земи примерот на Декстерчо, каде се гледа дека уште од почетокот се знаело ваков систем на ЕУ не може да опстои.
Дали намерно е креиран така ? Ако е намерно, која би било целта, што е добивката? Ако не е намерно, зашто не се преземени мерки за подобрување ?
Зашто елитата би си ги унитшувале своите земји, својот народ, би си правеле кризи, нормално би било да се трудат уште подобро да им биде :toe:

Најлесно е` да се биде игнорант.

Германците беа игноранти од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.

Воопшто не ги интересираше уништувањето на еврејските бизниси, депортацијата во концентрациони логори, а подоцна и во логори за истребување на Евреите, комунистите, социјалистите, содијалдемократите и останати непожелни групи за Адолф Хитлер и неговата Нацистичка Партија на Германија, воопшто не ги интересираше за последиците од постапките на германските вооружени сили надвор од Нацистичка Германија, и воопшто не ги интересираше што се случува надвор од Нацистичка Германија.

Потоа им се случи 9 мај 1945 и открија дека имало многу работи кои воопшто не смееле да ги игнорираат, па својата игнорантност ја платија со 40 годишна поделба на нивната родна татковина помеѓу истокот и западот.

Најлесно е` да се биде игнорант, тешко е` да се биде реалист.
Не се согласувам дека биле игноранти, не знаеле што и зашто го прават. Напротив плански целата работа е направена, голем дел од луѓето биле свесни, а за да имаат подршка од целото население, пропагандата 24/7 си работела.

Наредниве години (здрави и среќни) ќе бидеме сведоци на зголемување на тензиите. Зашто Италија се засилува нетрпение против имигрантите, кога на бар 60% им е јасно дека имигрантите немаат никава врска со носење на одлуки, трошење на буџет итн итн.... тоа уличните проблеми што ги предизвикуваат се ситница и многу лесно се решава, нормално доколку се има желба :sneaky:
 
B

Bafra

Гостин

Демократијата во најдобро светло.
Толку јасно си кажува човеков, да се чудиш како народ не реагира :confused:

Ај може за некоја година ќе ги разбуди нешто од сонот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
Ене некои дури се мочаат од смеење кога ќе спомнеш ЕУ се распаѓа.
Oсобено коа више една деценија го спомињаш тоа, како папагал, а никако да дојде.[DOUBLEPOST=1538471783][/DOUBLEPOST]
Ние 2 милиони овде живееме многу подобро од оние 500 милиони во ЕУ што се.
каде, каде
прашај кој сакаш - од наједноклеточните, па се до куртоните кои се претставуваат како да имаат мозок
 
B

Bafra

Гостин
Oсобено коа више една деценија го спомињаш тоа, како папагал, а никако да дојде.[DOUBLEPOST=1538471783][/DOUBLEPOST]
каде, каде
прашај кој сакаш - од наједноклеточните, па се до куртоните кои се претставуваат како да имаат мозок
А где је печат ..... Зашто лажеш дека деценија го спомнувам тоа ....
2011 сум регистриран, а за ЕУ почнав да читам информации околу 2014. Додека да наполнам деценија на форумов, тешко дека ЕУ ќе биде во овој состав и ваква економска идила :P

УК во 2019 најверојатно ќе си замине без договор, тоа нели веќе е растурање на ЕУ. Италија сега и се закануваат врска буџетот, Германија АФД прерасна во 2ра водечка партија. Наместо ЕУ да се шири и да е се посилна, гледаме (бар некои) дека е се послаба, се повеќе немири, се повеќе незадоволство итн итн.
Фараж убаво објаснува како владее демократијата во ЕУ. :rolleyes:

Процес е во прашање, не е ова од твоите омилени теми за воени битки. За до таму да дојдеме оп,скок,пук, треба овој процес прво да помине. Трпение спасение.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.347
Поени од реакции
84.556
А где је печат ..... Зашто лажеш дека деценија го спомнувам тоа ....
.
Aх, ти сиромав буквално сфаќаш. Не мислев на тебе лично. Лицето кое го употребив треба да се сфати во контекст на лицето кое го употреби ти, а јас се надоврзав на тоа.

Како и да е, како случајно, целото ламентирање во продолжение на твојов одговор, баш спаѓа во групата на злослутни предвидувања за брза пропаст на ЕУ, кои ги слушаме деценија и повеќе, очигледно без поткрепа во реалноста, во која сеуште постои таа ЕУ.
 
Видиш, ти не ја гледаш поткрепата, а некои ја гледаат. Тоа е разликата. Напоменав дека е процес, а секој процес има период. Исто имаш правилата АКО и ТОГАШ.
АКО еу прифатеше пред некоја година да се реформира, ТОГАШ сметката ќе беше помала. ЕУ одбиваат реформи, тераат инает, е сметката ќе биде троа повисока.

Пред 5 каде беа десничарите а каде се сега. Тоа од што им е многу убаво изгледа на европјаните :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom