Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.378
Поени од реакции
86.713
Уба анализа ама кажи сега решение на ситуацијава во која сме и што понатаму. 27 години сме во лимбо, треба да продолжиме пак вака? Не можам да го разберам народов, 12 години седевме во место не ни чинеше, сега сака некој да не однеси во ЕУ и НАТО пак не чини. Уште еднаш европа нема да ни посвети толку внимание и со промена на власта во Грција тешко дека некогаш ќе се стигни до некаков договор.
А прво да си го заметиме дома дворот што велиш? Јас колкушто ја разбирам оваа влада, сака да им го испере мозокот на народот дека чим влеземе во ЕУ (за едно 15 години) и НАТО, готово сите проблеми ќе се решени. Грујо веќе нема да краде, Заев ќе почне да ја гради државата наместо да прави албанизација низ цела земја, Шеќерка нема да се вози со хеликоптер до најблискиот кафич, Кочо ќе престане да лапа тендери.
Оној копукон што ни е премиер моментално (и Б.Ц. истотака нагласи) рече дека сме неспособни (сите, не само политичарите) да водиме држава, и требало да дојде некој од Европа да ни удрел добар ќотек.... еее истиот тој човек што плачеше и крв пушташе во собрание на 27 април, сега вика дека сме неспособни да водиме држава.... МОМЕНТАЛЕН ПРЕМИЕР ШТО ГО ГЛАСАЛ НАРОДОТ!!! Па ако себеси се сматраш за неспособен, зошто бараше поддршка од народот?

Вие сите што лелекате и кубете коси деновиве по ЕУ и НАТО, и патем толку време се боревте против диктатурата и режимот на Грујо, и што толку се противевте на кршење на Уставот во државата, сега истото и вие го правите.... и да моментално тие бирократите од ЕУ и НАТО во кои вие толку што се крстите, моментално во овој момент додека јас и ти се допишуваме мочаат по цел систем во државава. Референдумот не успеа, немаше излезност од 50%+1 на 30 Септември, а овие веќе го прогласија за успешен и и даваат насока на нашата вазалска влада како да го спроведе понатаму штетниот договор од Преспа. Ајде сега да те видам? Уставот? Институциите? НАРОДОТ? Кој го ебе, спуштете ги гаќите и ќутете така? ;)

Немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, али не под ваква не валкана... туку перверзна игра од нивна страна а и од нашата вазалска влада. Не фала, се издржале некако 27 години со арамии и секакви нелуѓе, ќе издржиме некако уште. Прво нека почнат да не почитуваат како народ, после се друго.

А со овој договор што го склопија Заев и Димитров, позицијата за преговори на Македонија ја симнаа едно 100 скалила подоле... и не е никакво оправдување влезот во НАТО и ЕУ(за второво на свети никад ќе влеземе). Е тој договор пробаа да го продадат како успех, и затоа народот им даде жолт картон пред 2 дена... а се надевам дека директен црвен ќе им даде веќе на наредните избори, и дајбоже не 11, туку 111 години да не се вратат мртвиве на власт.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.093
Поени од реакции
16.219

24/7 се протура ФАМА дека нема алтернатива без формално членство во НАТО ??
Па западот ни ја напраи 2001, кога муфљузите ја налутија ПРЦ Кина со признавање на Тајван, добивме ВЕТО и Унпрофор ја тргна војската од границата спрема Косово и се случи платеничката инвазија. Па и во 2015, дивље беше од нив креирано, дури имаше и западни платеници кој МВР мораше да ги пушти, слично како во Арачиново 2001..
А ЦРНА ГОРА ја одбрани границата спрема Косово ПРЕД да влезе во НАТО, мобилизираше ВОЈСКА...

Зошто никој не сака да го разгледа моделот на ИРСКА, АВСТРИЈА... па и Србија прогласи неутралност и никој не и бара формално НАТО за преговори со ЕУ...
24/7 се лае за понижувачкиот договор во ООН од 1995 и ФИРОМ а таму во договорот НЕМА ФИРОМ и нема понижувачки услови како во договорите со Блгарија и Преспанскиот договор...
Зошто никој не дискутираше за Фир Македонија од ООН, ако треба и ерга омнес, без другите будалаштини ???
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
.... МОМЕНТАЛЕН ПРЕМИЕР ШТО ГО ГЛАСАЛ НАРОДОТ!!! ..
На власт не го постави народот. Тоа е најтрагичното, да ти менува „код“ некој кој не добил најголема поддршка кај народот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
@Scirea тоа е епилогот кога ќе се наполниш во партија и раководство со yes men, подлизурковци, луѓе со два реда школо и луѓе кои за се ќе те поддржуваат (Васиљ ениуан?) нема да ти се спротистават за ништо зошто нели како прво тоа не им е работа а како второ 90% од Македонците кои во животот ќе се приграбаат до лидерска функција било каде, се секогаш во право :) Нема кој да каже што не чини, каде е проблемот, се е розево и на денот на избори Титаник удира во мразот. Огромен број на светски фирми при состаноците на бордот доделуваат улога на еден член да биде адвокат на ѓаволот и има задача при секоја идеја, дури и најсјајната да оди контра за да се направи портфолио на сите ризик сценарија кои можат да се остварат, само уште кај нас имаме проблеми со егото и ако не поправи некој за нешто тоа го сфаќаме лично.

Истото го доживеаа прошлите, ќе го доживеат и овие на наредните избори ако не го сфатат сериозно жолтиов картон.

Еве може уште од утре наместо на избори да работат на идејата конечно да се направи попис.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Можно сценарио за менување на Уставот ако не успее со пратеници од ВМРО ДПМНЕ:
1. закажуваш ептен брзи избори, мислам дека 45 дена е минимумот, а 60 дена максимумот, од распуштање на Собранието.
2. ВМРО ДПМНЕ се буни, бидејќи според „пржинскиот договор“ премиерот (во случајов Заев) 100 дена пред избори треба да поднесе оставка, да се формира „техничка влада“ во која министри за полиција, земјоделство и социјала ќе се од ВМРО ДПМНЕ. А 100 дена се 3 месеци и нешто.
3. Заев не прифаќа „пржинска влада“ со „изговор“ дека му се брза. (поддржан од нашите демократски „пријатели“ од НАТО и ЕУ)
4. ВМРО ДПМНЕ се буни, негодува.. но ништо. И нашите „пријатели“ се сложуваат со брзи избори без законската „пржинска“ влада
5. ВМРО ДПМНЕ не учествува на изборите
6. Коалицијата за промена на името на Р. Македонија освојува 102,6% пратеници во Собранието
7. Се гласаат и изгласуваат уставните амандмани и РМ станува Северна, со се' „остало“...
8. (По некое време, можна пак оставка и избори со „пржинска“ влада... ама небитно, предавството е веќе завршено)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.831
Поени од реакции
82.932
На власт не го постави народот. Тоа е најтрагичното, да ти менува „код“ некој кој не добил најголема поддршка кај народот.
Четврт век гласате за некој кој отворено ви вели дека ќе ви мења код. Сеа ко од Марс да сте паднале, се праите.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.780
Поени од реакции
5.046
https://tv21.tv/mk/zaev-i-tsipras-kandidati-za-nobelova-nagrada-za-mir/
Заев и Ципрас кандидати за Нобелова награда за мир
Да гласаме за Заев, да биде прв Македонец со Нобелова Награда. А тоа се пола милион евра плус за Македонската Економија.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
In the beginning само ВМРО не чинеше, а народот "свесен" за случувањата во Македонија се "самоорганизираше" во шарена револуција по принципот на сите други финансирани од Сорос и сл. Македонија во смисла на ентузијазмот беше земја во тоа време како Европа после WW II. Се изнаполни со пари кој се изнаполни, плукаа сите по се што се направи до тогаш..........и..............................................еве уште плукаат, ама сами по себе.

Арно ама го нема веќе ентузијазмот, сега веќе не сме држава за тие копилиња, народот е ѓубре, не не бива, не треба да се поштуе устав и не ебаваат ни полиција ни суд ни ништо.... ама, сакаат да одат во НАТО и ЕУ....у бољи живот(не оној на Заев сигурно)
Колективна шизофренија му се случи на македонскиот народ.
Дел од македонскиот народ се разболе.....а болеста ја носи моментално Заев со целата структура на власт, не помагаат ни антибиотици ни ништо.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.389
Поени од реакции
17.607
Јас би верувал во бројките на Грците со кои располагаат, за бројот на отселени.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Четврт век гласате за некој кој отворено ви вели дека ќе ви мења код. Сеа ко од Марс да сте паднале, се праите.
Не е тоа муабетот. А и кој рекол дека „ќе ни мења код“?
Заев се служи со измама. На митинзи, интервјуа кажува „нема Македонец што би го променил уставното име, истото и потоа“,.... па оп... ново име. И уште ги критикува оние кои не се сложуваат.
Ако му била таа агендата, требаше да го каже пред избори, па да добие таков мандат.[DOUBLEPOST=1538474280][/DOUBLEPOST]
https://tv21.tv/mk/zaev-i-tsipras-kandidati-za-nobelova-nagrada-za-mir/
Заев и Ципрас кандидати за Нобелова награда за мир
Да гласаме за Заев, да биде прв Македонец со Нобелова Награда. А тоа се пола милион евра плус за Македонската Економија.
А.. парите се за добитниците.
Кога ќе му побараат сметка за парите (од Нобел), ќе ги прати кај Виц'то „у мењачница“ да ги однесат. :)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.138
https://tv21.tv/mk/zaev-i-tsipras-kandidati-za-nobelova-nagrada-za-mir/
Заев и Ципрас кандидати за Нобелова награда за мир
Да гласаме за Заев, да биде прв Македонец со Нобелова Награда. А тоа се пола милион евра плус за Македонската Економија.
Не су знаел дека сме биле во војна со јужниве. Ја би предложил фиромјаните да ја добијат таа награда оти се најверни туристи кај соседиве па ептем придонесуваат на мирот. Тоа што им ги кршат колите ќе преќутиме.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.138
Убаво си кажа Козијас.
Списокот горе долу е ок. Ако пола нација е надвор од Македонија тоа не значи дека не треба да се во списокот.

Gesendet von meinem SM-G930F mit Tapatalk
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Навредите кон македонскиот народ, каде се бара да се применува државата, да стане роб на грчките погледи и желби, не престануваат. Вакво безобразие јавно презентирано не доликува никому, особено на „уштогљените“ докажани демократи од „вавилонската блудница“, а и пошироко. Како не се срамат сами од себе. Ова е дел, има многу. Вајгл ја критикува ВМРО ДПМНЕ затоа што се залага за зачувување на кодот на македонскиот народ. Какво безобразие од „висок“ политичар. Какво невоспитание. Па, за вакви коментари од некого барем шамар би добил, за лична навреда.

Гутереш: Политичари, продолжете со имплементација на Договорот
Вајгл: ВМРО ДПМНЕ падна на тестот на зрелоста
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom