И утре да пропадне договорот, оваа владеачка гарнитура направи непоправлива штета на целиот преговарачки процес до сега, во врска со спорот за името. И да продолжат преговорите ќе продолжат од една друга точка во која што: предходно сме прифатиле ерга омнес, сме прифатиле корекција во идентитетот, сме прифатиле смена на устав...и од тука се што ќе следи ќе биде само полошо за нас. Го изгубивме легитимитетот да преговараме за било што, смешно ќе биде да се збори за позиции затоа што од договореното јасно се гледа оти тие се непостоечки.
Овој референдум јас го доживувам како Пирова победа за која што народот и државата ќе платат превисока цена.
Грција на еден или на друг начин, независно од исходот е победник во спорот. Мудро ни ја префрлија топката во наш двор, се измија пред светот од одговорност за децениските блокади кои што ни ги правеа, излегоја на крајот дека тие се прагматичната страна која што е волна за решение а ние сме провокатори и опструктори...
Ова за нив е вин-вин ситуација, маестрално одиграна. А ние на еден или на друг начин, независно од исходот ќе трпиме реперкусии благодарение на овие некадарници, и ним и на сите пред нив кои што буквално не заглавија во жива кал.