За греота Стојанче на што спаднал.
Го вработија него и жена му во МВР, и сега кутриот му изиграва дворски шут на чобанчево од Муртино, крши ѓерамиди и заедно со Ахмети, Талат и Амди повикува да се гласа ЗА на референдумот. А до вчера квичеше дека се предавници тие што преговарале за името.
Колку треба да ти е срозано достоинството, колку треба да немаш самопочит, за вака јавно да се бламираш, како последна џукела. За 400-500 евра плата изиграва кловн, гази врз принципи. За 1000 евра веројатно можам и за лично обезбедување да го ангажирам, по бурек да го праќам.
Жално на што сѐ е спремен човек за пари.
Па уште кога ќе ми текне дека партијата му се вика Достоинство...