Криминалци и криминални групи во МК

Изгледа роли јакуповиќ

Во мојата зграда има стан. Ама не го знаев како таков...
Има хациенда од 300.000 евра до Германска амбасада и две бензински пумпи на автопат.

А што друго лошо се збори за него?
Се изненадив со ова...
 
Последно уредено:
Во мојата зграда има стан. Ама не го знаев како таков...
Има хациенда од 300.000 евра до Германска амбасада и две бензински пумпи на автопат.

А што друго лошо се збори за него?
Се изненадив со ова...
Криминалот на Војо и Ламбе е 0,001 % од тој на Фрчко!
10 септември 2006 - 19:37


Педесет и петгодишниот Роли Јакуповиќ е еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија....

76E77671F15ACB4297AEAEC7FFDFD05F.jpg
Тој, како шеф на обезбедување на СДСМ во тоа време, тврди дека видел се и сешто. Се спомнуваше како организатор на внатрепартистаката тепачка пред изборите во 1994, кога во дискотеката Хард Рок физички се пресмета групата на Фрчковски и Киро Глигоров од една, и на Бранко Црвенковски и Лазе Китановски од друга страна. Ќотекот го изеде Фрчковски и неговата група која ја организираше тепачката, а Роли Јакуповиќ кој потоа тужеше доби судски спор и надомест за штета од еден милион денари (16.000 евра).
Разговаравме на бензинската станица каде што работи веќе 32 години, за активностите на човекот кој го смета за еден од најодговорните за организираниот криминал во деведесеттите. За поранешниот министер за внатрешни, а по атентатот врз Глогоров во 1995, и за надворешни работи - Љубомир Фрчковски, или како што го нарекува, Бобан.
- Иритиран сум од неговите последни јавни настапи, во кои тој отворено ги напаѓа Михајло Маневски и Павле Трајанов за "товар од едноумиетоè. Добро ги познавам и тројцата, па затоа не можам да премолчам и од позиција на сведок да изјавам - најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија - Бобан или Фрчко, некого неправедно да обвинува. Веднаш ќе Ви кажам пример, за да ја сфатите разликата помеѓу Фрчко и Маневски. Михајло Маневски го запознав 1988 година, кога дојде на бензинскава да земе гуми за неговата "ладаè. Човекот ги плати одма со чекови. А Фрчко го прати својот шофер Диме да земе фолии за автомобилски стакла, кои тогаш беа новитет во земјава, за него и за да ги почести неговите пријатели Киро Глигоров и Ксенте Богоев. Зеде околу 50 метри фолија, која до ден-денес ми ја нема платено.
Па, видете што има заработено Маневски во кариерата, а што Фрчковски, иако Маневски со децении е во врвот на правосудството и Владата, беше министер, додека Фрчко беше маргиналец без иднина се додека Глигоров не го стави безмалку на сила за прв човек на полицијата. Михајло Маневски, сегашниот министер за правда и доскорешен шеф на антикорупциската комисија е истиот и од секогаш скромен човек.
Бев учесник и набљудувач на неговата кариера, кога дојде како маргиналец кој им завидува на сите, оптоварен со тоа зошто другите имале а тој не, и направи се што можеше на крајот сите да немаат ништо, а тој да има се. Од точакот со кој се довезе во МВР, видете го сега, џипови, куќа на Водно, станови, викендички... Јас не се ставам во одбрана на Маневски и Трајанов, оти е непотребно да ги бранам тие чесни луѓе. Но нападите против нив, кои ги познавам со децении, ми беа повод да проговорам за плукањата на Фрчко, кој е татко на организираниот криминал во државава, без оглед дали се работи за фри шопови, јавни набавки без тендери како со пасошите кои ги работеше со ЗУС, или злоупотреба на кеш девизи од спец фондовите во МВР.
Од кога го познавате Фрчковски?
Го запознав во 1991 години. Тогаш, јас и моите соработници, по буквално молење од страна на Лазе Китановски, го презедовме обезбедувањето на СДСМ. Со Фрчко имавме чести средби од тогаш, повеќе од 300 за 3 години.
Што се случуваше со Фрчковски на почетокот?
Изгубен. Помнам кога го назначија за министер, беше четврток или петок, дојде во ресторанот "Златна вилушкаè. Таму седевме јас, Бранко Црвенковски и уште неколкумина други. Инаку, јас во тоа време играв фудбал во "Сообраќајнаè, па му велам на Фрчко: "Ајде сега доаѓај со нас и ти малку да се зајакнеш физичкиè. Тој ми возврати: "Ќе смеам ли и јас таму да играм?è. Сакам да кажам, не беше свесен три месеци дека е назначен за министер.
Дури тогаш доби возачка дозвола и тоа без да полага. Се радуваше како мало дете. Една недела не ја тргаше од неговото биро. Му ја даде Слободан Богоевски и тоа со криење од Павле Трајанов..
Споменавте 300 средби. Има ли некоја особена?
- Во 1992 година отворија кафеана "Скопски меракè, со добра чорба. Бранко Црвенковски ми кажа дека Фрчко ќе одел таму на некој средба, па ми рече да отидам и јас. Се договорив со Фрчко, и бидна.
Го чекавме кај Жена парк јас, неговиот возач Диме, Славчо Саздов, тогашен помошник-министер за финансии и Јован Милевски, мој долгогодишен пријател, професор на Факултетот за безбедност. По долго чекање, дојде Фрчко со влажна коса, се пофали идел од швалерај, и конечно заминавме во кафеаната. Таму дојдоа и неговите најблиски соработници од МВР, Мите Апостоловски, Добри Величковски, Слободан Богоевски, Станој Богоев и Павле Трајанов. Само што седнавме, веднаш соработниците почнаа да му предлагаат "бизнисиè. Понуди за панцири, куршуми, лисици и што уште не за соодветен профит. Единствено Павле Трајанов само си молчеше. Кога виде со кого си има работа, стана и си замина.
По кратко време, откога сфатив дека сме во бизнис-елитата на МВР, станавме и јас и Јован Милевски и си заминавме. Му се јавив вечерта на Бранко Црвенковски, и му кажувам што беше средбата. Тој само рече: "Што се впушта во такви игри Фрчко по кафеани, кога може да си одржи колегиум на работаè.
Велите дека се занимавал со криминал?
- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолетè јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Димеè. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблемè.
Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?
- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Бекоè за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај сў е документирано, дури и во МВР.
Дали тие профити беа доволни за Фрчковски?
- Секако не. Работејќи ги фри-шоповите, дозна дека сў се врти околу шверцот на цигари, па се поврза со моќниот бос на трговијата со цигари - Данчо Шутурков, од Македонија табак. Шутурков не го познавав, но луѓе од обезбедувањето ми кажаа дека сакал да ме види мене и моите соработници. Се консултирав со Лазе Китановски, тогаш кадровик од СДСМ, кој инаку беше комшија со Шутурков да се распрашам за него. Откако ми кажаа дека е "наш, иако играл со ситеè, отидовме. Бевме јас, Чаволи, Горан Тајсон и уште двајца. Шутурков ми кажа дека сака да бидеме пријатели, и за возврат ми понуди 300.000 швајцарски франци да ни се најдат за лобирањето во негова полза. Ние парите не ги зедовме, а за средбта, се разбира, му кажавме и на тогашниот премиер и партиски шеф - Бранко Црвенковски, оти не сакавме да работиме зад грб ништо. Црвенковски се заблагодари за информацијата, но беше лут на Шутурков.
Додека бевме кај Шутурков, неговиот директор Сашо Неловски неколку пати ме праша како да им изградам добри контакти и релации со министерот Фрчковски. Тогаш разбрав дека Нелковски бил член на ЦО на СДСМ, помислив дека го бара нешто за партијата, па му реков барај го Црвенковски, што ќе ти е Фрчко. После тоа, по свои канали, успеал да дојде до Фрчко и веднаш да го вклучи во бизнисот со цигари. Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив. Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голфè ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски.
Го споменавте брат му Влатко. Која беше неговата улога?
- Му беше оперативец на Фрчко. Помнам еднаш бевме во неговиот кабинет, кога му јавија дека два камиони со моторно масло заглавиле во царината во Крива Паланка. Фрчко веднаш му се јави на Влатко да оди таму и да ги земе камионите. Во меѓувреме, го натера Томче Николовски, тогашен началник на НТШ, да се јави во паланечката царина и да нареди да ги пушти камионите. По еден месец разбравме дека ги зеле Влатко и Добри Величковски, но што се случи со нив, не знам.
Зошто овие работи не сте ги кажале пред јавен обвинител?
- Се обидов. Повеќе пати информациите за неговиот криминал ги давав до неколку обвинители и шефови на сектори во МВР. Откако немаше резултат во 1998 се обидов со јавен настап на СИТЕЛ Телевизија дел до тоа да обелоденам. Наместо акција за истрага, се случи притисок врз мене и Телевизијата. Во една прилика се видов со тогашниот јавен обвинител Стеван Павлевски во ресторанот "Три Бисериè. Му велам: "Дај видете човеков нема веќе исавè. Тој само ми врати: "Седи бе Роли, знаеш ли кој е Фрчко. Каков Бранко, каков Кироè. Подоцна, пак, имаше среќа што Ставре Џиков дојде за обвинител. Инаку, со толку кривични пријави ќе беше осуден барем на 10 години. Џиков го нарекува "мојот почитуван колегаè. Како може тој криминалец да биде почитуван. Дури и сега да се отвори истрага, да му се прочепка за тоа време, јас тврдам дека тој повторно ќе оди во затвор.
Затоа, по најавата дека Павле Трајанов бара формирање Агенција за борба против корупција што ќе следи криминал 15 години наназад, Фрчковски е исплашен и ги напаѓа Трајанов и Михајло Маневски. Трајанов, а и Маневски кој потоа работеше во обвинителството, знаат што сў работеше Фрчковски, знаат за добар дел од организираниот криминал во деведесеттите, им треба само законско овластување и јавна поддршка за да успеат. Јас, искрено, се надевам дека ќе добијат поддршка. Како граѓанин кој во определен неколкугодишен период бил сведок на тој криминал, сакам да имам сатисфакција.
 
Во мојата зграда има стан. Ама не го знаев како таков...
Има хациенда од 300.000 евра до Германска амбасада и две бензински пумпи на автопат.

А што друго лошо се збори за него?
Се изненадив со ова...
Кои бензински се негови?
 
Текстов за Фрч е пишуван у време кога дпне дојде на власт. Тоа што маневски го напраи за фамилијата од тогаш до сега, фрчко може вода да му носи.
А тој што има потенцијал да праи такви работи у свои 70-ти години од животот, не ми се веруе дека баш бил часна сестра до тогаш.
Инаку, се согласувам дека фрч е криминалец, нема збор за тоа.
 
Ромео Живиќ и Нечко имале проблеми уште поодамна. Нечко бил ептен јак човек, еднаш се напил ептен и си пошол накај дома. Кај болницата случајно бил Ромео со неколку негови луѓе и го нападнале. Некој го удрил со оноа катанец на синџир што е прикачен и го претепале ептен. Едвај спасил жива глава. Ова ми го рекоа постарите колку е вистина не знам.
 
IMG_20180929_012628.png
Галери е кафичот на Командант Коки...[DOUBLEPOST=1538178067][/DOUBLEPOST]IMG_20180929_013835.png
Прерано е за повеќе информации пред неполн саат е убиството...
 
Последно уредено:
https://lider.com.mk/hronika/foto-n...kopje-trojcata-ubieni-bile-vo-ovoj-avtomobil/
Неофицијално, убиен е Наим Ајети брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.

Добро сум претпоставил, уште кога видов "брат на познат лихвар, убиен пред неколку години" јасно беше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom