Летно сметање на времето (Daylight Saving)

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш дека во ГТМ+3 се Јемен, Катар, Бахреин, Ирак? Значи светското ќе си го гледаме во исто време како во Катар. А британците си го имаат ГМТ кое им е како заштитен знак, па не верувам дека ќе преминат на ГМТ+1, пошто пладне наместо во 12 ќе им дојде во 13 часот. Ако вака гледаш цел свет треба да се помести една зона по напред. А ако Америте останат на Стандардно време разликата меѓу Европа и ЕСТ ќе биде 7 или 8 часа.
 
Ако гледаме по пладне да, тогаш Британија треба цела година да биде на ГМТ+0, Ама тогаш и МК треба цела година да биде на ГМТ+2, пошто безпотребно се враќаме на ГМТ+1 во октомври. Има ли логика , пладнето во декември е во 11:30, а по правило треба да биде во 12:30, пошто ние сме 1h30 min источно од гринич.

Инаку за тоа +3.
Ќе ја земеме за пример Белорусија којашто исто така го укина сезонското мењавање и остана трајно на ГМТ+3
Па еве во Минск на 22 Декември денот почнува во 9:26, a завршува во 16:50. Нели е малце касно тоа ? Значи временски треба да почнува во 8:26 ,a да завршува во 15:50 и пладнето наместо во 13:01 да биде во 12:01 ?
 
Ти најарно да си го направиш саатот како што ти одговара.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Абе Европа гадно ќе се заебе ако одлучи да нема сезонско сменување на времето од другата година. 50% од државите ке си сменат часовна зона.За нас е сеедно.Ние ке сме на +2.Нека му ја мислат тие што се +2 а се поназапад од нас, и тие шо се +3 а се малце поисточно од нас.Ние сме таман.
 
Последно уредено:
Зошто најбитна ствар кога се носи политичка одлука е кога е пладне и во колку саат ќе се стемнува. Никој нема да земе во предвид како најмногу им одговара на бизнисот.
 
Абе Европа гадно ќе се заебе ако одлучи да нема сезонско сменување на времето од другата година. 50% од државите ке си сменат часовна зона.За нас е сеедно.Ние ке сме на +2.Нека му ја мислат тие што се +2 а се поназапад од нас, и тие шо се +3 а се малце поисточно од нас.Ние сме таман.
GMT+1 е до 22°30′ E што ја опфаќа скоро цела Македонија, освен мал дел од истокот кај Струмица, кој потпаѓа под Бугарија односно ГМТ+2, е сега кој одлучил така, да биде пладне кај Гринич и слично тоа е друга тема, инаку првобитно требало Парискиот меридиан да биде примарен, па Франција апстинирала од гласањето.
 
Некогаш временските зони имаат политичка и економска логика. Ако трговските и сите други врски ти се таа зона, нормално дека ќе фаќаш натаму.
Кој ги ебел Румунија и Бугарија у комунизмот...затворени држави у кои нема шо да бараш. Па и Грција која копучаана беше до 80-ти (не дека сега е нешто).
Нашата територија е целосно во зонава во која сме, според меридијанската провизорна поделба. Тоа што сме на источниот дел од истата и малку по на југ е таква околност.
 
Абе луѓе, џабе ке расправаме, ама за нас поарно
ќе беше да сме +3. Замислете во Бугарија од 5 месеца сонцето заоѓа после 20:00.Што не сме во реална зона, не сме. Ама еве ако се реши укинување на сезонска промена , тогаш за првпат во земјава зимоска ќе се стемнува после 17:00. Дека нема да се смени зоната нема, штом не се смени пред 6 год, нема ни сега.Еве видете и по сликата дали сме во точната зонаUntitleddssdds.png

Untitled.png

еве ви уште еден приказ како реално би требало да бидат зоните во европа
 
Последно уредено:
Врати се пред 100 години и кажи им како да ги поделат зоните, сите знаеме дека концептот на времето е политичка одлука, а политичка е одлуката 22°30′ E да биде граница на ГМТ+1, како што е политичка и економска одлуката за воведување на летно сметање на времето, пошто на некој не му се допаѓал моменталниот распоред на временските зони, и му се повеќе допаѓала временската зона на комшијата, реално гледано треба ГМТ+0/Зулу временската зона да биде поширока, и да ги опфаќа Шпанија, Франција, Холандија, Данска, Белгија, Норвешка пошто нема голема разлика од времето во Лондон со времето во Амстердам +20минути. Јасно ми е дека ти сакаш повеќе сонце како во Јемен па затоа ти е +3 многу попривлечна од +1, што е респектабилно.
 
Не ми е попривлечна туку другар ти не сфаќаш дека ние сме на ГМТ+2 7 месеца во годината, а лесно можеме да бидеме 12 месеца пошто во декевмри најкасно ке изгрева во 8:00 , a ќе се разденува во 7:45, a не во 6:45 како сега, ама ќе бидне и тоа другата година ако европа реши
Мапата јасно си кажува, бенелукс,Франција,Шпанија,пола Норвешка се во ГМТ+1, а користат иста зона како нас цела година. И што холанѓаните и шпанците се попаметни што таму денот завршува во 22ч Летоска ?Не било можно кај нас тоа ? Или оправдание е "доцното" разденување зимоска или "бизнисите" со западна Европа?

Истото е и со Србија,Унгарија,Словачка и Полска. И тие треба зимоска да се +2, а летоска +3. Или целогодишно +2. Безпотребно е ова ГМТ+1 што го имаме од Ноеври до Март. Барем тука во државава. Иначе целта на сезонската промена е што покасно да се разденува летоска и да има +1h светлина попладнето, што во западна европа е најефикасно искористено. Само во нашево државиче џабе сезонска промена кога уште во 20:10 се стемнува, а не после 21:00 како на запад и северозапад
И што Јемен во зимо се разденува во 6:26, се стемнува во 17:39, a може да се 1 час понапред, па и 2

Уште еднаш види ја сликата, со должина на денот со посакуваната ГМТ+1 види...
Untitleddssdds.png
 
Последно уредено:
Еве ти изгрејсонце/зајдисонце во декември за Њујорк, Чикаго и за Скопје, види кога заоѓа Сонцето, во 16 часот на 22 декември. Не знам зошто си запнал да заоѓа во 18 и 21часот кога тоа е неприродно за нашата местоположба. Намерно ти постирав за САД пошто они имаат колку толку нормални временски зони во споредба со ЕУ и ГМТ.
https://www.timeanddate.com/sun/usa/new-york?month=12&year=2018
https://www.timeanddate.com/sun/usa/chicago?month=12&year=2018
https://www.timeanddate.com/sun/republic-of-macedonia/skopje?month=12&year=2018
 
Да во Њујорк пладнето на 22 Декември е во 11:59, а овде е во 11:31. Таму сонцето заоѓа во 16:32 и плус Њујорк се наоѓа во поисточниот дел од таа часовна зона, оди види Детроит кој што се наоѓа во истата часовна зона зимно време заоѓа во 17:03 , Торонто што е посеверно заоѓа во 16:44, a во лето во Детроит во 21:12, Торонто 21:03 , Њујорк 20:32.
И плус могуче ли е во Мајами што е на 26 Степени географска ширина да заоѓа во 20:15 , исто како во МК, иако МК е 16 степени посеверно ?
Еве што вика еден србин
"Podne treba da bude sredina dana. Kod zimi nas to nije. Znaci ako mrak 22.12 pada oko 15:30, kad bi podne bilo sredina dnevice, onda bi sunce trebalo da izlazi u pola 9 ujutro. A ono izlazi oko pola 7. Tako ispada da je kod nas podne pri zimskom racunanju vremena u 11 ujutro. Mi smo na granici vremenske zone. Grcka je pomerena jedan sat od CET, a Srbija ima teritoriju koja je tek za par kilometara zapadnije od grckog ostrva Otano u Jonskom moru. Po meni, Srbija i Makedonija zajedno treba da predju u istocniju vremensku zonu koju keriste Rumunija, Bugarska i Grcka."
Тој што поставувал меридијан да си јаде к*рот. Логички пладнето не треба да биде пред 12:00 или после 13:00 во никој случај, освен ако положбата на најзападните и најисточните точки е на таква позиција да пладнето мора да биде пред 12 или после 13.
За пример, Барселона пладнето е во 13:50, a во реалност треба да е во 11:50 бидејќи Барселона е на таква позиција, а Мадрид е нормално и таму пладнето е во 14:15, a а треба да биде 12:15, a Виго е пладне во 14:33 , а треба во 12:33.
Значи DST се користи за да има повеќе светлина лето, така да ако пладнето во лето е во 13:30 e сосема нормално, но не и во 14:33 Виго ,14:15 Мадрид и 13:50 како во Барселона.Значи кај нас за џабе досега со години се разденува во 4:30, a се стемнува во 20:30, a уште полошо во зимо, се разденува уште во 6:45 , a се стемнува во 16:15, a во нормални услови, на географска ширина како нашава пред 7:30 не треба да се разденува во никој случај.Истата грешка ја имаат и Србија,Унгарија и Полска, којшто напролет слободно можат да користат ГМТ+3, а на зимо ГМТ+2 без проблем.
Но муабетот е дека Јункер сакал да се прекине сезонската промена на времето од Октомври 2019 и веќе е потврдено и ако се усвои, ти објасни што тогаш ќе се случи со западна европа, пошто таму сакале цела година на GMT+2 ? Значи секаде на запад и северозапад ќе се разденува после 9:00? И за кој кур е воопшто воведено "Летното" Сметање ако сега веќе планираат да го поништат?
 
Последно уредено:
Една мала шега со временските зони во Европа. :pos:
sdsddsdsds.png[DOUBLEPOST=1538381803][/DOUBLEPOST]За оние што мислат дека вистинската временска зона во Mакедонија е CET/UTC/GMT +1
Untitleddsdsdsdsds.png
Со CEST/UTC/GMT +2Untitledsdsadsdsadsaдддд.png Заклучок: Со ГМТ+1, во Македонија ќе има прерано разденување и недоволно сончева светлина во попладневните часови во текот на целата година.

Краен заклучо: Идната година ако се одлучи да се поништи сезонска промена на времето ,Македонија најпаметно ке постапи ако си остане на ГМТ+2 и да не ја прави истата грешка што била пред 30-тина години.
Со ова се затвора дискусијата на тема за зоната во МК.
 
Последно уредено:
И сега што е конечно одлучено?
Ќе го имаме скокот овој месец?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom