... секоја ваква препорака да не речам констатација не може да биде валидна и да ја земаш здраво за готово само затоа што тоа го кажа кардиолог? секое вакво предвидување со совет во сегашноста можна делимично само и само со моментално докажани соодветни испитувања каде тој кардиолог ќе утврди дека се можни некои здравствени проблеми предизвикани од некои срцеви или кардиоваскуларни пореметувања кои тој ги согледал од сите направени соодветни испитувања СЕГА (па дури и сега не може со сигурност тоа да го потврди) ...
...пецкањето во градите како и пецкање на лева страна не укажува на проблем со срцето, тоа е од друга природа ...прв знак ...да се рече...гушење ...немање воздух и омалаксаност со неможност 3,4 чекори да се направат од замор...тогаш ДА, ќе препоставиме дека нешто се случува со „пумпата“ - срцето на телото!
...инаку помислата на болести за кои не се присутни и страв од умирање од истите (хипохондер) е лоша работа за самото здраво тело како што е твоето, едноставно „го мачиш“ со лоши негативни мисли за твоето здравје, највероватно здобиено претежно од околината која често денес веднаш се пренесува ...„ ништо не му беше, здрав прав, ама не се разбудил ... или во таа насока коментари за некој кој починал, а посебно ако бил млад.... денес повеќето луѓе своите вродени па и стекнати болести ги кријат, па и на своите деца, можеби ете да не се оговараат, да можат да се омажат/оженат односно и родителите често криејќи ги своите болести за да не испадне дека ете и децата ќе ја имаат наследено таквата болест, па не ќе ги омажат/оженат „успешно“...
... мене нешто ми се смееле онака форумски нашироко за совет со „влошки со јогурт“ како алтернатива за смирување на чешањето и црвенило како еден од најнепријатен момент од кандида, посебно ако не сме дома и немаме услови за купување соодветни лекови, а каде сега влошка да биде инпрегнирана со разно разни „чаеви“ не помалку ни повеќе туку 38 билки за 24 ч носење
(како ги „сместија толку“ во таков мал простор во влошката која концентрација за да биде толку делотворна?) ...
како и да е, влошката не би требало да наштети (доколку би навеле кои се тие билки, нели, за да ја знаеме нивната делотворност) доколку се има некоја вагинална инфекција од тип на габична инфекција па и бактериска уролошка инфекција слично како промивка вагинално со оладен чај од камилица или кантарион нели? но да се нуди примена на овие влошки за све и свешто со што се справува понежниот пол од тип на главоболки, хормонални пореметувања, цисти, стерилитет, подобрување на циркулацијата на крвта -нема смисла
, па кога ќе се додаде цената на една влошка од 162 ден јасен е комерцијалниот ефект!
... најчесто хемороиди сместени внатре во ректумот(внатрешни хемороиди) најчесто се безболни за разлика од надворешните хемороиди кои се тие што предизвикуваат разно разни непријатности и болка...итн..
причината можеби е хронична тврда столица, долго време поминато во седечка положба или напрегање при празнење на цревата при што по извесен период „пречат“ при нормалниот проток и проширување на вената што всушност преставува хемороид кој знае „да пука“ и да се појави крв како објасни ти самиот...
... промена во исхрана, подобрување на столицата, пешачење и лесно вежбање да би се „размрда“ дебелото црево како и примена на чепчиња (супозитории), и малку топла када како ти препорачале погоре само и само ако имаш иритација и слаба болка на анусот, би го средиле твојот проблем !
... еве комбинација која е токму соодветна и за „крвавите“ хемороиди за брзо санирање на ткивото, а со подолга примена поради несодржина на кортикостероиди за разлика од другите !
...ти го измерија крвниот притисок ?
што ако имало тровање (било од храна или алкохол)? а давање лек- Реглан како антиеметик (против повраќање) без да се знае со сигурност причината за настанатата состојба? и да се „острани“ природниот да речам рефлекс на телото -повраќање поради присуство на токсини кои телото сака да ги исфрли, а Регланот го сопира тој рефлекс и не дава да се поврати???
леле...