Aah, the black pills of Joe Dalton. Вака може да ја прекрстиме темава.
Веќе има над 6000 страници, и со исклучот на меѓусебните навреди и пцовки, се` едно та исто е муабетот. Ние не заслужуваме држава, за ништо не не` бива, немаме капацитет за ова, не го можеме она... Па тоа е апсолвирано милион пати досега и крајно непродуктивно и демотивирачки е да се вртиме во истиот круг на анализи.
Човек од 200 кила нема да ослаби ако продолжи да кука како самиот се довел во оваа ситуација дури гнете сендвичи (no pun intended). Не се претопувајте во народот. Вие сте сите тука индивидуи, со свој ум (повеќето
), свој круг на влијание и најважно, со свој глас. Ова е доволно да направите свој учинок.
Една од реформите на изборниот систем што е итно потребна е забрана на предизборните коалиции. Тоа ќе биде смртта на крлежите од типот на Лиле ДОМ, Павле Трајанов, Тито Петковски и сите други вампири кои од кога знаеме за себе се пратеници. Но покрај нив, на секои парламентарни избори излегуваат уште 20-тина политички субјекти, повеќето несериозни, но лесно можат да им пораснат апетитите, нема поголем мотив од гласот. Од Пржино досега два пати се актуелизираа промени во изборниот систем. Секако, големите единствено се договараа да нема промени на лидерските средби, но што ако се става ова прашање почесто на маса? Во Хрватска неодамна започна граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување референдум за промена на изборниот систем. Не следам до толку, еве
@Ireal нека каже до каде е работата
но зборот ми е дека постои начин.