Кајгана психолог

Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Ми треба разговор, мислење од повозрасно лице, може и родител.

Не сакам да го пишувам проблемот јавно од свои причини па би сакала некој да ми се обрати во лична порака.:pipi:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ми треба разговор, мислење од повозрасно лице, може и родител.

Не сакам да го пишувам проблемот јавно од свои причини па би сакала некој да ми се обрати во лична порака.:pipi:
Зошто не пишеш барем водед во проблемот? Форум е и анонимноста ти е загарантирана, башка и слабо кој ја чита оваа тема. Повеќето се фокусирани на темите поврзани со спорт (фудбал поконтретно), религија и политика.

Ако ти треба разговор секако, но колку ќе биде полезен не знам. Советот е многу побитен кога доаѓа од личноста која ја познаваш и ти значи. Вака секој може да ти даде насока што е можно проблемот да ти го задлабочи. :)
 
D

dobramuzika

Гостин
за социјалните мрежи, зошто секогаш се враќам на фб иако го деактивирам и викам дека никогаш повеќе нема да се вратам? што е тоа што ги тера луѓето да се враќаат на фб?
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
за социјалните мрежи, зошто секогаш се враќам на фб иако го деактивирам и викам дека никогаш повеќе нема да се вратам? што е тоа што ги тера луѓето да се враќаат на фб?
ekstremno slab, nesozrean karakter
 
И

Име И Презиме

Гостин
за социјалните мрежи, зошто секогаш се враќам на фб иако го деактивирам и викам дека никогаш повеќе нема да се вратам? што е тоа што ги тера луѓето да се враќаат на фб?
Ги бришеш сите слики, па сите пријатели и деактивираш .И нема назад ! Проверено и функционира (кај мене ) . Навиката се губи полека, ке си најдеш друга занимација. Ако ти фали за флертување е друга работа .
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
за социјалните мрежи, зошто секогаш се враќам на фб иако го деактивирам и викам дека никогаш повеќе нема да се вратам? што е тоа што ги тера луѓето да се враќаат на фб?
Стравот да не се биде дел од трендот? Фб ти е тренд кој што полека изумира, младите гледам повеќе се префрлаат кон инстаграм, и тоа е некој вид на тренд, претпоставувам.
Во природата на луѓето е да се споредуваат со другите а социјалните мрежи ти ја нудат таа можност од удобството на сопствениот дом. Од тука произлегуваат сите несигурности и потребата да се биде актуелен. Парадоксално но активноста на фб се поима кај многумина како доказ дека имаш социјален живот со тоа што објавуваш слики од рандом места каде што си бил. Не одиш за тебе туку за другите. Ако не ставиш слика од одреден настан на кој што си бил тоа ти е исто ако да не си бил.
Зависноста од лајкови ти е слична како и било која друга зависност. Секој лајк во твојата подсвест лачи допамин, хормон на задоволство кој што те прави зависен. Те прави зависен од потребата да добиваш виртуелна потврда од другите дека си на вистинскиот пат во животот, дека добиваш одобрување од средината за твоите животни постапки и одлуки. Бројот на лајкови се претвори во мерило за успех за многумина. ФБ е реклама за твоето его, а лајковите и коментарите виртуелна храна која што го храни и ги потиснува твоите несигурности. Се разбира се тоа не е реално. Мислиш дека сите го живеат животот на Ден Билзеријан? Тоа ти е оптичка варка, фатаморгана која што нивното виртуелно алтер его ти ја приредува. Нормален човек е оној кој што има несигурности а активноста на социјалните мрежи е виртуелниот простор каде што 1 милијарда корисници се обидуваат да ги излечат.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
за социјалните мрежи, зошто секогаш се враќам на фб иако го деактивирам и викам дека никогаш повеќе нема да се вратам? што е тоа што ги тера луѓето да се враќаат на фб?
Неколку причини би рекол.
Некои се твои, некои се од надворешниот свет.
Меѓу твоите причини спаѓа стравот дека ќе пропуштиш нешто (fear of missing out). На пример, ако немам фб, нема да можам да ја следам целата таа содржина која се споделува на социјалните мрежи. Имај предвид дека целата таа содржина е најчесто со многу мала интелектуална и забавна вредност, па тоа што го пропушташ се слики по бикини и постови од владини и анти-владини плакатолепачи.
Друга твоја причина би било тоа што мислиш дека фб е платформа за дејтање. Што и не е далеку од вистината, имајќи во предвид дека многу врски постојат од интернет. Ама доколку не си на фб, ќе можеш да имаш убава врска со некого која нема да мора да биде на интернет и дополнително ќе имаш подобри социјални вештини.

Како силна надворешна причина веројатно се издвојува зависноста која ја прикажуваат алгоритмите на фб. Моќта која ја има платформа која ти го крои искуството според твоите потреби и преференци.
Друга силна надворешна причина е тоа што фб ти е на дофат цело време. Чекаш ред во банка - фб, чекаш ред во кладилница - фб, се возиш во автобус - фб. И после тоа ќе се најдеш во ситуација во која е навистина потребно да го задржиш вниманието и нема да можеш. Бидејќи досадата е дел од искуството, а таквото искуство го имаш тргнато, па при најмало чувство на досада поради битна комплексна задача ќе побараш тешење во фб.

Еден од начините да се решиш од социјална мрежа, а социјална мрежа може да биде сериозен проблем, е да останеш без паметен телефон, поради што ќе немаш пристап до интернет надвор од домот и да останеш некое време само на Месинџер. Или воопшто само таму да останеш, бидејќи тоа ќе ти ја задоволи потребата од фб како платформа за дејтање и ќе ти го реши стравот од пропуштање, но нема да зависиш од алгоритмите кои ти прикажуваат содржина која совршено е прилагодена на твоите преференци.
 
Член од
25 август 2014
Мислења
144
Поени од реакции
225
Ајде де амбициозен а седиш дома и си затворен ? Кој вели дека нема или неможе да се заработува добро и кај нас ? Реално ако си таака аамбициозен и квалитетен немаше да седиш и ништо да не правиш. Јас батка почнав со ништо 1500 денари месецот земав (додека студирав) ама ми беше платено превоз и храна . Дипломирав работев за 8800 не лежев и не чекав од моите битно. Оставив си најдов поплатена работа 15000 солидно така ? Продолжив се борев си најдов и подобра и полесна работа што е уште поплатена. Е тоа е амбиција дечко . Инаку сите ај ќе кукаме нема , малку е , ај да си заминеме или незнам што оти амбициозните едвај ги чекаат каде било надвор од Македонија.
Не знам дали ова го пишуваш со доза на цинизам кон оние мамини/татини синчиња. Нејсе...
Проблемот кај тебе се содржи во тоа што имаш преголеми очекувања во оноа што си го постигнал досега со некаков труд. И сметаш дека целиот тек на животот тера праволиниски, вклучувајќи и собирање на плодовите на трудот. Никаде во светот не е тоа така, така и тука во нашава земја. Не дека сега ја бранам нешто, далеку од тоа.
Ти да имаш амбиции како што досега го имаш постигнато оноа што го кажуваш, немаше да жалиш по Македонијава туку пошто-пото ќе ги спакуваше куферите и ќе заминеше.
Зошто не навлезеш подлабоко во „проблемот“ и не пробаш да заминеш па макар и сезонски да работиш некаде за почеток. Пошо нели, веќе имаш искуство за тоа.
Амбициите ти се уништени тебе, делумно поради сликата на нашево општество, но голем дел и по сопствена вина. Секогаш постои избор во животот. Само треба да се има воља. Ако ја немаш, секогаш вината ќе ја бараш кај друг.
Сакав да се навратам на овие два одговори, кои ги добив кога побарав помош или утеха на анонимен форум, никој не ме охрабри туку напротив ми кажаа да се соочам со реалноста И не немам намера да се карам или фалам, туку само да охрабрам, сите оние кои се чувствуваат безнадежно во еден или друг момент, да веруваат во себе и да се борат за она што го сакаат. Бидејќи соништата се остваруваат.
Точно пред околу година дена, бев безнадежна за мојата иднина во Македонија, загрижена и на работ на депресија.
Денес заврашувам магистратура на еден од топ 10 универзитети во Британија и топ 50 во светот.
Поздрав, верувајте во себе и не се откажувајте.
Нека не ве убедуваат дека не сте родени за нешто, кога вие знаете дека сте.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.136
Многу сум депре у последно време не знам што ми е, така се чувствувам, поттиснати чувства имам а вака ако гледам објективно на работите најдобар период у живот ми е у материјална смисла и генерално на многу полиња сум средена освен на социјални релации тоа не го ни сметам за проблем барем јас лично како проблем не го сфаќам затоа што функционирам и ваква асоцијална каква што сум е сега од друга перспектива може испаѓа дека тоа е проблемот што вака у себе се чувствувам безволно, тажно, незадоволно...итн. (n)
Ми треба мислење, совет..не знам што да правам баш интензивни непријатни чувства се, како депресија личи да е:(
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215

треба само да си веруваш на себе т.е. да слушаш што ти кажува интуицијата... ако е време кога депре ти иди само од себе тогаш не оди со инает, прифати го и гледај да не ја одржуваш таквата ситуација како перманентна.
лекарства, алкохол или не знам што не ти е решение за ситуацијата.

тоа што велиш дека ти е најдобар период во материјална смисла прашање е дали парите ги остваруваш од работа што те исполнува или гледаш само пари како пари да ги имаш пошто нели требаат и реално капиталистичкиот свет во кој сите се обидуваме да функционираме на некој начин си бара финансиски средства, особено ако сакаме барем малку пристоен и лагоден живот.

според мене, незадоволна може да си ако немаш вистински пријатели (макар и еден два да бидат) или ако немаш посериозна врска, а годините си одминуваат (кај женските тоа е проблем бидејки некој од нив сакаат да размислуваат за семејство)... во друга околност не би требало да си незадоволна иако социјалниот живот не е на ниво или посакувано ниво.

во времето во кое живееме имаме прилика да запознаеме многу луѓе, динамично е... дали во друштво, дали на работа или било каде секој ден запознаваме луѓе. работата е да ги прифатиме такви какви што се и да не ни прави терет дали истите заминуваат или остануваат во животот. денес секој секого може да изненади и во позитивна и во негативна смисла, кога станува збор за познанства и другарства.

така да, ако ти фали интеракција со др луѓе барем скопје (мислам дека најверојатно таму живееш) нуди повеќе можности за да запознаваш рандом чоечиња...
свирки, концерти, театарски претстави, разно разни поетски читања, клубови на читатели, спортување, возење точак, било која друга спортска активност или пак членување во некој друг клуб (од било која област) може да ти донесе нови и интересни познанства.

со среќа и не се затворај дома на подолг период.
доаѓа зима... супер период за развивање депресија, така да, имај го тоа во предвид.
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Многу сум депре у последно време не знам што ми е, така се чувствувам, поттиснати чувства имам а вака ако гледам објективно на работите најдобар период у живот ми е у материјална смисла и генерално на многу полиња сум средена освен на социјални релации тоа не го ни сметам за проблем барем јас лично како проблем не го сфаќам затоа што функционирам и ваква асоцијална каква што сум е сега од друга перспектива може испаѓа дека тоа е проблемот што вака у себе се чувствувам безволно, тажно, незадоволно...итн. (n)
Ми треба мислење, совет..не знам што да правам баш интензивни непријатни чувства се, како депресија личи да е:(
Slicna situacija sum i jas, no problemot e toa sto e relativno, ke me fati period od 4 dena epten uzasno u smisla se osekam loso vnatresno neznam kako da opisam, no koga sum na rabota, primer imam 6 dena rabota i nekako preokupiran i ne mislam na nisto osven rabotata, i zatoa vo posledno vreme zimam ekstra denovi saatovi pa nekako si mislam deka mi e win win situacija, em okupiran em finansii.
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421
Zatoa e receno: "Dzabe raboti, dzabe ne sedi."
"Nezaposleni um je Dzavolja radionica."
Абе да ама незнам, дали оти во странство сум плус некако брзо се одлучив на тој чекор па сеуште се привикнувам, дали дека сум осамен немам некој свој круг овде па затоа е, шознам.. а знам дека овде така функционира општеството ретко некој да има потесен круг, обично се е пријателска база

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Абе да ама незнам, дали оти во странство сум плус некако брзо се одлучив на тој чекор па сеуште се привикнувам, дали дека сум осамен немам некој свој круг овде па затоа е, шознам.. а знам дека овде така функционира општеството ретко некој да има потесен круг, обично се е пријателска база

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
Epa sigurno e toa - osamenosta, koa nema so koj da se druzes normalno deka nema da se osekas dobro.
Zatoa e dobro covek da bide sho poveke okupiran so aktivnosti za da ne go bie osamenosta. Retko koj ja podnesuva osamenosta.
 
B

Bafra

Гостин
Абе да ама незнам, дали оти во странство сум плус некако брзо се одлучив на тој чекор па сеуште се привикнувам, дали дека сум осамен немам некој свој круг овде па затоа е, шознам.. а знам дека овде така функционира општеството ретко некој да има потесен круг, обично се е пријателска база

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
Совет мал: запиши се на некој спорт, фитнес центар, теретана, кошарка, спа центри, било што каде што има народ. Ем физичката активност подобро ќе ти влијае, ем голема е шансата дека ќе се спријателиш, нормално тоа зависи од твоите способности за социјализација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom