Немам обичај да линкувам видеа од дебати и расправи, ама ова што вечерва и го направи Апасиев на тетка Цаца многу ме израдува. Нејќам, исто, и да користам јутјуб речник, ама ја прегази, сол ја напраи, ја уништи, ја демолираше.
Ме радува оти ми го зацврстува заклучокот дека сепак постои некоја "нова интелектуална струја", необременета од тоа поданичко однесување и сервилен пристап кон авторитетите на претходните генерации интелектуалци (претставени денес од МАНУ, Уставен...). Цаца е дел од таа, стара школа, од која дел се водат исклучиво од лични интереси и се корумпирани, а дел едноставно не можат да резонираат контра државата и нејзините органи. За нив државата е апсолутен морален и законодавен господар и секогаш е во право, па и во нивното аргументирање пропустите и недостатоците во одлуките на органите ги гледаат како дозволиви, до степен на дадена изјава = извор на право. Тоа е некој силен психолошки момент кај овие луѓе на кои (како и во конкретниов случај на Цаца) скоро ништо не им виси професионално на конец од некоја си влада, ама ете, научени се и навикнати на тој етатички пристап и тоа ќе се смени само кога ќе се променат и генерациите.