знам дека не го делиш, не ми е тоа муабетот. Ама мора да приметиме дека тоа што личеше на пуштена патка во текот на преговоите дека ќе иаме слеано име од тип на новомакедонци, северномакедонци и слично, што нели беше као од старт отфрлено, по се изгледа дека ќе ни е неминовно, ама на рати.
Па нормално бе брат, не може се' од еднаш да ти залепи у фаца, преголем ризик е зошто сепак постои можност да го сфатиш тоа и да кажеш „еј, не гласам“. Вака, ти кажува во блага форма дека ќе има некакви ситни промени за добрососедски односи и напредок бла бла бла... за која ќе дојде време, за 10-15 години, да се изгубиме.
Не се работи за настани од пред илјада години, од независноста до денес нешто повеќе од четврт век имаш Времена спогодба, Рамковен договор, Закон за територијална прераспределба и сега ова. И цело време ист шаблон на делување.
Од различни аспекти се делува синхронизирано за остварување на иста цел.
Мислам дека нема да биде Северомакедонски Парламент, пошто така ќе го изгубат „македонија“ во целост, повеќе ми делува дека ќе биде Парламент на Северна Македонија.[DOUBLEPOST=1537176162][/DOUBLEPOST]Исто е и за Армија, Претседател и што и да се наброја...
Трагедијате е шо северномакедонски парламент, северномакедонска филхармонија, северномакедонска академија на науки и уметности итн се сеуште институции на условно речено национална земја со во случајот редефинирана, новокомпонирана нација, замисли да биде државна академија на науки и уметности, државна филхармонија итн каде се губи во целост тој предзнак на една дури новокомпонирана нација...затоа шо тоа им пречи на нашите државотоворни автохтони сограѓани, кои во случајот се чувствуаат дискриминирани?! Па или ова или паралелни институции со чисто албански предзнак, змија или магаре изборот.
А во суштина тоа е само уште еден аспект на делување на оној кој им ги влече конците, повторно кон една иста цел а тоа е комплетно редефинирање на оваа територија.
Швајцарија на Балканите сите знаеме дека никогаш нема да бидеме, може да бидеме само некоја полоша варијанта на БиХ.