Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Хахах, зошто така размислуваш. Кога ќе ја ставиш на кантар работата, трошоците, егото, сфаќаш дека си дно на дното, како Џипси, Албанците, романците, пољаците и по некој заталкан не способен германец, што ќе те теши schau Mal Bruder, egal dass du bei McDonald's arbeitest, sonder du muss immer froh sein, го слушаш и си викаш овој или е луд или е на дрога, па друг ти вика Bruder wenn du alles best machts, dann kriegst du aufjedenfall Beförderung, danach du fragst er, wie will soll dieses Beförderung sein, und er antwortet zu dir, 100€, се насмевнуваш,се вртиш, трепнуваш два три пати и тераш даље со работа. Си одиш дома, си плачеш и си молиш Бога да си се вратиш во Недојдија.

P.s. Leute, es ist nicht immer das gleiche von außen wie es aussehen!!!' Schade.

Секако дека за се` има прв пат, па дури и за луѓе кои се вратиле од странство и одлучиле да останат во родните краеви.

Мој познаник од работа - велам познаник бидејќи многу малку се познаваме еден со друг, да не речам ич - има и македонско и хрватско државјанство - роден и израснат е` во Македонија, во Македонија живее повеќе од 40 години, а има хрватско државјанство бидејќи татко му е Хрват или мајка му е Хрватица, не помнам точно, но како и да е, типот има работено и низ Шведска и Норвешка, со хрватскиот пасош може да работи каде му душа сака низ државите членки на ЕУ, а сепак типот одлучил да се врати во Македонија и тука да бара работа.

Затоа велам: за се` има прв пат.
 
До кога со вакви приказни. во Европа ако одете да работите ќе бидете дно на дното. А во Македонија каде сте, на врвот?

Па, прилично високо котирам/е во општеството. А ако ти е животна сатисфакција да метеш улици низ запад, да пренесуваш мебел... исто ќе бидеш прљав како и тука, од јутра до сутра, пари едвам ќе ти стигаат и покрај тоа што на почеток, навидум, изгледаат многу. АМА затоа ќе бидеш прв кај тебе у село кога ќе кажеш кај живееш и работЕш (на твој дијалект).

ПС. Ти изгледа си од оние што спијат на уво дека во банка ќе работиш, директор некој, менаџер... Ама до таму има дупето турски пазар да ти стане.
 
Па, прилично високо котирам/е во општеството. А ако ти е животна сатисфакција да метеш улици низ запад, да пренесуваш мебел... исто ќе бидеш прљав како и тука, од јутра до сутра, пари едвам ќе ти стигаат и покрај тоа што на почеток, навидум, изгледаат многу. АМА затоа ќе бидеш прв кај тебе у село кога ќе кажеш кај живееш и работЕш (на твој дијалект).

ПС. Ти изгледа си од оние што спијат на уво дека во банка ќе работиш, директор некој, менаџер... Ама дупето турски пазар има да ти стане до таму.
ама затоа истите работи овде би ги работел и би бил високо во општеството?
 
Секако дека за се` има прв пат, па дури и за луѓе кои се вратиле од странство и одлучиле да останат во родните краеви.

Мој познаник од работа - велам познаник бидејќи многу малку се познаваме еден со друг, да не речам ич - има и македонско и хрватско државјанство - роден и израснат е` во Македонија, во Македонија живее повеќе од 40 години, а има хрватско државјанство бидејќи татко му е Хрват или мајка му е Хрватица, не помнам точно, но како и да е, типот има работено и низ Шведска и Норвешка, со хрватскиот пасош може да работи каде му душа сака низ државите членки на ЕУ, а сепак типот одлучил да се врати во Македонија и тука да бара работа.

Затоа велам: за се` има прв пат.

Нивните општества меѓу другото се јаки поради тоа што работниците(без разлика дали е доктор или келнер) се искористуваат до 100%. Нема како кај нас џаболебарење, па кафенце кога ќе ти прне итн. Секоја секунда се на штрек таму. Затоа има и случаи на депресија, па дури и самоубиства од преголем стрес на работното место(ова кај жолтите повеќе, но го има и на запад).
 
Западот на друг принцип работи нема емоции таму туку дали има некоја корист од тебе. Ако ти фаќа кликерот и му требаш, односно му носиш пари ќе те цени. Комшија мој 10 години работеше во Тесла им ги проектираше тие станиците за полнење на колите па направи пара и се врати да ужива. Друг братучед е доктор во Германија па сега на свадба во Мк му беа дојдени 5 колеги германци доктори. Финтата е што тие општества се високо автоматизирани и во иднина нема ни да има потреба од возачи на виљушкари, таксисти, камионџии, амали бидејќи се тоа ќе го работат роботи. Баш заприметив во еден Мекдоналдс во Германија пролетта не ни имаше послуга туку само терминали како големи ајпади од кои си нарачуваш. По касите има по еден касиер колку за луѓе што незнаат со картичка другите сами куцаат сами плаќаат. На аеродромите за нив нема ни луѓе туку поминуваат низ биометриски кабини и така си влегуваат во државата. Ако не си квалификуван тешко ќе ти е секаде.
 
ама затоа истите работи овде би ги работел и би бил високо во општеството?

Дете имаш ти 18 воопшто?! Знаеш дека се забранети форумите за малолетници без родителски надзор. Оди гледај си цртани на прва.

П'ошто европските земји таквите ко тебе ги чекаат, за да ги стават претседател на 3вропска комисија или на ЦБ.
 
Ќе нема контра-митинзи? Порано за секој протест имаше контра-протест, па ред е сега и контра-митинзи да имаме.

Има, има, во Штип е контра-маршот, ќе се изнајадат сендвичиња денес сите пијавици партиски
 
Дете имаш ти 18 воопшто?! Знаеш дека се забранети форумите за малолетници без родителски надзор. Оди гледај си цртани на прва.

П'ошто европските земји таквите ко тебе ги чекаат, за да ги стават претседател на 3вропска комисија или на ЦБ.
Така е, Европа не чини, Америка не чини, Австралија не чини, само Македонија чини.
Ако си партиски вработен, 500 евра без да мрдниш со прст, Македонија тогаш и стварно е најдобра земја на свет.
Ама ако треба да работиш тогаш подобро на друго место работи, по ќе ти го ценат трудот или остани тука за 200 евра рмбај.
 
Западот на друг принцип работи нема емоции таму туку дали има некоја корист од тебе. Ако ти фаќа кликерот и му требаш, односно му носиш пари ќе те цени. Комшија мој 10 години работеше во Тесла им ги проектираше тие станиците за полнење на колите па направи пара и се врати да ужива. Друг братучед е доктор во Германија па сега на свадба во Мк му беа дојдени 5 колеги германци доктори. Финтата е што тие општества се високо автоматизирани и во иднина нема ни да има потреба од возачи на виљушкари, таксисти, камионџии, амали бидејќи се тоа ќе го работат роботи. Баш заприметив во еден Мекдоналдс во Германија пролетта не ни имаше послуга туку само терминали како големи ајпади од кои си нарачуваш. По касите има по еден касиер колку за луѓе што незнаат со картичка другите сами куцаат сами плаќаат. На аеродромите за нив нема ни луѓе туку поминуваат низ биометриски кабини и така си влегуваат во државата. Ако не си квалификуван тешко ќе ти е секаде.
Да баш така е затоа гледам се намалуваат бројот на студенти кои одат од Македонија во Германија.Како и да е подобро да работам таму 3 месеци и да седам тука 9 него ли да работам овде 12 месеци.
 
Така е, Европа не чини, Америка не чини, Австралија не чини, само Македонија чини.

А ти уште си тука бе?!

Пс. Имаш и европски форуми. Не мора да си тупиш глава со овој.
 
Да баш така е затоа гледам се намалуваат бројот на студенти кои одат од Македонија во Германија.Како и да е подобро да работам таму 3 месеци и да седам тука 9 него ли да работам овде 12 месеци.
ти си мал да коментираш за такви работи, оди прво па после раскажувај како што.
 
Да баш така е затоа гледам се намалуваат бројот на студенти кои одат од Македонија во Германија.Како и да е подобро да работам таму 3 месеци и да седам тука 9 него ли да работам овде 12 месеци.

Така е прав си, затоа на 90% од студентите (повеќе студентките) извадени им се тироидни жлезди, пошто лесно е да се дреме и ништо да не се прави 9 месеци, па ќе дојде летото и ајде да го извадиме лебот за годината, па три месеци здравје ќе си земат ќе ринтаат 200%, ама тоа не се брои, се брои платата. 9€ бруто, а што ќе остане нето кој ти гледа..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom